ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Април стр. 26-31
  • Зајакнувај си го пријателството со твојот сопружник

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зајакнувај си го пријателството со твојот сопружник
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАКО ДА ИЗБЕРЕШ ДОЖИВОТЕН ПРИЈАТЕЛ
  • ЗАЈАКНУВАЈТЕ СИ ГО ПРИЈАТЕЛСТВОТО ТАКА ШТО ЌЕ ПОМИНУВАТЕ ВРЕМЕ ЗАЕДНО
  • ОСТАНЕТЕ БЛИСКИ КОГА СЕ СООЧУВАТЕ СО ПРОБЛЕМИ
  • Како можеш да најдеш брачен другар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Април стр. 26-31

29 ЈУНИ — 5 ЈУЛИ 2026

ПЕСНА 131 „Двајцата ќе бидат едно тело“

Зајакнувај си го пријателството со твојот сопружник

Има пријатели поприврзани од брат (ИЗР. 18:24)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

За да имаат среќен брак потребно е мажот и жената да бидат блиски пријатели и да го сакаат Јехова.

1. Зошто добрите пријатели се дар од Јехова?

ДОБРИТЕ пријатели се дар од Јехова. Тие го сакаат Бог, а нѐ сакаат и нас (Јак. 1:17). Се радуваат со нас кога сме среќни, нѐ тешат кога сме тажни и ни даваат искрен совет кога тоа ни е потребно. Тие се верни, и можеме да имаме доверба во нив. Таквите пријатели навистина „го веселат срцето“ (Изр. 27:9).

2. Зошто е важно сопружниците да си го зајакнуваат пријателството меѓу себе? (Матеј 19:6).

2 Важно е мажот и жената да бидат најдобри пријатели. Тие не треба да го земаат тоа пријателство здраво за готово. Треба да работат на него за да си го зајакнат. Ако го запостават, би можеле да почнат да се чувствуваат осамено, фрустрирано, па дури и гневно. Но ако го негуваат, можат да уживаат во најблиската можна врска меѓу две лица. (Прочитај Матеј 19:6.) Во оваа статија ќе видиме како сопружниците може да си го зајакнуваат пријателството меѓу себе. Но прво, да разгледаме како христијаните кои не се во брак може да изберат сопружник кој ќе им стане најдобар пријател во животот.

КАКО ДА ИЗБЕРЕШ ДОЖИВОТЕН ПРИЈАТЕЛ

3-4. Што ќе му помогне на едно лице да најде добар сопружник? (Изреки 18:22).

3 Пред да донесеме некоја голема одлука, треба да размислиме за добрите и лошите работи што би можеле да произлезат од неа. Големите одлуки може да имаат долгорочно влијание врз нашиот живот, и затоа е важно добро да размислиме пред да ги донесеме.

4 Кога избираме доживотен пријател, брачен другар, носиме една од најважните одлуки што некогаш ќе ги донесеме. Со оглед на тоа што Јехова го основал бракот, логично е од него да бараме водство кога избираме брачен другар. Тој сака еден маж да најде добра сопруга и една жена да најде добар сопруг. Јехова секогаш знае што е најдобро за нас. (Прочитај Изреки 18:22; Иса. 48:17, 18.) Начелата од Божјата Реч можат да му помогнат на еден христијанин да ја најде вистинската личност за себе.

5. Зошто е важно да стапиш во брак со некој што е крстен слуга на Јехова?

5 Кога ќе се крстиме, стануваме пријатели со Бог (Пс. 25:14). Ако сакаш да стапиш во брак, треба да избереш сопружник кој е пријател со Јехова (1. Кор. 7:39). Со тоа ќе покажеш ценење за Јеховините мерила и ќе можеш да гледаш на твојот сопружник како на благослов од Јехова (Изр. 19:14). Исто така, ќе ги избегнеш проблемите што ќе се појават доколку си во брак со некој што не е Сведок (2. Кор. 6:14). Колку би било немудро да започнеш врска со едно такво лице можеби мислејќи си дека немаш соодветен избор меѓу соверниците. Исто така, не би било мудро да бараш оправдување за врска со некој што не е Сведок надевајќи се дека подоцна ќе ја прифати вистината.

6-7. На какви прашања треба да добиеш одговор додека си во врска со некого?

6 Се разбира, тоа не значи дека секој крстен Сведок е соодветен брачен другар. Гледај објективно на твојот потенцијален сопружник.a Запрашај се: Како се однесува со семејството? Дали е обѕирен и дали покажува почит? Кои му се пријатели? Како ги решава несогласувањата? Дали инсистира да биде по негово или е спремен да попушти кога не е прекршено некое библиско начело? Каков став има кон парите?

7 Исто така, можеш да се запрашаш: „Дали покажува длабока љубов кон Јехова? Дали ја облекува ’новата личност‘? Дали ќе ми помогне да му служам на Јехова во уште поголема мера? Дали имаме исти духовни цели? Дали можеме да станеме не само добри пријатели туку и најблиски пријатели?“ (Кол. 3:9, 10). Ако си сестра, дали братот со кој се запознаваш ќе ти биде добар пријател и добро ќе предводи со семејството? (1. Кор. 11:3). Ако си брат, дали сестрата со која се запознаваш ќе биде спремна да го прифати твојот авторитет како глава на семејството и покрај твоите несовршености? Потребно е време за да одговориш на ваквите прашања. Затоа, користи го времето додека сте во врска за добро да го запознаеш твојот потенцијален брачен другар.

8-9. Што може да му помогне на некој што е во врска да донесе мудра одлука? (Види ја и сликата.)

8 Додека сте во врска, поверојатно е дека ќе донесеш мудра одлука доколку се потрудиш да откриеш каква личност навистина е другиот. Дознај како другите гледаат на лицето со кое се запознаваш. Би можел да ги прашаш какви особини има и што мислат за него. На пример, дали мислат дека е понизна, љубезна и разумна личност. Сара, една сестра од Француска Гвајана, која стапила во брак со еден брат по име Даниел, вели: „Сакав да слушнам мислење за Даниел. Затоа, зборував со братот кој беше негов цимер и со кој Даниел служеше како пионер, со еден старешина од неговото собрание, со наши заеднички пријатели и со некои сестри од неговото собрание“. Би можел љубезно да го запрашаш лицето со кое се запознаваш дали има нешто од минатото или од сега што треба да го знаеш, бидејќи некои работи или навики подоцна би можеле да предизвикаат сериозни проблеми во бракот.

9 Не ги игнорирај сериозните сомнежи што можеби ги имаш или искрените забелешки што можеби ги добиваш од зрели пријатели. Тоа може да ти помогне да одлучиш дали е мудро да продолжиш со врската или не.b Сега, во останатиот дел од статијата, ќе зборуваме за оние што веќе се во брак.

Еден пар што е во врска си разговара меѓусебе додека е на дружење со пријатели.

Додека си во врска труди се да дознаеш каква личност навистина е другиот (види во пасуси 8-9)


ЗАЈАКНУВАЈТЕ СИ ГО ПРИЈАТЕЛСТВОТО ТАКА ШТО ЌЕ ПОМИНУВАТЕ ВРЕМЕ ЗАЕДНО

10. Зошто е добро мажот и жената да поминуваат време заедно?

10 Мажот и жената можат да го зачуваат цврсто своето пријателство и брак така што ќе си одвојуваат време еден за друг, сеедно колку се зафатени. Ова им дава можност да зборуваат за она што им се случило во текот на денот, да си ги изразат мислите и чувствата, да си покажуваат наклоност и заедно да прават работи во кои уживаат.

11. Што може да го загрози пријателството меѓу мажот и жената?

11 Мажот и жената кои се блиски пријатели повеќе сакаат да бидат заедно отколку одвоено. Се разбира, понекогаш можеби ќе треба да бидат одвоени за кратко време, но одвоеноста на подолги периоди може да биде опасна. На пример, некои прифатиле работа во друга земја и поради тоа подолг период биле одвоени од семејството. Иако тоа може да им користи во финансиски поглед, одвоеноста на подолг период може катастрофално да се одрази врз бракот.

12-13. а) Што направиле некои брачни парови за да поминуваат повеќе време со сопружникот? (Види ја и сликата.) б) На кое место во животот треба да ти биде сопружникот? (Види ја рамката „Местото на твојот сопружник во твојот живот“.)

12 Забележи што направиле некои брачни парови за да можат редовно да поминуваат време заедно. Лија, од Гуам, вели: „Јас и мојот сопруг уживаме да правиме разни работи заедно. Ретко се случува да одиме на некој настан без другиот“. Роксан, од САД, вели: „Како што стануваме сѐ позафатени, сфативме дека треба да си одредиме време за да бидеме заедно, исто како што правиме и со други важни настани“. (Спореди со Амос 3:3.) Дамјан, од Франција, го истакнува следново: „Научивме да покажуваме интерес за работите што ги сака другиот, па дури и да уживаме во нив“ (Мат. 7:12). А Кејти, од САД, вели: „Понекогаш ги ставаме телефоните настрана за да не ни го одземаат вниманието“.

13 Најважно од сѐ, поминувајте време заедно во духовни активности. Миријам, од Франција, вели: „Го започнуваме денот така што ја читаме Библијата и потоа си разговараме што ни се допаднало и што можеме да примениме во животот. Уживам во тие моменти. Исто така, ми значи кога се молиме заедно и кога слушам како маж ми ја изразува својата љубов кон Јехова“. Кејти, која ја спомнавме претходно, вели: „Нашето омилено време заедно е кога сме во служба. Стануваме поблиски додека слушаме како другиот ја изразува својата вера и учиме нови работи еден од друг“ (Изр. 27:17).

Парот од претходната слика уживаат заедно додека се на кампување.

Зајакнувате си го бракот така што редовно ќе поминувате време заедно (види во пасуси 12-13)


Местото на твојот сопружник во твојот живот

Имаме голем број важни пријателства во нашиот живот. На кое место треба да ни биде сопружникот? (Фил. 1:10).

  1. 1. Јехова. Пријателството со Јехова ни е на прво место во животот (Мат. 6:33; Мар. 12:30). Никогаш нема да го изневериме Јехова само за да му угодиме на нашиот сопружник (Дела 5:29; спореди со 1. Мојсеева 2:16, 17; 3:6).

  2. 2. Нашиот сопружник. Ние сме едно тело со нашиот сопружник. Се грижиме за сопружникот исто како што се грижиме за себеси (1. Мој. 2:24; Еф. 5:28, 29, 33).

  3. 3. Други луѓе и одговорности. Сакаме да се грижиме за нашите родители, роднини, духовни браќа и сестри, како и за нашите теократски одговорности. Но освен Јехова, никој и ништо не треба да ни е поважно од тоа да се грижиме за сопружникот и да го правиме среќен (1. Тим. 5:8).

ОСТАНЕТЕ БЛИСКИ КОГА СЕ СООЧУВАТЕ СО ПРОБЛЕМИ

14-15. Зошто брачните парови треба да дадат сѐ од себе за да ги надминат проблемите кои можеби ќе се појават во нивниот брак? Наведи пример.

14 Како несовршени луѓе брачните парови ќе се соочат со проблеми во нивниот брак. Библијата е реална кога вели дека брачните парови ќе имаат „телесни неволји“ (1. Кор. 7:28). Овој израз се однесува на проблемите кои се вообичаени за оние што се во брак. Кога ќе дојде до такви проблеми, зошто треба да дадат сѐ од себе да останат блиски еден со друг и да ги надминат проблемите?

15 Размисли за следнава споредба. Ако некоја позната градба или уметничко дело е оштетено, сопствениците најверојатно ќе одлучат да го реставрираат. Тие можеби ќе вложат огромна сума пари и други средства за да го постигнат тоа, и можеби ќе треба години за да се доврши. Зошто го прават ова? Затоа што градбата или уметничкото дело е скапоцено за нив. Слично на тоа, сите бракови се скапоцени. Дури и во најдобрите бракови може да се појават несогласувања. Но, исто како што една оштетена градба или уметничко дело честопати може да се поправи, и бракот може да се зачува. Можеби ќе биде потребно време и многу труд, но Јехова ќе се радува кога ќе види дека сопружниците прават сѐ што можат за да си го зајакнат бракот и да останат заедно (Мал. 2:16). На тој начин, покажуваат почит еден кон друг, но и кон Јехова, основачот на бракот.

16. Според 1. Коринќаните 13:4-8а, што може да им помогне на паровите кои се соочуваат со сериозни проблеми во бракот? (Види ја и сликата и рамката „Помош за да си го зајакнете вашето пријателство“.)

16 Ако се појават проблеми во твојот брак немој веднаш да помислуваш дека треба да се одвоите (1. Кор. 7:10, 11). Наместо тоа, прашај се: Што можам да направам за да си го зајакнам нашето пријателство? Размислувај за она што го вели Библијата, за тоа како да се покажува љубов и прашај се дали можеш да се подобриш во покажувањето на некои од особините спомнати во 1. Коринќаните 13:4-8а. (Прочитај.) Наместо да размислуваш за тоа како да го напуштиш твојот сопружник, барај начин како повторно да се зближите еден со друг. Концентрирај се на тоа што можеш ти да направиш за да го зајакнеш бракот, моли го Јехова за водство, барај помош од нашите публикации и видеоклипови, како и од старешините и од некои зрели христијани. Ако се потпираш на Јехова, кој е третата и најсилна нишка во трикратното јаже, твојот брак нема „брзо да се скине“ (Проп. 4:12, фус.).

Истиот пар во својот дом разговараат за некои проблеми со кои се соочуваат. Жената со солзи си ги изразува чувствата, а нејзиниот маж ја држи раката на нејзиното рамо и внимателно ја слуша. На масата пред нив има отворена Библија и брошурата „Твоето семејство може да биде среќно“.

Останете блиски кога во бракот ќе ви се појават проблеми (види во пасус 16)


Помош за да си го зајакнете вашето пријателство

Јеховината организација обезбедува материјали кои можат да им помогнат на брачните парови да си го зајакнат пријателството, па дури и да го поправат она што е нарушено. Си пробал ли некои од предлозите наведени во следниве материјали?

  • Брошурата Твоето семејство може да биде среќно

  • Видеоклиповите од серијата За среќен брак

  • Рубриката „Совети за семејствата“

  • Делот „Брак и семејство“ на jw.org

17. Како може да бидат среќни оние што сакаат да стапат во брак и оние што веќе се во брак?

17 Јехова сака сите неговите слуги да бидат среќни — и оние што сакаат да стапат во брак и оние што веќе се во брак. Затоа, ако сакаш да стапиш во брак, внимателно избери го твојот доживотен пријател. А ако веќе си во брак, продолжи да си го зајакнуваш пријателство со твојот сопружник. Работете на тоа да ги надминете проблемите кои можеби ќе се појават во вашиот брак потпирајќи се на помошта од Јехова. На тој начин, ќе уживаш во животот со твојот сакан сопружник! (Проп. 9:9).

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Како може еден христијанин кој не е во брак да избере сопружник кој ќе му биде доживотен близок пријател?

  • Што може да им помогне на брачните парови да си го зајакнат пријателството?

  • Што може да им помогне на сопружниците да останат блиски кога ќе се соочат со проблеми во бракот?

ПЕСНА 132 Сега сме едно

a Прашањата кои следат подеднакво се однесуваат и на мажите и на жените.

b Повеќе предлози за тоа како да се запознаете, има во статијата „Како да имаш успешна врска“, која излезе во Стражарска кула од мај 2024, во поднасловот „Добро запознајте се еден со друг“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели