ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg погл. 15 стр. 74-77
  • Останале една покрај друга во тешко време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Останале една покрај друга во тешко време
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Копај подлабоко
  • Размислувај за поуките
  • Размислувај за поголемата слика
  • Дознај повеќе
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Угледајте се на нивната вера
  • Рут и Ноемина
    Поуки од Библијата
  • „Каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Рут и Ноемина
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg погл. 15 стр. 74-77

15 НОЕМИНА И РУТ

Останале една покрај друга во тешко време

Печатено издание
Печатено издание

НОЕМИНА ја снашла една трагедија по друга. Кога Израел бил погоден од глад, нејзиниот сопруг одлучил да го остават нивниот дом во Витлеем и со семејството да се преселат во моавската земја. Еден ден, мажот на Ноемина починал, оставајќи ја сама со два сина во туѓа земја. Нејзините синови подоцна се ожениле со Моавки, кои не го обожавале Јехова. По околу 10 години се случило нешто страшно — ѝ умреле двата сина. Тие немале деца. Така Ноемина не само што го изгубила својот сопруг туку и синовите, а со тоа и секоја надеж дека ќе има внуци.

Бидејќи сметала дека нема никаква причина да остане во Моав, Ноемина решила да се врати дома во Витлеем. Ова патување можеби траело околу една седмица. Рут и Орфа, снаите на Ноемина, тргнале заедно со својата остарена свекрва. Сепак, Ноемина не сакала да ги оддели од нивните роднини и од нивната земја бидејќи така можеби ќе им ја ускратела можноста повторно да се омажат и да имаат деца. Ноемина ги поттикнала Рут и Орфа да се вратат во домот на нивните мајки. Колку несебично! Ноемина била храбра — била спремна да патува сама. Тогаш, Орфа заплакала, и си заминала. И Рут заплакала, но останала.

Рут ѝ рекла на Ноемина: „Немој да ме наговараш да те оставам... зашто, каде ќе одиш ти, таму ќе одам и јас, и каде што ќе се населиш ти, таму ќе се населам и јас. Твојот народ ќе биде мој народ, и твојот Бог мој Бог. Каде ќе умреш ти, таму ќе умрам и јас, и таму ќе бидам погребана“. Оваа верна и смела млада жена одлучила Богот на Ноемина, Јехова, да биде и нејзин Бог.

Две жени кои тагувале по своите сакани не дозволиле трагедијата да ги скрши, туку побарале утеха меѓу Јеховиниот народ

Така Рут отишла со Ноемина во Израел, оставајќи ги зад себе културата, семејството и моавските богови. Кога тие две пристигнале во Витлеем, некои жени не можеле да поверуваат колку многу Ноемина се сменила низ годините. Таа се пожалила дека Јехова и зел сѐ, оставајќи ја огорчена и со празни раце. Зборовите на Ноемина можеби ја повредиле Рут, бидејќи таа направила толку многу за да ѝ помогне. Но, Библијата не спомнува дека Рут се налутила или дека се жалела. Рут едноставно почнала да доприбира жито на блиските полиња за да обезбеди храна за себе и за Ноемина.

Рут и Ноемина пристигнуваат во Витлеем. Рут води натоварено магаре и ја држи под рака Ноемина додека одат по улицата. Луѓе гледаат запрепастено во нив.

Еден богат земјопоседник по име Вооз, кој бил син на Раав, забележал како Рут трудољубиво работи на полињата. Овој праведен човек се распрашал за неа. И, дознал дека таа несебично ѝ помага на Ноемина. Тој ја пофалил Рут затоа што избрала да побара засолниште кај Јехова Бог, кој го штити својот народ и се грижи за него. Вооз дури и се погрижил мажите кои работеле на полето да не ја вознемируваат.

Таа вечер, кога дознала за добрината што ја покажал Вооз, Ноемина била многу среќна, особено затоа што тој бил нивни роднина. Во Божјиот закон имало посебна одредба за младите вдовици, како што била Рут. Кога една жена ќе станела вдовица, таа имала право да се омажи за некој близок роднина на нејзиниот починат сопруг. Така, таа сѐ уште би имала можност да роди син кој ќе го носел името на нејзиниот починат сопруг, и со тоа ќе се зачувале неговата семејна лоза и наследството (5. Мој. 25:5, 6). Ноемина можеби се прашувала дали Вооз би сакал да ја земе Рут за жена. По некое време, таа ѝ кажала на Рут што треба да прави.

Рут се согласила да го направи она што ѝ го кажала Ноемина, иако обичајот мора да ѝ изгледал чуден и засрамувачки. Ноќе, таа отишла на гумното, каде што обично мажите спиеле покрај куповите жито кои ги имале ожнеано. Рут крадешкум дошла до нозете на Вооз, му ги открила и легнала таму. Кога тој се разбудил, таа понизно го потсетила за Божјиот закон и го прашала дали ќе сака да ја откупи. Овој добар човек можеби забележал дека Рут е исплашена. Восхитен од нејзината храброст и верната љубов кон Јехова и кон нејзиното семејство, Вооз ѝ рекол дека ќе провери дали е можно да го направи она што го побарала од него.

Следниот ден, Вооз отишол кај старешините од Витлеем и направил сѐ како што пропишувал Божјиот закон. Тој се оженил со Рут. По некое време, таа родила син. Ноемина му се израдувала на својот внук, Овид, и многу го сакала. Од ова дете потекнал Цар Давид, а векови подоцна и Месијата (Мат. 1:5, 6, 16). Јехова богато ги благословил Ноемина и Рут за нивната храброст!

Прочитај го библискиот извештај:

  • Рут 1:1 — 4:22

За дискусија:

На кои начини Ноемина и Рут покажале храброст?

Копај подлабоко

  1. 1. Зошто доприбирањето кое било пропишано со Јеховиниот закон било нешто уникатно на Блискиот Исток во минатото? (ia 39, пас. 23, фус.) А

Рут доприбира јачмен зад жетварите на полето на Вооз.

Слика А

Слика А

  1. 2. Зошто може да заклучиме дека Рут не отишла кој Вооз од нечисти мотиви? (ia 47, пас. 17-18)

  2. 3. Зошто е значајно тоа што Вооз ѝ се обратил на Рут со „ќерко“? (Рут 2:8; w16.11 3)

  3. 4. За разлика од човекот кој е наречен „тој и тој“, како Вооз покажал несебичност со тоа што се согласил да се ожени со Рут? (w23.03 14) Б

    Човекот наречен „тој и тој“ ја подава својата сандала.

    Слика Б

Размислувај за поуките

  • Рут била трудољубива и благодарна. Како нејзиниот пример може да ни помогне кога ќе се соочиме со финансиски тешкотии? В

    Слики: Една самохрана мајка се соочува со финансиски тешкотии. Следните три слики ја прикажуваат секоја сцена посебно. Самохраната мајка загрижено прегледува купче сметки додека нејзиниот син си игра во позадина. Самохраната мајка навечер чисти во една зграда со канцеларии. Еден брат и неговата сопруга им носат некои намирници и топол оброк на мајката и синот кои изразуваат благодарност.

    Слика В

  • Кога Ноемина била скршена од болка, Рут ѝ помогнала да се справи со негативните чувства. Што учиме од тоа што Ноемина понизно ја прифатила нејзината помош? Што учиме од Рут во врска со охрабрувањето?

  • На кои други начини ти би можел да покажуваш храброст каква што имале Ноемина и Рут?

Размислувај за поголемата слика

  • Што учам од овој извештај за Јехова?

  • Како овој извештај е поврзан со Јеховината намера?

  • Што би сакал да ги прашам Рут и Ноемина кога ќе воскреснат?

Дознај повеќе

Кои поуки во врска со лојалната љубов може да ги извлечеме од книгата Рут, и како може да ги примениме овие поуки?

„Да си покажуваме лојална љубов еден на друг“ (w21.11 8-13)

Користи го овој библиски стрип за да му помогнеш на твоето семејство да си го оживее овој извештај.

„Рут — пример за верност“ (ijwis статија 12)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели