20-26 ЈУЛИ
ЕРЕМИЈА 18 — 19
Песна 44 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Ти можеш повторно да станеш пријател со Јехова
(10 мин.)
Јехова го поттикнал народот на Јуда да престане со злите дела (Ере 18:11; it „Ваал“ бр. 4, пас. 23-mwbr)
Јехова знаел дека тие можат да се променат дури и кога велеле: „Не надевај се!“ (Ере 18:12)
Ние не сме ниту беспомошни ниту безнадежни во борбата против гревот (Ере 18:7, 8; w25.08 23, пас. 11-12)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Ере 18:6; 19:10, 11 — Во која смисла Јехова е Големиот Грнчар? (w16.06 6-7, пас. 2-3)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Ере 19:1-11 (th лекција 5)
4. Започнување разговори
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс и покажи му на лицето како изгледа курсот. (lmd лекција 4: точка 3)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Продолжете да разговарате за трактатот што си му го оставил на лицето претходниот пат. (lmd лекција 9: точка 3)
6. Објасни ги своите верувања
(4 мин.) Говор. ijwbq статија 44 — Тема: Дали имаме слободна волја или Бог ни ја одредува судбината? (th лекција 20)
Песна 38
7. Како духовно да закрепнеш
(15 мин.) Дискусија.
Многумина кои го напуштиле Јехова сѐ уште го сакаат. Тие можеби не знаат како да му се вратат или се чувствуваат недостојни. Исто како што му помогнал на својот народ во минатото, Јехова и денес може да им помогне на оние кои сакаат да му се вратат.
Некој што престанал да му служи на Јехова не треба да мисли дека мора одеднаш да започне со сите теократски активности. Најпрво можеби ќе треба духовно да зајакне. Ако си се оддалечил од Јехова, како можеш постепено да ја градиш својата духовна рутина?
Моли му се на Јехова и барај помош од него (1Пе 5:7). Јехова ветил дека ќе ни помогне да си ја вратиме силата (Иса 40:28, 29).
Секој ден храни се духовно, макар и малку. Можеби читај некоја статија или гледај некој видеоклип на jw.org, или пак прочитај неколку библиски стихови. Исто како што физичката храна нѐ зајакнува во физички поглед, така и духовната храна нѐ зајакнува во духовен поглед (Пс 1:2, 3).
Обиди се што поскоро да присуствуваш на некој собраниски состанок. Јехова ни дава охрабрување и поддршка преку состаноците (Ев 10:24, 25).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Од корен си го сменив животот. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи од видеоклипот?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) wcg „Писмо од Водечкото тело“ и вовед