13-19 ЈУЛИ
ЕРЕМИЈА 16 — 17
Песна 34 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Важно е во кого имаме доверба
(10 мин.)
На Јехова не му се мили оние што ја полагаат својата доверба во луѓе (Иса 30:1, 2; Ере 17:5)
На таквите луѓе животот нема да им е лесен (Ере 17:6; it „Смрека“ бр. 2-mwbr)
Оние кои ја полагаат својата доверба во Јехова ќе имаат убав живот (Ере 17:7, 8; w09 1/3 17, пас. 2)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Ере 17:7 — Зошто да имаме доверба во Јехова вклучува и да имаме доверба во браќата што предводат? (w22.02 4, пас. 7-8)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Ере 17:5-18 (th лекција 5)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Воведи некој видеоклип од категоријата „Главни публикации за служба“ и дискутирајте за него. (lmd лекција 5: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 7: точка 4)
6. Водење библиски курсеви
Песна 54
7. Млади, имајте доверба во советите од Библијата
(15 мин.) Дискусија.
Ако си млад и неискусен, ти си му омилена мета на Сатана (1Мо 3:1). Веројатно, на училиште скоро секој ден се соочуваш со деликатни ситуации. Можеш да се заштитиш себеси од многу болка така што ќе имаш доверба во Јехова и ќе бараш совет од неговата Реч. Запиши некој библиски пример или стих што може да ти помогне во следниве ситуации:
Соучениците те исмеваат затоа што си поразличен од нив
Во собранието не можеш да си најдеш пријател кој е на твоја возраст
Некој соученик сака да станете поблиски така што ќе комуницирате преку телефон или социјални мрежи
Некој наставник се обидува да те одврати од твојата цел да започнеш со полновремена служба откако ќе го завршиш школувањето
Пушти ја ПОУЧНАТА АНИМАЦИЈА Дали Библијата навистина може да ти помогне? Потоа, прашај ги присутните:
Што научи од видеоклипот?
ПРЕДЛОГ: Прифати го следниов предизвик: Едно поглавје на ден! Секој ден читај по едно поглавје од Библијата и потоа истражувај за оние стихови за кои сакаш да дознаеш нешто повеќе. Види колку денови непрекинато можеш да го правиш тоа. Ова може да ти помогне да научиш да размислуваш како Исус и да знаеш како да постапиш во ситуации кога ќе треба брзо да реагираш (1Ко 2:16).
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 102-103