ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 176
  • Што вели Библијата за пандемиите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што вели Библијата за пандемиите?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали пандемиите се проречени во Библијата?
  • Дали Бог некогаш ги казнувал луѓето со болест?
  • Дали денешните пандемии се казна од Бог?
  • Ќе дојде ли време кога ќе нема пандемии?
  • Библиски стихови во кои се зборува за болести
  • Ни треба подобар свет!
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Шест милиони починати од КОВИД — Што вели Библијата?
    Разно
  • Дали страдањата се казна од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2018
  • Свет без болести!
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 176
Слика на планетата Земја на која се прикажани жаришта на пандемија на сите континенти.

Што вели Библијата за пандемиите?

Што вели Библијата:

Библијата прорекла дека во последните денови ќе има смртоносни зарази, во што спаѓаат и пандемиите (Лука 21:11). Ваквите пандемии не се казна од Бог. Напротив, преку своето Царство, Бог наскоро ќе им стави крај на сите болести.

  • Дали пандемиите се проречени во Библијата?

  • Дали Бог некогаш ги казнувал луѓето со болест?

  • Дали денешните пандемии се казна од Бог?

  • Ќе дојде ли време кога ќе нема пандемии?

  • Библиски стихови во кои се зборува за болести

Дали пандемиите се проречени во Библијата?

Во Библијата не се проречени конкретни пандемии или болести, како што се КОВИД-19, СИДА, или шпански грип. Но, во неа е проречено дека ќе има „смртоносни зарази“ и „помор“ (Лука 21:11; Откровение 6:8). Овие работи се дел од знакот за „последните денови“, период кој е наречен и „свршетокот на овој поредок“ (2. Тимотеј 3:1; Матеј 24:3).

Дали Бог некогаш ги казнувал луѓето со болест?

Во Библијата се запишани неколку прилики кога Бог казнил некои луѓе со болест. На пример, предизвикал на некои луѓе да им се појави лепра (4. Мојсеева 12:1-16; 2. Царевите 5:20-27; 2. Летописи 26:16-21). Сепак, во овие прилики болеста не се проширила на голем број невини луѓе. Напротив, тоа било казна од Бог врз поединци кои дрско се побуниле против него.

Дали денешните пандемии се казна од Бог?

Не. Иако некои тврдат дека Бог ги казнува луѓето со пандемии или други болести, Библијата не го потврдува таквото гледиште. Зошто може да го кажеме ова?

Прво, се разболуваат и Божји слуги. Тоа се случува денес, а се случувало и во минатото. На пример, Библијата вели дека верниот Тимотеј често се разболувал (1. Тимотеј 5:23). Сепак, таа не кажува дека тоа било знак дека тој не му е по волја на Бог. И денес некои верни Божји слуги се разболуваат или се заразуваат. Честопати причината за тоа е бидејќи се нашле на погрешно место во погрешно време (Проповедник 9:11).

Второ, Библијата ни кажува дека сѐ уште не е дојдено времето кога Бог ќе ги казни злобните. Наместо тоа, сега е „денот на спасението“, односно сега Бог ги повикува сите луѓе да станат блиски со него и да се спасат (2. Коринќаните 6:2). Еден начин на кој го прави тоа е така што добрата вест за Царството се проповеда низ целиот свет (Матеј 24:14).

Ќе дојде ли време кога ќе нема пандемии?

Да. Библијата прорекла дека ќе дојде време кога никој нема да е болен. Кога Божјето Царство ќе почне да владее со Земјата, Бог ќе им стави крај на сите болести (Исаија 33:24; 35:5, 6). Тој ќе им стави крај на страдањата, болките и смртта (Откровение 21:4). Освен тоа, ќе ги воскресне оние што починале. Тогаш тие ќе имаат добро здравје и ќе живеат во совршени услови на Земјата (Псалм 37:29; Дела 24:15).

Библиски стихови во кои се зборува за болести

Матеј 4:23: „[Исус] минуваше низ цела Галилеја, поучувајќи во нивните синагоги, проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секаква болест и секаква немоќ кај народот“.

Што значи ова: Чудата што ги направил Исус кога бил на Земјата покажуваат што ќе направи Божјето Царство наскоро за целото човештво.

Лука 21:11: „Ќе има смртоносни зарази“.

Што значи ова: Здравствените проблеми кои се толку раширени денес се дел од знакот за последните денови.

Откровение 6:8: „Гледај — блед коњ и на него јавач, чие име беше Смрт, а по него одеше гробот. И им беше дадена власт... да убиваат... со помор“.

Што значи ова: Пророштвото за четирите јавачи на апокалипсата покажува дека во наше време ќе има пандемии.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели