ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Февруари стр. 14-19
  • Продолжи да напредуваш кон крштавање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи да напредуваш кон крштавање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЗОШТО НЕКОИ СЕ КОЛЕБААТ
  • ЗОШТО ТРЕБА ДА ИМАМЕ НА УМ ДЕКА КРАЈОТ Е БЛИЗУ
  • НЕ ГО ОДЛОЖУВАЈ ТВОЕТО КРШТАВАЊЕ
  • Значењето и важноста на крштавањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Дали си подготвен да му го заветуваш својот живот на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Продолжи да го следиш Исус и по крштавањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Не колебај се да се крстиш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Февруари стр. 14-19

20-26 АПРИЛ 2026

ПЕСНА 49 Да го израдуваме срцето на Јехова

Продолжи да напредуваш кон крштавање

Сега е особено поволното време! (2. КОР. 6:2, фус.)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Сега е време да изградиме блиско пријателство со Јехова и да се крстиме.

1. а) Кои се некои благослови што ќе ги добиеме ако се крстиме? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?

ДАЛИ во молитва си му се заветувал на Јехова и потоа си се крстил? Ако да, тогаш си упатил до Бог молба за чиста совест (1. Пет. 3:21). Со тоа им оставаш добар пример на оние од твоето собрание кои сѐ уште не се крстиле. Значи, си донел многу мудра одлука! Но, што ако сѐ уште не си се крстил? Без сомнение, ти го сакаш Јехова и сакаш да ја вршиш неговата волја. Знаеш дека крштавањето е неопходно за да ти бидат простени гревовите и за да станеш близок пријател со Јехова (Дела 2:38-40). Но можеби сѐ уште се колебаш да го направиш тој чекор. Што може да ти помогне? Во оваа статија ќе разгледаме: 1) зошто некои се колебаат да се крстат, 2) зошто е мудро да имаме на ум дека крајот е близу и 3) како ќе ти користи ако продолжиш да напредуваш кон крштавање без да одложуваш.

ЗОШТО НЕКОИ СЕ КОЛЕБААТ

2. Зошто некои се колебаат да се крстат?

2 Некои се колебаат да се крстат, затоа што се плашат. На пример, иако сакаат да му служат на Јехова, тие се плашат дека никогаш нема да можат да му угодат. Ако и ти се чувствуваш така, читај библиски стихови кои ќе ти помогнат да сфатиш дека Јехова не очекува совршенство од тебе и дека се радува кога му го даваш твоето најдобро (Пс. 103:13, 14; Кол. 3:23). Ако се плашиш од противење, моли го Јехова да ти помогне да ја стекнеш истата доверба што ја имал псалмистот, кој напишал: „Јехова е на мојата страна; нема да се плашам. Што може да ми направи земен човек?“ (Пс. 118:6).

3. Што друго би можело да спречи некого да се крсти? (Види ја и сликата.)

3 Некои што го сакаат Јехова го одложуваат своето крштавање бидејќи мислат дека немаат доволно знаење. Но, дали треба да знаеш сѐ за Библијата за да можеш да се крстиш? Не. Да разгледаме еден пример од Библијата. Една вечер, Јехова предизвикал земјотрес за да ги ослободи Павле и Сила од затвор, и потоа тие имале прилика да им сведочат на затворскиот чувар и на неговото семејство. Чуварот и неговото семејство веројатно сфатиле дека се случило чудо. Освен тоа, таа ноќ, тие научиле некои важни работи за Јехова и за Исус. Како резултат на тоа, биле поттикнати веднаш да се крстат (Дела 16:25-33). Ако го познаваш Јехова, го сакаш со сето свое срце, си стекнал основно познавање за библиските учења, си се покајал за своите гревови и ако си решен да живееш во склад со неговите мерила, тогаш си подготвен да се крстиш (Мар. 12:30).

Павле и Сила им сведочат на затворскиот чувар и на неговото семејство ноќе. Тие слушаат внимателно.

Откако Павле и Сила им сведочеле, затворскиот чувар и неговото семејство биле поттикнати веднаш да се крстат (види во пасус 3)


4. Поради кои други причини некои се колебаат да се крстат? (Види ја и сликата.)

4 Некои кои сакаат да му угодат на Бог се фокусираат на „цената“ што треба да ја платат за да успеат во тоа. Се разбира, пред да донесеме некоја одлука, мудро е внимателно да размислиме за „трошокот“, односно последиците од таквата одлука (Лука 14:27-30). Но, некои се премногу загрижени за жртвите што треба да ги направат за да можат да му служат на Бог. Токму така се чувствувала Кендис. Кога била дете, таа дознала што треба да прави некој за да му угоди на Јехова, но никогаш не го применила тоа. Подоцна, кога била возрасна, повторно почнала да ја проучува Библијата. Таа вели: „Знаев што треба да правам за Јехова, но уживав во начинот на кој живеев иако бев свесна дека тоа не му се допаѓа. Знаев дека ќе ми биде тешко да се откажам од тој начин на живот“. Други мислат дека нема да можат да живеат во склад со високите мерила на однесување кои Јехова ги очекува од оние што ќе се крстат. Тие се плашат дека по крштавањето ќе направат сериозен грев и ќе бидат отстранети од собранието. Ако и ти се колебаш да се крстиш поради ваквите стравови, што можеш да направиш?

Една сестра проучува со една млада жена. Додека сестрата зборува, жената се замислува себеси како пие алкохол и танцува во ноќен клуб со нејзините пријатели.

Некои кои сакаат да му угодат на Бог се загрижени дали ќе можат да ги направат потребните жртви за да му служат (види во пасус 4)


5. На што треба да се концентрираме кога размислуваме дали да се крстиме? (Матеј 13:44-46).

5 Кога сакаме да купиме нешто, не ја гледаме само цената туку и неговата вредност. Ако вредноста е многу поголема од цената, веројатно веднаш ќе го купиме. Слично на тоа, кога размислуваме дали да се крстиме, не треба да мислиме само на цената, односно на промените што треба да ги направиме, туку и на големата вредност што ја има блиското пријателство со Јехова. Исус спомнал два примера за да ја пренесе таа поука. (Прочитај Матеј 13:44-46.) И во двата примера, еден човек со задоволство продал сѐ што имал за да го купи скапоценото нешто што го нашол. И ти си нашол нешто што е скапоцено — вистината за Божјето Царство. Ако се прашуваш дали вреди да живееш во склад со вистината, внимателно размисли за примерите кои ги дал Исус. Би можел да се прашаш: „Дали навистина сум уверен дека добрата вест за Божјето Царство е нешто многу скапоцено? Дали ги ценам моето пријателство со Јехова, надежта што ми ја дал и прекрасното братство?“ Твоите одговори на овие прашања ќе ти помогнат да видиш што треба да направиш за да одлучиш да се крстиш.

6. Што ќе ни помогне да развиеме добра состојба на срцето?

6 Во споредбата за сејачот, Исус кажал дека состојбата на срцето може да спречи некого духовно да напредува. Сепак, Исус кажал и дека некои ќе слушаат „со чисто и добро срце“ и ќе ја прифатат добрата вест за Царството (Лука 8:5-15). Ако те загрижува тоа што твоето срце е поделено, не се откажувај. Со помош од Бог, ти можеш „[да си направиш] ново срце“ кое ќе сака да му биде послушно. Моли го Јехова да ти помогне да си го омекнеш срцето за вистината за Царството да може да даде плод (Езек. 18:31; 36:26).

7-8. Зошто некои млади не напредуваат кон крштавање? (Види ја и сликата.)

7 Некои млади кои го сакаат Јехова не напредуваат кон крштавање поради влијанието од другите. На пример, некои професори можеби ги советуваат учениците „да имаат отворен ум“ за моралните мерила, дури и за оние со кои се прекршуваат Божјите мерила. Но таквиот совет може да води до катастрофални последици (Пс. 1:1, 2; Изр. 7:1-5). Можеш да ја избегнеш оваа опасност така што ќе го следиш примерот на псалмистот, кој на Јехова му рекол: „Стекнав поголема разборитост отколку сите мои учители, зашто размислувам за твоите опомени“ (Пс. 119:99).

8 Искуството покажува дека некои родители кои се Сведоци им отежнуваат на своите деца да одлучат да се крстат. Родителите претерано се концентрираат на образованието и кариерата на нивните деца или едноставно пропуштаат да им помогнат да си постават духовни цели. Што можеш да направиш ако мислиш дека твоите родители би можеле да ти дадат поголема поддршка за духовно да напредуваш? Би можел отворено да разговараш со нив за таа работа. Биди уверен дека, без разлика колку години имаш, ти можеш да бидеш близок пријател со Јехова (Изр. 20:11).

Додека зборува со своите родители, еден тинејџер покажува на лекција 23 од книгата „Радувај му се на животот засекогаш“.

Би можел ли отворено да зборуваш со родителите за твоето крштавање? (види во пасус 8)


9. Зошто можеби некои го одложуваат своето крштавање?

9 Некои што ги исполнуваат условите за крштавање можеби го одложуваат тој чекор, на пример бидејќи сакаат да се крстат во истиот ден со некој пријател или член од семејството. Се разбира, ти можеш да се крстиш во исто време со некој близок. Но, дали поради тоа треба да го одложуваш твоето крштавање? Не заборавај дека заветот што му го даваш на Бог е твое лично ветување. Твоето крштавање не треба да зависи од она што го прави некој друг (Рим. 14:12).

ЗОШТО ТРЕБА ДА ИМАМЕ НА УМ ДЕКА КРАЈОТ Е БЛИЗУ

10. Зошто можеби некои го одложуваат својот духовен напредок?

10 Освен причините што ги спомнавме претходно, некои можеби го одложуваат својот духовен напредок бидејќи мислат дека има уште многу време пред да дојде крајот. Дали таквото размислување е мудро? Исус ги предупредил своите ученици: „Бидете подготвени, бидејќи Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате!“ (Лука 12:40).

11. На што сме поттикнати кога подобро го запознаваме Јехова, и зошто? (Псалм 119:60).

11 Она што треба да нѐ мотивира да му се заветуваме на Јехова е љубовта. Колку подобро го запознаваме нашиот Бог кој многу нѐ сака, толку повеќе сме поттикнати да ги сакаме неговите заповеди и да почнеме да се држиме за нив што е можно поскоро. (Прочитај Псалм 119:60.) Јаков спомнал друга важна причина зошто треба без одложување да им бидеме послушни на Јеховините заповеди: Никој од нас не знае што му носи утрешниот ден. Затоа, треба да го користиме секој ден за да го правиме она што е исправно, односно она што знаеме дека Јехова го очекува од нас (Јак. 4:13-17).

12. Што можеме да научиме од споредбата на Исус за лозјето?

12 Сепак, некои можеби си мислат дека не прави разлика дали ќе се крстат сега или подоцна. Тие можеби ја имаат на ум споредбата на Исус за лозјето и си мислат: „Па, нели тој објаснил дека некои што работеле само еден час добиле иста плата како оние што работеле цел ден?“ Тоа е точно, но зошто оние што работеле само еден час не почнале порано? Тие рекле: „Затоа што никој не нѐ најми“. Тие работници не биле мрзливи — тие би работеле цел ден, но никој не ги најмил. Веднаш штом биле повикани, тие се фатиле за работа (Мат. 20:1-16). Денес, Исус нѐ повикал да станеме негови ученици и да го извршуваме проповедничкото дело. Треба да го прифатиме неговиот повик веднаш штом ќе го чуеме.

13. Што можеме да научиме од жената на Лот?

13 Некои можеби го одложуваат својот духовен напредок бидејќи мислат дека, кратко пред да дојде крајот, ќе успеат да ги направат потребните промени за да му угодат на Бог. Но колку повеќе чекаат, толку потешко ќе им биде да ги направат потребните промени. Исус го знаел ова и затоа ги предупредил своите ученици: „Сетете се на Лотовата жена“ (Лука 17:31-35). Таа била свесна дека наскоро Јехова ќе ги уништи Содом и Гомор. Сепак, се чини дека таа не била подготвена да се откаже од она што го поседувала (1. Мој. 19:23-26). Овој извештај исто така нѐ потсетува дека вратата на спасение нема да остане отворена бесконечно. Во времето што Бог го одредил, таа врата ќе се затвори и засекогаш ќе остане заклучена (Лука 13:24, 25).

14. Како треба да влијаат врз тебе библиските пророштва за крајот?

14 Она што секој ден се случува во светот докажува дека библиските пророштва за крајот на овој свет се исполнуваат. Иако можеби ти лично не си погоден од некои од тие настани, она што се случува во многу делови од светот треба да те поттикне колку што е можно поскоро да ги направиш потребните промени за да се крстиш. Размисли за еден пример од првиот век. Апостол Петар ги поттикнал христијаните да бидат разборити бидејќи се приближил крајот на сѐ (1. Пет. 4:7). „Крајот“ за кој зборувал тој очигледно се однесувал на времето кога Ерусалим и неговиот храм ќе биле уништени. Христијаните на кои Петар им пишал живееле далеку од Ерусалим и затоа неговото уништување немало да влијае директно врз нив (1. Пет. 1:1). Меѓутоа, кога го виделе исполнувањето на тоа пророштво, им се зајакнала верата дека ќе се исполнат сите други ветувања на Јехова. Слично на тоа, додека гледаш како се исполнуваат пророштвата за крајот ќе бидеш поттикнат да направиш сѐ што е потребно за да напредуваш кон крштавање.

15. Како можеме да бидеме подготвени за Јеховиниот ден? (2. Петрово 3:10-13).

15 Во своето второ писмо, Петар објаснил како можеме да се подготвиме за Јеховиниот ден, односно за крајот на овој свет. За христијаните од првиот век тој ден требало да дојде во далечна иднина. Сепак, Петар им рекол да го имаат на ум тој ден. (Прочитај 2. Петрово 3:10-13.) Ние го имаме Јеховиниот ден на ум така што секогаш сме свесни дека тој наскоро ќе дојде. Освен тоа, даваме сѐ од себе за да бидеме подготвени кога тој ќе дојде, така што нашите дела ќе бидат свети и по нив ќе се гледа дека сме му оддадени на Бог. Замисли колку се радува Јехова кога гледа дека правиш работи кои му се допаѓаат! А уште порадосен ќе биде кога ќе види како му го заветуваш својот живот и се крштаваш.

НЕ ГО ОДЛОЖУВАЈ ТВОЕТО КРШТАВАЊЕ

16. Кога е најдоброто време да напредуваш кон крштавање? (2. Коринќаните 6:1, 2; види ги и сликите).

16 Најдоброто време да напредуваш кон крштавање е токму сега. (Прочитај 2. Коринќаните 6:1, 2.) Етиопскиот дворјанин, кого Филип го сретнал, сфатил дека треба веднаш да се крсти. Откако ја разбрал добрата вест и му се укажала прилика да се крсти, тој не си помислил: „Прво, сакам да дознаам повеќе за добрата вест. По патот ќе има друго место со вода каде што ќе можам да се крстам“. Наместо тоа, тој го прашал Филип: „Што ме спречува да се крстам?“ (Дела 8:26, 27, 35-39). Колку убав пример! Откако се крстил, дворјанинот радосно отишол по својот пат.

Слики: 1. Етиопскиот дворјанин стапнува во вода додека Филип го кани да се крсти. 2. Интересентката и сестрата од претходната слика радосно зборуваат со двајца старешини во салата за состаноци.

Од примерот на етиопскиот дворјанин учиме дека најдоброто време да напредуваме кон крштавање е токму сега (види во пасус 16)a


17. Во што можеш да бидеш уверен?

17 Ако се колебаш да се крстиш, биди уверен дека Јехова сака да ти помогне да станеш негов близок пријател (Рим. 2:4). Тој може да ти помогне да ги победиш стравовите, грижите и надворешните влијанија кои можеби ти отежнуваат да се крстиш. Откако ќе се крстиш, ќе чувствуваш голема радост поради тоа што го правиш она што му се допаѓа на Јехова, и веројатно ќе сфатиш дека „она што е зад [тебе]“ повеќе не ти е важно (Фил. 3:8, 13). Тогаш ќе можеш да го очекуваш „она што е пред [тебе]“, односно исполнувањето на ветувањата што Јехова ги дал за оние што му го заветувале својот живот и се крстиле (Дела 3:19).

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Зошто некои се колебаат да се крстат?

  • Зошто не е мудро да го одложуваш твоето крштавање?

  • Кога е најдоброто време да напредуваш кон крштавање?

ПЕСНА 38 Тој ќе те зајакне

a ОПИС НА СЛИКАТА: Исто како што етиопскиот дворјанин му кажал на Филип дека сака да се крсти, една интересентка им пристапува на старешините и им кажува дека има желба да се крсти.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели