ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Мај стр. 2-7
  • Зошто се важни библиските начела?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто се важни библиските начела?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО СЕ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА?
  • ЗОШТО СЕ ВАЖНИ БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА?
  • КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА?
  • БИДИ РЕШЕН ДА ЖИВЕЕШ СПОРЕД БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА
  • Обликувај ја својата совест со библиските начела
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Управувај ги своите чекори според побожните начела
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Одлуки од кои се гледа дека се потпираме на Јехова
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Зошто библиските начела се за наше добро?
    Добра вест од Бог!
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Мај стр. 2-7

6-12 ЈУЛИ 2026

ПЕСНА 98 Светото писмо е вдахновено од Бог

Зошто се важни библиските начела?

Служете му на Бог, користејќи го својот разум (РИМ. 12:1)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да разбереме што се начела и како можеме да ги препознаеме додека ја читаме Библијата.

1-2. а) Кога била напишана Библијата? б) Зошто Библијата е сѐ уште корисна денес?

БИБЛИЈАТА е древна книга. Нејзиното пишување започнало пред околу 3.500 години, а било завршено пред скоро 2.000 години. Иако таа е многу стара книга, Божјите совети кои се запишани во неа сѐ уште се корисни и за нас денес (Евр. 4:12; 2. Тим. 3:16, 17). Милиони луѓе сведочат дека Библијата им помага да се справат со животните проблеми во овој современ свет.

2 Но, како може една толку стара книга да биде сѐ уште практична денес? Постојат две основни причини за тоа. Прво, библиската порака доаѓа од „живиот Бог“ кој е бескрајно мудар (1. Тим. 4:10; Рим. 16:26, 27). Второ, Библијата содржи безвременски начела. Тие се корисни без разлика во кој временски период некој човек живее или со какви проблеми се соочува.

3. На кои прашања ќе добиеме одговор во оваа статија?

3 Што се библиски начела? Зошто тие се многу важни за нас денес? Како можеме да ги препознаеме начелата додека ја читаме Библијата? Во оваа статија ќе го добиеме одговорот на тие прашања. Исто така, ќе видиме како учењата на Исус ја истакнуваат вредноста на начелата.

ШТО СЕ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА?

4. Што се библиски начела?

4 Библиските начела се основни вистини на кои се темелат Божјите закони. Понекогаш, некои закони се истовремено и начела (Мат. 22:37). Сепак, начелата имаат многу предности во однос на законите. Законите се честопати ограничени бидејќи важат само за одредено време или за одредена ситуација. Но, библиските начела можат да се применат во различни околности и се безвременски (Пс. 119:111). Начелата ни помагаат да разбереме зошто е даден некој закон и ни помагаат подобро да разбереме како размислува Јехова. Секој закон што го дал Јехова се темели на некое начело. Законите можат да се сменат, но начелата немаат рок на траење и не застаруваат (Иса. 40:8).

5. Наведи пример кој покажува која е разликата помеѓу законите и начелата. (Види ги и сликите.)

5 За подобро да ја разбереме разликата помеѓу законите и начелата, да разгледаме еден пример. Една мајка може да му каже на своето детенце: „Немој да ја допираш ринглата“. Тоа е заповед, односно закон. Но начелото на кое се темели овој закон е: Не допирај нешто што е жешко за да не се изгориш. Ова начело не се однесува само на ринглата. Тоа важи и за пегла, греалка и за кој и да било друг жежок предмет кој може да предизвика повреда. Ова начело важи и за предмети надвор од домот. Се разбира, кога детето ќе порасне, тоа најверојатно ќе користи рингла. Сепак, и понатаму ќе треба да внимава да не ја допре додека е жешка за да не се повреди. Значи, законот може да се смени, но начелото врз кое тој се темели сѐ уште важи.

Слики: Една мајка и нејзиниот син готват заедно во кујна. 1. Таа го предупредува своето синче да не ја допира жешката рингла додека таа готви. 2. Години подоцна, таа подготвува јадење со својот син додека тој готви на ринглата.

Еден закон може да се смени, но начелото врз кое се темели останува (види во пасус 5)


ЗОШТО СЕ ВАЖНИ БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА?

6. а) Што ни дава Јехова преку својата Реч? б) Како Јехова покажува дека има доверба во нас?

6 Од љубов кон нас, Јехова ни дава конкретни упатства во форма на закони за да нѐ заштити од опасности (Јак. 2:11). Освен тоа, ни помага да ги разбереме начелата на кои се темелат тие закони, односно да го разбереме начинот на кој тој размислува. Преку својата Реч, Јехова ни дава водство за многу подрачја од нашиот живот за кои можеби нема конкретен закон. Библиските начела ни помагаат да носиме добри одлуки во животот и да го правиме она што е исправно. Со тоа што не ни дал закон за секоја ситуација, Јехова покажал дека има доверба во нас. Тој ни дал слобода самите да носиме одлуки со кои ќе покажеме дека ги сакаме него и неговите мерила (Гал. 5:13).

7. Наведи пример кој покажува како ни користат библиските начела. (Види ја и сликата.)

7 За да разбереме како библиските начела можат да ни помогнат, да наведеме еден пример. Додека возиме на автопат, покрај патот има сообраќајни знаци. Многу од тие знаци нѐ информираат кои закони треба да ги почитуваме за да не добиеме казна. Знаците може да укажуваат која е максималната дозволена брзина или кога возачот мора да застане. Но, има и други знаци кои нѐ предупредуваат за можните опасности, како на пример лизгав пат или животни на патот. Кога ќе види таков знак, еден искусен возач размислува како треба да вози за да избегне опасност, и потоа вози внимателно. На пример, ако врне дожд, ако паѓа снег или ако има магла, возачот ќе го приспособи возењето на овие опасни услови. Слично на тоа, христијаните многу внимаваат да не направат нешто за кое Библијата јасно вели дека е погрешно. Но, тие исто така ја избегнуваат секоја мисла или постапка што би можела да ги наведе да го разочараат Бог. За да донесат добри одлуки, тие мора да разберат како размислува Јехова за тие работи.

Една кола се движи ноќе по кривулест, планински пат. Нејзините предни светла ги осветлуваат знаците за предупредување.

Многу сообраќајни знаци ги предупредуваат возачите за можните опасности. Библиските начела можат да ни помогнат на сличен начин (види во пасус 7)


8. Според Римјаните 12:1, 2, што ќе научиме ако ги бараме библиските начела додека ја читаме Библијата?

8 Кога се трудиме да ги препознаеме начелата во Библијата и кога живееме според нив, имаме и други важни придобивки. На пример, учиме да разбереме како размислува Јехова. Додека ја читаме Божјата Реч, учиме да бараме практични поуки. Размислуваме зошто Јехова ги вклучил овие поуки во неговата пишана Реч и како можеме да извлечеме корист од нив. На овој начин, учиме како да го користиме својот разум за да му служиме на Јехова. Така можеме да утврдиме „која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“. (Прочитај Римјаните 12:1, 2.)a

9. На кој друг начин ни користи тоа што живееме според библиските начела? (Евреите 5:13, 14).

9 Тоа што учиме да живееме според библиските начела, ни помага да станеме зрели христијани. (Прочитај Евреите 5:13, 14.) На малите деца обично им се потребни многу закони, односно правила, за да знаат како да постапат во различни ситуации. Тие можеби ќе им бидат послушни на ваквите правила само од страв да не бидат казнети. Но, Јехова не се однесува со нас како со мали деца, туку како со зрели, возрасни личности. Тој има доверба во нас дека ќе носиме одлуки кои се во склад со неговата волја. А кога го правиме тоа, го радуваме неговото срце (Пс. 147:11; Изр. 23:15, 26; 27:11). Значи, кога живееме според библиските начела, покажуваме дека сме зрели христијани и нашето пријателство со Јехова станува поцврсто.

КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА?

10. Како можеме да ги препознаеме библиските начела?

10 Додека ја проучуваме Библијата, наоѓаме начела кои ни помагаат да разбереме како размислува Јехова и што чувствува за одредени работи. Исто така, можеме да препознаеме начела додека размислуваме за причините поради кои биле дадени некои закони. Колку подобро ги разбираме причините, толку подобро го разбираме Јехова. Но, за да разбереме како размислува Бог, мора да го молиме за помош и мора да научиме длабоко да размислуваме за она што го читаме (Изр. 2:10-12). Може да си ги поставиме следниве прашања: „Зошто Бог го дал овој закон? Ако дал закон во врска со ова постапување, дури и да не го прекршам, како ќе се чувствува Јехова ако направам нешто слично? Какви поуки можам да извлечам од овој библиски извештај, и како можам да го применам тоа во мојот живот?“ Кога ќе сфатиме зошто Јехова дал некој закон и кои се поуките од библиските извештаи, ќе можеме да носиме добри одлуки кои ќе го радуваат него.

11. На кој начин, преку својата Проповед на гората, Исус ни покажал како можеме да ги препознаеме библиските начела? (Види ја и сликата.)

11 Во Проповедта на гората, Исус покажал како можеме да ги препознаеме библиските начела. Да разгледаме три примери. За секоја ситуација, Исус прво цитирал некој закон. Потоа објаснил на кое начело се темели тој закон, односно како размислува Јехова во врска со таа работа. Со тоа што длабоко ќе размислуваме за поуките на Исус, ќе разбереме како тие ќе ни помогнат да носиме мудри одлуки во нашиот живот денес.

Исус седи под едно дрво и поучува група негови ученици.

Во својата Проповед на гората, Исус покажал како да препознаеме на кои библиски начела се темелат Божјите закони (види во пасус 11)


12. Кое е едно начело врз кое се темели законот запишан во Матеј 5:21, 22? (Види ја и сликата.)

12 Прочитај Матеј 5:21, 22. „Не убивај!“ Кое е едно начело на кое се темели овој закон? Јехова не сака да ги мразиме другите — ниту со постапки, ниту со зборови, па дури ни во мислите. Исус укажал на тоа дека, дури некој и да не изврши убиство, сепак би можел да го прекрши начелото на кое се темели тој закон доколку го мрази својот брат. Ако некој упорно се гневи на својот брат или го навредува, тој сепак ќе одговара пред Јехова. Зошто? Бидејќи таквите ставови и постапки водат до убиство (1. Јов. 3:15).

13. Како би можеле да го примениме начелото од Матеј 5:21, 22 во нашиот живот? (Види ја и сликата.)

13 Како можеме да го примениме денес начелото од Матеј 5:21, 22? Не треба да држиме лутина дури ни кон оние што постапуваат лошо со нас (3. Мој. 19:18; Јов 36:13). Зошто? Бидејќи таквите чувства можат да ја разгорат омразата во нашето срце, а тоа може да нѐ наведе да кажеме или да направиме нешто со кое ќе ги повредиме другите (Изр. 10:12). Во тоа се вклучени оговарање и клеветење кои можат да нарушат или уништат нечиј углед (Изр. 20:19; 25:23). Во времето на Исус не постоеле социјални мрежи, блогови, интернет, ниту пак апликации за праќање пораки. Сепак, начелото што го кажал тој, ги предупредува зрелите христијани дека не треба да ги користат телефоните и компјутерите за да зборуваат негативно за другите. Исто како што никогаш не би убиле некого, ние не би сакале ниту да кажеме, ниту да напишеме нешто што би можело да ја уништи почитта што другите ја имаат кон некого.

Слики: 1. Во рамката со текст е цитиран библискиот закон: „Не убивај“. 2. Две сестри озборуваат, а друга сестра се чувствува непријатно додека ги слуша што зборуваат.

(види во пасуси 12-13)


14. На кое начело се темели законот запишан во Матеј 5:27, 28? (Види ја и сликата.)

14 Прочитај Матеј 5:27, 28. „Не прави прељуба!“ На кое начело се темели овој закон? Јехова не го мрази само сексуалниот неморал туку и мислите што водат до неморал. Исус објаснил дека, ако еден маж што е во брак продолжи да гледа со страст во жена која не му е сопруга, веќе направил грев. Значи, неморалните мисли треба да ги отфрлиме по секоја цена, дури и ако треба да вложиме огромен труд за да успееме во тоа (Мат. 5:29, 30). Ова начело важи и за христијаните кои не се во брак.

15. Како би можеле да го примениме начелото од Матеј 5:27, 28 во нашиот живот? (Види ја и сликата.)

15 Како можеме да го примениме денес начелото од Матеј 5:27, 28? Не треба да размислуваме за неморални работи (2. Сам. 11:2-4; Јов 31:1-3). Според тоа, очигледно е дека еден зрел христијанин ги избегнува сите облици на порнографија. Тој не мисли дека е во ред да гледа неморални слики или видеоклипови сѐ додека не прави нешто неморално. Тој не си бара изговор дека некои облици на порнографија се само безопасна забава, како што мислат многумина во светот. Во времето на Исус немало електронски уреди, филмови или фотографии. И покрај тоа, Исус ни дал начело од кое учиме каков став има Јехова во врска со содржините кои можат да бидат објавени на такви современи уреди. Ова ни помага да сфатиме дека Јехова би бил многу разочаран ако на другите им испраќаме неморални слики и видеоклипови или ако преку телефон разговараме за неморални работи или испраќаме пораки со неморална содржина. Тоа што ќе бидат послушни на ова начело, им помага на оние што се во брак да му останат верни на својот брачен другар (Мал. 2:15). Тоа им помага и на сите христијани — без разлика дали се во брак или не — да избегнуваат сѐ што може да ги наведе да направат сексуален неморал (Изр. 5:3-14).

Слики: 1. Во рамката со текст е цитиран библискиот закон: „Не прави прељуба“. 2. Еден брат брише апликација од социјална мрежа на неговиот телефон.

(види во пасуси 14-15)


16. На кое начело се темели законот запишан во Матеј 5:43, 44? (Види ја и сликата.)

16 Прочитај Матеј 5:43, 44. „Сакај ги своите ближни.“ На кое начело се темели овој закон? Јехова сака да ги сметаме сите луѓе за наши ближни и да им покажуваме љубов. За жал, Евреите во времето на Исус погрешно го толкувале овој закон и сметале дека треба да ги сакаат само другите Евреи, а дека може да ги мразат непријателите. Но Исус знаел дека тој закон не бил даден со таква намера. Тој знаел дека неговиот небесен Татко, кој е полн со љубов, очекува од нас да гледаме на сите како на свои ближни, без оглед на тоа од која култура доаѓаат и на која раса и националност припаѓаат (Мат. 5:45-48).

17. Како можеме да го примениме начелото од Матеј 5:43, 44 во нашиот живот? (Види ја и сликата.)

17 Како можеме да го примениме денес начелото од Матеј 5:43, 44? Поради тоа што ги сакаме нашите ближни, ние не учествуваме во војните и конфликтите во овој свет (Иса. 2:4; Мих. 4:3). Исто така, се однесуваме љубезно со оние што се од друга раса, националност или верска припадност (Дела 10:34, 35). Освен тоа, таквата љубов ќе ни помогне да им простиме на оние што нѐ повредиле нас или некого што го сакаме (Мат. 18:21, 22; Мар. 11:25; Лука 17:3, 4).

Слики: 1. Во рамката со текст е цитиран библискиот закон: „Сакај ги своите ближни“. 2. На пазар, еден брачен пар кој е во служба му ја покажува брошурата „Радувај му се на животот засекогаш“ на еден човек од друга раса.

(види во пасуси 16-17)


БИДИ РЕШЕН ДА ЖИВЕЕШ СПОРЕД БИБЛИСКИТЕ НАЧЕЛА

18. а) Што треба да бидеме решени да правиме? б) Што ќе разгледаме во следната статија?

18 Многу сме благодарни што Јехова постапува со нас како со возрасни луѓе, а не како со мали деца! Тој сака да ги применуваме библиските начела, бидејќи тоа ќе ни помага да носиме мудри одлуки (1. Кор. 14:20). Додека ги носиме тие одлуки, и понатаму да бидеме решени да се трудиме да разбереме „што е Јеховината волја“ (Еф. 5:17). Нашата љубов кон Јехова, а не стравот од казна, ќе ни помогне да носиме одлуки кои се во склад со неговата волја. Уште една работа што ќе ни помогне во тоа е нашата совест. Тоа ќе го разгледаме во следната статија.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што е библиско начело?

  • Која е разликата помеѓу начелата и законите?

  • Кои се некои начела за кои Исус поучувал во Проповедта на гората?

ПЕСНА 95 Светлината свети сѐ посилно

a Има многу ситуации во нашиот живот во кои треба внимателно да размислиме кои библиски начела да ги примениме. Треба да разбереме како библиските начела се поврзани едно со друго и со одлуките што треба да ги донесеме. Јехова ни дал способност да размислуваме. Можеме да ја користиме таа способност за да носиме одлуки што ќе го радуваат Јехова и кои тој ќе може да ги благослови. Тоа е нешто што првите христијани требало да научат да го прават. Пред да станат христијани, Евреите следеле многу правила кои им ги наметнувале верските водачи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели