ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wcg погл. 18 стр. 86-89
  • Бил храбар и претпазлив

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бил храбар и претпазлив
  • Храбро оди со Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Копај подлабоко
  • Размислувај за поуките
  • Размислувај за поголемата слика
  • Дознај повеќе
  • „За Господа и за Гедеона!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Гедеон ги победил Мадијамците
    Поуки од Библијата
  • Гедеон и неговите 300 луѓе
    Мојата книга со библиски приказни
  • Старешини — учете од примерот на Гедеон
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
Повеќе
Храбро оди со Бог
wcg погл. 18 стр. 86-89

18 ГЕДЕОН

Бил храбар и претпазлив

Печатено издание
Печатено издание

ЗА НЕКОЈ да биде вистински храбар, треба да биде и претпазлив. Доколку не е претпазлив, би можел да направи нешто непромислено. Гедеон бил и храбар и претпазлив. Тој живеел во период во кој Израелците повторно се оддалечиле од Јехова. Затоа, Јехова им дозволил на Мадијамците да навлезат во земјата, да ги угнетуваат и да ги спречат да работат на своите полиња. Но, Гедеон бил храбар и вршел жито за да обезбеди храна за својот народ. Сепак, тоа го правел претпазливо — во винско гмечало кое веројатно било издлабено во карпа. Така бил скриен од погледот на непријателите.

Животот на Израелците им станал толку тежок што најпосле почнале да бараат помош од Јехова. Затоа, тој испратил пророк за да ги потсети зошто ги напуштил, а потоа испратил ангел кај Гедеон за да му каже да го избави Неговиот народ. Гедеон побарал знак од ангелот. Затоа, ангелот направил чудо така што предизвикал оган да ја проголта жртвата што ја подготвил Гедеон. По оваа случка, ангелот исчезнал. Таа ноќ, Јехова зборувал со Гедеон и му рекол да го разурне жртвеникот на Ваал и да го исече обредниот дирек, и потоа да му изгради жртвеник Нему и да му принесе жртва. Гедеон послушал, но бидејќи се плашел од својот татко и од луѓето од градот, тоа го направил ноќе, за никој да не го види.

По овие храбри дела на Гедеон, Мадијамците собрале огромна војска заедно со Амаличаните и со некои народи од Истокот и дошле против Израелците. Тие ја преплавиле језраелската долина како рој скакулци. Гедеон се исполнил со свет дух и испратил гласници кај неколку израелски племиња за да собере луѓе за борба. Потоа, претпазливиот Гедеон побарал од Јехова да направи две чуда за да го увери дека е со него. Јехова бил стрплив со Гедеон и го направил она што го побарал од него. Таа ноќ, кога Гедеон оставил руно на гумното, Јехова предизвикал тоа да биде натопено со роса, а земјата околу него да остане сува. А следната ноќ, тој предизвикал земјата да биде натопена со роса, а само руното да остане суво.

Иако Гедеон и неговите луѓе биле многу помалку од непријателите, Јехова му рекол уште повеќе да ја намали војската

Така, зајакнат од чудата што ги направил Бог, Гедеон ја повел својата релативно мала војска од 32.000 мажи против непријателската војска која броела околу 135.000 луѓе. Кога Израелците биле улогорени кај изворот Харод, Јехова му рекол на Гедеон дека неговата војска е преголема. Гедеон требало да им каже на војниците дека оние што се плашат треба да се вратат дома. Останале само 10.000 мажи. Но, Јехова му рекол дека сѐ уште има премногу луѓе. Му кажал да ги одведе своите луѓе кај потокот и да ги набљудува додека пијат вода. Сите што клекнувале на колена и се наведнувале за да пијат биле отпуштени од војската. Други, пак, пиеле од раката принесена до уста додека будно внимавале што се случува околу нив. Овие претпазливи војници биле избрани да се борат. Сега, Гедеон имал само 300 луѓе.

Иако имал толку мала војска, Гедеон бил храбар и се подготвувал за напад. Сепак, Јехова сакал да му даде уште еден доказ дека го поддржува. Тој му рекол на Гедеон ноќе да се прикраде во непријателскиот логор. Гедеон го направил тоа. Таму наслушнал како еден војник раскажува сон кој покажувал дека Израелците ќе ја добиеле битката. Ова уште повеќе му ја зајакнало довербата во Јехова. Гедеон се вратил кај своите луѓе и им дал упатства за тоа како да извојуваат победа. Тој им кажал: „Гледајте ме мене и правете го истото што ќе го правам јас“. Длабоко во ноќта, Гедеон и неговите луѓе го опкружиле непријателскиот логор. Тие дошле со ќупови, факли и рогови. На знак од Гедеон, почнале да дуваат во роговите и да ги кршат ќуповите. Потоа извикале: „Мечот Јеховин и Гедеонов!“ Поради неочекуваната бучава и светлина, бројната непријателска војска помислила дека е опколена од друга голема војска која е спремна да ги нападне. Војниците не знаеле што ги снашло и ги фатила паника. Јехова предизвикал да се свртат еден против друг. Само околу 15.000 преживеале и побегнале.

Гедеон и неговата војска држат факли во левата рака, а во десната рака држат рогови и трубат во нив. Пред нивните нозе има искршени ќупови.

Гедеон тргнал во потера по нив. На крај, тој ги поразил непријателите, ги погубил нивните водачи и ги казнил оние кои не сакале да им дадат храна нему и на неговите луѓе додека се бореле во името на Јехова. Потоа, луѓето се обиделе да го постават Гедеон за цар. Тој скромно одбил велејќи: „Јехова ќе владее над вас!“ Бог го наградил овој храбар и претпазлив човек. Гедеон имал долг живот, и во Израел владеел мир целиот период додека тој бил судија. Дури и апостол Павле го спомнал кога набројувал мажи и жени кои имале извонредна вера (Евр. 11:32).

Прочитај го библискиот извештај:

  • Судиите 6:1 — 7:22; 8:4-23, 28

За дискусија:

На кои начини Гедеон покажал храброст?

Копај подлабоко

  1. 1. Зошто можеби јачменовата погача од сонот на војникот била соодветен симбол за војската на Гедеон? (Суд. 7:13; it „Јачмен“ пас. 7-wcgr)

  2. 2. Зошто звукот на 300 рогови ги збунил и ги исплашил Мадијамците? (it „Рог“ пас. 3-wcgr) А

    Овнешки рог.

    Слика А: Овнешките рогови се користеле како алатка со која се давало сигнал за предупредување

  3. 3. Што требало да направат Гедеон и неговата војска за да ги поразат Мадијамците? (w04 15/10 15-16, пас. 9-10) Б

    Карта на која е прикажан нерамниот терен и растојанието што го поминале Гедеон и неговата војска додека ги гонеле Мадијамците од језраелската долина до Јогвеја.

    Слика Б: Гедеон ги гонел Мадијамците околу 80 километри до Јогвеја (точниот пат по кој се движеле е непознат)

  4. 4. Кои детали ја потврдуваат точноста на овој библиски извештај? (w05 15/4 32)

Размислувај за поуките

  • Гедеон го довел Божјиот народ до победа. Но, тој останал понизен и зборувал благо и смирено со другите (Суд. 8:1-3). Како може сопрузите, татковците и старешините да го следат примерот на Гедеон кога некој е изнервиран од некоја нивна постапка?

  • Во кои ситуации можеби ќе треба да бидеме и храбри и претпазливи? В

    Слики: Една сестра која е тинејџерка е под притисок од своите соученици. Следните две слики ја прикажуваат секоја сцена посебно. Една сестра се движи во училишниот ходник и забележува еден постер на кој се промовираат хомосексуални врски. Позади неа, две ученички носат алка со боите на виножитото и се држат за рака. Подоцна, во училницата, соучениците ја убедуваат сестрата да си стави алка со боите на виножитото. Таа љубезно одбива, но на нејзините соученици не им се верува дека го прави тоа.

    Слика В

  • Како ти би можел да покажуваш храброст каква што имал Гедеон?

Размислувај за поголемата слика

  • Што учам од овој извештај за Јехова?

  • Како овој извештај е поврзан со Јеховината намера?

  • Што би сакал да го прашам Гедеон кога ќе воскресне?

Дознај повеќе

Како може да го следиш примерот на Гедеон ако добиеш некоја задача или одговорност во службата за Јехова?

„Мудроста е со скромните“ (w00 1/8 16-18, пас. 11-15)

Користи го овој библиски стрип за да им помогнеш на твоите деца да имаат доверба во Бог.

„Јехова го зајакнува Гедеон“ (ijwis статија 13)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели