27 ЈУЛИ — 2 АВГУСТ
ЕРЕМИЈА 20 — 21
Песна 73 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Еремија храбро проповедал
(10 мин.)
Еремија бил прогонуван затоа што ги објавувал Јеховините осуди (Ере 20:2, 8)
Еремија се обесхрабрил и сакал да престане да проповеда (Ере 20:9а)
Еремија можел да продолжи храбро да проповеда затоа што ги имал Јеховината реч и поддршка (Ере 20:9б, 11; w11 15/3 30, пас. 9; w10 15/2 7, пас. 8-9)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Ере 20:12 — На што нѐ поттикнува овој стих? (w13 15/3 10, пас. 11)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Ере 20:7-18 (th лекција 2)
4. Започнување разговори
(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Обиди се на природен начин да му дадеш до знаење на лицето дека си Јеховин сведок. (lmd лекција 2: точка 4)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Сподели некоја вистина од додаток А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 9: точка 3)
6. Објасни ги своите верувања
(4 мин.) Приказ. Едно дете или тинејџер вежба со својот родител како да изнесе презентација на училиште на темел на статијата од ijwwd статија 44. (th лекција 13)
Песна 57
7. Биди приспособлив — покажи личен интерес
(15 мин.) Дискусија.
Пред да одиме во служба, можеби сме се подготвиле да започнуваме разговори на тема за која размислуваат многу луѓе на нашето подрачје (lmd лекција 1: точка 3). Но што ако сфатиме дека друга тема би била посоодветна за некој станар? Пред да му ја пренесе добрата вест со еден слеп човек, Исус направил добро дело за него (Јвн 9:1, 6, 7, 35-38). Што учиме од ова? Кога некој ќе почувствува дека искрено се грижиме за него, поверојатно е дека ќе сака да ја слуша нашата порака. Затоа, кога проповедаме од куќа до куќа важно е да се обидеме да си замислиме како се чувствува станарот и да покажеме личен интерес.
Прочитај 1. Коринќаните 9:20-23. Потоа, прашај ги присутните:
Како Павле покажал дека искрено се грижи за луѓето?
Зошто Павле вложил труд да ја приспособи својата порака?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ „Сакаме да ја објавуваме добрата вест“ — да бидеме подготвени — извадок. Потоа, прашај ги присутните:
Иако братот беше подготвен да зборува на одредена тема, како се приспособи на ситуацијата?
Зошто е важно да покажеме искрена грижа?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) wcg вовед во дел 1, временски приказ, и погл. 1