ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 172
  • Која била Марија Магдалена?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Која била Марија Магдалена?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали Марија Магдалена била проститутка?
  • Дали Марија Магдалена била „апостол на апостолите“?
  • Дали Марија Магдалена му била жена на Исус Христос?
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Еве ја Јеховината робинка!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Го издржала остриот бодеж на тагата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 172
Марија Магдалена се среќава со воскреснатиот Исус пред еден празен гроб.

Која била Марија Магдалена?

Што вели Библијата:

Марија Магдалена била верен следбеник на Исус Христос. Нејзиното име, Магдалена, веројатно доаѓа од името на градот Магдала (можеби Магадан), кој се наоѓал во близина на Галилејското Море. Марија можеби некогаш живеела таму.

Марија Магдалена била една од жените кои патувале со Исус и со неговите ученици и им помагале во материјален поглед (Лука 8:1-3). Таа со свои очи го видела погубувањето на Исус, и била меѓу првите кои го виделе откако воскреснал (Марко 15:40; Јован 20:11-18).

  • Дали Марија Магдалена била проститутка?

  • Дали Марија Магдалена била „апостол на апостолите“?

  • Дали Марија Магдалена му била жена на Исус Христос?

  • Колку жени по име Марија се спомнати во Библијата?

Дали Марија Магдалена била проститутка?

Библијата не кажува дека Марија Магдалена била проститутка. Сѐ што знаеме во врска со нејзиниот живот пред да стане христијанка е дека Исус истерал седум демони од неа (Лука 8:2).

Од каде дошло верувањето дека Марија Магдалена била проститутка? Векови по нејзината смрт, некои дошле до заклучок дека таа е жената која му ги измила нозете на Исус со своите солзи и му ги избришала со својата коса. Името на оваа жена не е спомнато во Библијата, и таа веројатно била проститутка (Лука 7:36-38). Сепак, нема никаков библиски доказ дека станува збор за истата жена.

Дали Марија Магдалена била „апостол на апостолите“?

Не. Католичката црква ја нарекува „Света Марија Магдалена“, како и „апостол на апостолите“ затоа што била меѓу првите кои им ја пренеле на апостолите веста за воскресението на Исус (Јован 20:18). Но, ова не значи дека била апостол. И, никаде во Библијата не е наречена апостол (Лука 6:12-16).

Пишувањето на Библијата било завршено кон крајот на првиот век од нашата ера. Но, во шестиот век, Црквата си дала за право да ја прогласи Марија Магдалена за светица. Во некои записи од вториот и третиот век — кои не се дел од библискиот канон — се спомнува дека некои од апостолите на Исус ѝ биле љубоморни на Марија. Ваквите измислени приказни не се темелат на Светото писмо.

Дали Марија Магдалена му била жена на Исус Христос?

Не. Всушност, Библијата јасно ни дава до знаење дека Исус не бил женет.a

a Види ја статијата „Дали Исус бил женет и дали имал браќа и сестри?“

Колку жени по име Марија се спомнати во Библијата?

Во Библијата се спомнати шест жени по име Марија.b

  1. 1. Мајката на Исус (Матеј 1:18).

  2. 2. Сестрата на Марта и Лазар (Јован 11:1, 2).

  3. 3. Марија Магдалена (Лука 8:2).

  4. 4. Мајката на Јаков и Јосиј (Матеј 27:56).

  5. 5. Мајката на Јован Марко (Дела 12:12).

  6. 6. Христијанка во Рим која правела многу за браќата и сестрите во тамошното собрание (Римјаните 16:6).

b Името Марија е грчки облик на хебрејското име Маријам, име кое го носела сестрата на Мојсеј (1. Летописи 6:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели