ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg погл. 16 стр. 78-81
  • „Ќе дојдам со тебе“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Ќе дојдам со тебе“
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Копај подлабоко
  • Размислувај за поуките
  • Размислувај за поголемата слика
  • Дознај повеќе
  • Со Вера, Варак поразил една моќна војска
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Станав како мајка во Израел“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Нов водач и две храбри жени
    Поуки од Библијата
  • Две храбри жени
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg погл. 16 стр. 78-81

16 ВАРАК И ДЕВОРА

„Ќе дојдам со тебе!“

Печатено издание
Печатено издание

ВО ИЗРАЕЛ настапил мрачен период. Израелците се побуниле против Јехова. Токму како што предупредил, Јехова дозволил нивните непријатели постојано да ги угнетуваат и да ги напаѓаат. Тој ги предал во рацете на ханаанскиот цар, Јавин. Заповедник на неговата војска бил еден свиреп човек по име Сисара. Тој заповедал со една огромна војска која имала 900 бојни коли со железни сечила.

Војската на Сисара свирепо ги угнетувала Израелците 20 години. Се чини дека, кога ќе нападнеле некој град или некое место, тие имале обичај да ги заробуваат девојките и да ги силуваат. Поради овој ужасен терор, улиците биле пусти и селата празни. Повеќето Израелци немале оружје за да се заштитат.

Во тоа време, една храбра жена по име Девора, служела како пророчица на Јехова. Исто така, таа судела во тешки случаи кои се појавувале меѓу Јеховиниот народ. Преку Девора, Јехова му дал упатства на еден човек по име Варак, кого го избрал да биде судија и спасител на својот народ. Замисли си колку бил изненаден Варак кога Девора му рекла да собере војска од 10.000 мажи, и да се качат на планината Тавор! Јехова ветил дека ќе ги предаде во негови раце Сисара и неговата војска.

Дали Варак бил горд човек кој се налутил затоа што добил упатства од една жена? Напротив, тој рекол дека ќе оди на планината Тавор само ако Девора го придружува. Ова не значело дека му недостасува вера. Подоцна, кога пишувал за мажи и жени кои покажале голема вера, апостол Павле го спомнал и Варак (Евр. 11:1, 2, 32). Варак покажал дека има вера со тоа што побарал од Девора да оди со него и со неговите луѓе. Тој знаел дека таа служела како пророчица на Јехова. Затоа, сакал да биде покрај него за да му го дава потребното водство. Девора храбро се согласила да оди, и му рекла: „Ќе дојдам со тебе!“ Таа исто така му кажала на Варак дека, иако ќе ја добие битката, ниту еден маж, дури ни самиот тој, нема да го убие Сисара. Бог прорекол дека Сисара ќе биде убиен од една жена.

Варак веднаш си ги засукал ракавите. Собрал војска од 10.000 храбри мажи, вооружувајќи ги најдобро што може. Тој ги повел овие луѓе на врвот на планината Тавор. Оваа впечатлива планина, која наликувала на превртена чинија, била висока околу 562 метри. Од ова место можела убаво да се види језраелската долина. Оттаму, Девора, Варак и неговите луѓе ќе можеле да видат во далечината како Сисара и неговата војска со бојни коли доаѓаат кон нив.

Девора, Варак и неговата војска стојат на врвот на планината Тавор. Тие ги гледаат бојните коли на Сисара како доаѓаат кон нив.

Што направил Варак? Доколку би размислувал како еден воен заповедник, тој можеби би одлучил да чека Сисара со бојните коли да пристигне на падините на Тавор. Кога бојните коли ќе почнеле да се искачуваат нагоре, ќе станеле побавни. Така, за Варак и за неговата војска ќе било полесно да се борат против Сисара и неговата војска. Сепак, Варак знаел дека тоа не е негова битка, туку на Јехова. Затоа, ги следел упатствата од Девора. Преку неа, Јехова му рекол на Варак да нападне. Варак и неговите мажи храбро тргнале во јуриш по планината надолу за да се борат против тие застрашувачки бојни коли на рамно тло.

Еден судија и една пророчица требало да се соочат со еден злобен заповедник и со неговата војска со бојни коли

Од воена гледна точка, Израелците немале никакви шанси. Но, Јехова ја забележал нивната храброст и ги наградил. Тој направил збрка во ханаанската војска и предизвикал да почне да врне пороен дожд. За кратко време, језраелската долина станала како едно големо мочуриште, поради што тие застрашувачки бојни коли заглавиле во калта. Така војската на Сисара требало да се бори гради в гради со Израелците. Нивните бојни коли биле бескорисни. Ниту еден од војниците на Сисара не останал жив. А, што се случило со Сисара?

Сисара успеал да се извлече од бојното поле. Трчал низ калта сѐ додека не се искачил на едно повисоко место. Тој можеби си мислел дека успеал да се спаси, бездушно оставајќи ги своите луѓе да умираат. Но, Варак почнал да го гони. Јехова внимателно гледал што се случува бидејќи веќе имал одлучено што ќе направи со Сисара.

Прочитај го библискиот извештај:

  • Судиите 4:1-16, 23, 24; 5:1-23

За дискусија:

На кои начини Варак и Девора покажале храброст?

Копај подлабоко

  1. 1. Каков бил животот во Израел под власта на ханаанскиот војсководец Сисара? (w15 1/8 12, пас. 6)

  2. 2. Зошто Девора обично не е вброена меѓу 12-те судии кои служеле во Израел пред Самоил да стане пророк? (w86 1/6 31, пас. 6-8-wcgr)

  1. 3. Во која смисла Девора била „мајка во Израел“? (Суд. 4:4, 5; 5:7; w15 1/8 13, пас. 1) А

Девора седи под една палма и решава спор што го имаат двајца овчари. Еден брачен пар Израелци оди по пат што води кон неа.

Слика А

Слика А

  1. 4. На што мислеле Девора и Варак кога пееле „ѕвездите од небото се бореа“ против Сисара? (Суд. 5:20; w05 15/1 25, пас. 5)

Размислувај за поуките

  • Во кои ситуации еден брат може да се угледа на Варак со тоа што понизно ќе прифати помош од некоја верна сестра? Б

    Една сестра обучува тројца браќа како да ракуваат со опрема за греење и ладење. Тие внимателно ја слушаат и си запишуваат белешки.

    Слика Б

  • Зошто на Девора ѝ била потребна храброст да го придружува Варак? Кога и нам ни е потребна таква храброст?

  • На кои други начини ти би можел да покажуваш храброст каква што имале Варак и Девора?

Размислувај за поголемата слика

  • Што учам од овој извештај за Јехова?

  • Како овој извештај е поврзан со Јеховината намера?

  • Што би сакал да ги прашам Варак и Девора кога ќе воскреснат?

Дознај повеќе

Види како овој извештај нѐ уверува дека на Јехова му е важно она што го правиме за него.

„Слави го Јехова со својот спремен дух!“ (w17.04 28-32)

Што учиме од Варак и Девора за довербата, скромноста и послушноста?

„Со вера, Варак поразил една моќна војска“ (w03 15/11 28-31)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели