ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb26 Јули стр. 2-3
  • 6-12 јули

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 6-12 јули
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2026)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2026)
mwb26 Јули стр. 2-3

6-12 ЈУЛИ

ЕРЕМИЈА 13 — 15

Песна 123 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

Слики: Еремија ги следи упатствата од Јехова. 1. Тој размислува за упатствата од Јехова додека во рацете држи ленен појас. 2. Тој патува со камила низ една пустина. 3. Тој ја води камилата низ пустина додека во позадина заоѓа сонцето.

Еремија внимателно размислува за Јеховините упатства

1. Јехова заслужува да му бидеме послушни

(10 мин.)

Иако можеби бил збунет од Јеховините упатства, Еремија вложил голем труд да ги послуша (Ере 13:1-7; jr 51-52, пас. 17-18)

Еремија подоцна дознал од која важна причина Јехова му ги дал тие упатства (Ере 13:8-11; jr 52, пас. 19)

Ние се трудиме да го следиме примерот на Еремија, дури и кога не ги разбираме причините за упатствата (w22.12 21, пас. 16; w08 15/6 19, пас. 7)

Група Сведоци се собрани во подрум за време на големата неволја и слушаат додека еден старешина чита упатства од организацијата. Еден од браќата гледа сомничаво.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Ере 15:16, 17 — Како можеме да се угледаме на Еремија и да го победиме обесхрабрувањето? (w07 15/3 10, пас. 3)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Ере 13:1-14 (th лекција 2)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Користи некој трактат за да започнеш разговор. (lmd лекција 1: точка 5)

5. Правење повторни посети

(4 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Сподели некоја статија од jw.org во врска со темата за која сте зборувале претходниот пат. (lmd лекција 9: точка 4)

6. Говор

(5 мин.) lmd додаток А: точка 18 — Тема: Исус ги прорекол настаните што ги гледаме денес. (th лекција 7)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 49

7. „Послушноста е подобра од жртвите“

(15 мин.) Дискусија.

Откако Саул не ги послушал Јеховините јасни упатства, Самоил му кажал дека „послушноста е подобра од жртвите“.

Прочитај 1. Самоилова 15:3, 7-9, 22, 23. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како цар Саул не го послушал Јехова, и кои можеби биле некои причини за тоа?

  • Зошто послушноста кон Јехова е подобра од жртвите?

  • Зошто бунтовноста е грев еднаков на гатање?

Прочитај Лука 16:10. Потоа, прашај ги присутните:

  • Зошто треба да бидеме послушни дури и во навидум мали работи?

  • Кои работи некои можеби ги сметаат за мали?

Сцена од видеоклипот: „Биди пријател со Јехова — Зошто да го слушаме Бог кога не го гледаме?“ Софија одбива да препишува на тест од еден соученик.

Пушти го видеоклипот Биди пријател со Јехова — Зошто да го слушаме Бог кога не го гледаме? Потоа, прашај ги присутните:

  • Што научи од видеоклипот?

8. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавја 100-101

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 61 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели