ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg погл. 17 стр. 82-85
  • „Благословена да е повеќе од сите жени“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Благословена да е повеќе од сите жени“
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Копај подлабоко
  • Размислувај за поуките
  • Размислувај за поголемата слика
  • Дознај повеќе
  • Нов водач и две храбри жени
    Поуки од Библијата
  • „Станав како мајка во Израел“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Две храбри жени
    Мојата книга со библиски приказни
  • Со Вера, Варак поразил една моќна војска
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg погл. 17 стр. 82-85

17 ЈАИЛА

„Благословена да е повеќе од сите жени“

Печатено издание
Печатено издание

СИСАРА избегал од језраелската долина, кукавички оставајќи ги своите луѓе да загинат. Сигурно му било тешко да поверува дека неговата моќна војска со 900 бојни коли е поразена од Израелците кои немаат ни многу оружје ни бојни коли. Во тие моменти, Сисара единствено размислувал каде да се скрие. Тој се упатил кон шаторот на Кенеецот Хевер.

Повеќето Кенејци биле во сојуз со Израелците. Тие биле поврзани уште од времето на Мојсеј, кога тој си зел жена од Кенејците. Сега, овие луѓе живееле во Израел. Но, Хевер се разликувал од другите Кенејци. Наместо да биде во сојуз со Израел, тој склучил сојуз со ханаанскиот цар, Јавин. Затоа Сисара, заповедникот на војската на Јавин, сметал дека може да најде засолниште во шаторите на Хевер. Очигледно, на Сисара не му паднало на памет дека жената на Хевер, Јаила, можеби размислува поинаку од нејзиниот сопруг и дека одлучила да ги поддржи Израелците.

Јаила била во својот шатор, а нејзиниот сопруг не бил таму. Кога видела дека доаѓа Сисара, морала брзо да одлучи што ќе направи. Без сомнение, таа знаела дека Сисара е непријател на Бог и дека е многу опасен. Можеби не знаела што прорекол Јехова преку Девора во врска со Сисара — дека ќе биде убиен, но не од маж, туку од жена. Сепак, можно е Јаила да сфатила што очекува Јехова од неа во таа ситуација. Зошто го велиме ова?

Јаила стои надвор од својот шатор додека Сисара се движи по една патека што води кон неа. Внатре во шаторот има дрвен чекан.

Подоцна, под водство на светиот дух, Девора составила една песна во врска со победата на Варак над Сисара. Таа пеела: „Благословена да е Јаила, жената на Хевер Кенеецот, повеќе од сите жени, благословена да е повеќе од сите жени во шаторите!“ Значи, Јаила не била некоја злобна жена која смислувала сплетки, како што ја опишуваат некои критичари. Наместо тоа, таа била одлучна и храбра жена. Исто како Раав претходно, Јаила одлучила да застане на страната на Јехова, а не на страната на неговите непријатели. Знаела дека Сисара е злобен противник на Јехова, и дека тој сака Сисара да биде убиен. Јаила сфатила дека токму таа има прилика да го направи тоа. Но, прашањето било: Како?

Се разбира, Јаила знаела дека нема никакви шанси да се бори со Сисара. Тој бил искусен воин и сигурно бил силен човек. Затоа, го поканила во својот шатор за да закрепне и да одмори. Јаила го покрила со покривка. Кога ѝ побарал вода, му дала млеко. Потоа, Сисара ѝ наредил: „Застани на влезот од шаторот, па ако дојде некој и те праша: ’Има ли некој тука?‘ — ти одговори му: ’Нема никој!‘“ Тогаш, тој цврсто заспал.

Бог избрал една жена да убие еден суров воин

Јаила сфатила дека дошол моментот да направи нешто. Таа избрала алатки кои веројатно често ги користела — еден тежок чекан и еден шаторски клин, кои најверојатно биле дрвени. Јаила внимателно му пришла на заспаниот воин. Клекнувајќи во близина на неговата глава, се подготвила да зададе удар. Само малку да ѝ се слизнела раката, само еден погрешен потег, и ја чекала ужасна смрт. Но, Јаила не направила грешка. За кратко, сѐ било завршено, и Сисара лежел мртов покрај нејзините нозе со еден шаторски клин забоден меѓу неговите слепоочници.

По некое време, судијата Варак дошол во потрага по Сисара. Јаила излегла да го пресретне. Таа му рекла: „Дојди да ти го покажам човекот што го бараш!“ Варак влегол во шаторот и видел дека се исполниле пророчките зборови на Девора: „Јехова ќе го предаде Сисара во рацете на една жена“.

Варак и Девора запеале песна со која ја славеле победата на Израел. Во неа, тие ја фалеле Јаила. По ова, Јаила веќе никогаш не се спомнува во Библијата. Сепак, до ден-денес, повеќе од 32 века подоцна, ние сѐ уште учиме од нејзиниот прекрасен пример. Денес, Божјите слуги не користат дословно оружје или алатки за да војуваат. Ние водиме духовна војна. И нам, повеќе од кога и да е порано, ни е потребна храброст каква што имала Јаила.

Прочитај го библискиот извештај:

  • Судиите 4:9, 11, 17-22; 5:24-31

За дискусија:

На кои начини Јаила покажала храброст?

Копај подлабоко

  1. 1. Каква е поврзаноста помеѓу битката што се водела против Сисара и војната Армагедон? (w19.09 8-9, пас. 3-6)

  2. 2. Сопругот на Јаила, Хевер, бил во сојуз со Ханаанците, непријателите на Израелците. Но, како Хевер бил поврзан со Израелците? (it „Хевер“ бр. 2-wcgr)

  3. 3. Како победата на Израелците над Сисара и Јавин им ја зајакнала верата на некои Божји слуги многу години подоцна? (w08 15/10 14-15, пас. 12-15)

  4. 4. Што е вредно да се забележи во врска со начинот на кој Девора ја фалела Јаила? (w15 1/8 15, пас. 2) А

Девора и Варак пеат победничка песна, а други Израелци играат и удираат на дајриња.

Слика А

Слика А

Размислувај за поуките

  • Исто како што на Јаила ѝ била потребна храброст, кога можеби ќе ѝ биде потребна храброст на една сестра чиј маж не е Сведок?

  • Јаила не била пророчица како Девора, ниту пак војник како Варак. Сепак, го направила она што можела. Што учиме од нејзиниот пример во врска со тоа како да гледаме на ограничувањата кои можеби ги имаме? Б

    Слики: 1. Една постара сестра која е во инвалидска количка пишува една картичка, а до неа има плик во кој ставила пари. 2. Еден брачен пар е радосен додека ја чита картичката.

    Слика Б

  • На кои други начини ти би можел да покажуваш храброст каква што имала Јаила?

Размислувај за поголемата слика

  • Што учам од овој извештај за Јехова?

  • Како овој извештај е поврзан со Јеховината намера?

  • Што би сакал да ја прашам Јаила кога ќе воскресне?

Дознај повеќе

Во овој видеоклип, види како примерот на Јаила поттикнал една млада сестра да даде сведоштво.

Биди како храбрите, а не како плашливите — биди како Јаила, а не како жителите на Мероз (1:40)

Јаила е една од многуте жени од чиј пример може да извлечеме вредни поуки. Прочитај за некои од нив.

„Што учиме од жените спомнати во Библијата?“ (ijwbq статија 161)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели