ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/00 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 13 март
  • Седмица што почнува од 20 март
  • Седмица што почнува од 27 март
  • Седмица што почнува од 3 април
Нашата служба за Царството 2000
km 3/00 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

Седмица што почнува од 13 март

Песна 213

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Ние проповедаме добра вест“. Ограничи ги уводните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Дај примери на позитивни библиски мисли кои можат да се извлечат од книгата Спознание кога ќе се нуди во службата.

20 мин: „Можеме ли да го направиме април 2000 наш најдобар месец досега?“ (пасуси 1—11). Прашања и одговори. Спомни го највисокиот број помошни пионери во последно време во собранието. Некои од нив нека раскажат за личните користи што ги извлекуваат од тоа што го зголемиле своето учество во службата. Охрабри го собранието да работи на нов највисок број помошни пионери во текот на април. Разгледај ги квалификациите што се изнесени во книгата Наша служба, страници 113, 114. Објавителите што сакаат да бидат помошни пионери можат да добијат молба после состанокот.

Песна 187 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 март

Песна 21

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: „Што можам да направам?“ Еден водител на студија на книга дискутира за статијата со еден или двајца слуги помошници. Заради различни ограничувања, некои објавители можеби мислат дека не можат многу да придонесат за активноста во собранието. Разгледај некои од многуте начини на кои сите ние можеме да дадеме скапоцен придонес за зајакнување на собранието и за унапредување на делото на Царството. Заклучи со тоа што ќе покажеш како може секој да ‚учествува во финалниот извештај‘ (Види Наша служба, страници 108—110).

20 мин: „Можеме ли да го направиме април 2000 наш најдобар месец досега?“ (пасуси 12—18). Прашања и одговори. Вклучи краток приказ за тоа како да поканиш некој свој познаник на Меморијалот. Разгледај го месецот април на Календарот за 2000 и дај краток преглед на состаноците за служба што се планирани локално. Потсети ги сите да си направат практичен распоред за колку што е можно поголемо учество во службата во текот на месецот, со поставена цел од 100-процентно учество на собранието. Охрабри ги сите што можат да бидат помошни пионери да земат молба после состанокот.

Песна 57 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 март

Песна 222

10 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба на теренот во март. Објави ги имињата на оние што ќе бидат помошни пионери во април. Објасни дека сѐ уште не е предоцна да се поднесе молба. Изнеси го целиот распоред за состаноци за служба на теренот што се планирани за тој месец. Охрабри ги сите да учествуваат во службата овој викенд и со тоа добро да го започнат месецот април. Во текот на месецот ќе нудиме поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Истакни по една статија и соодветна мисла за разговор што може делотворно да се користи во презентацијата на секое од најновите изданија. Сите треба да имаат примерок од брошурата Бара и да настојуваат да ја користат за да започнат библиски студии со заинтересираните лица.

13 мин: „Побарај помош“. Говор и дискусија со присутните што ја води старешина. Објасни дека на сите нас одвреме навреме ни е потребна некаква помош. Се разбира, секој треба да си го понесе својот товар (Гал. 6:5). Меѓутоа, кога не можеме да се справиме, не треба да се колебаме да бараме помош од некој духовно зрел член на собранието. Повикај ги присутните да раскажат искуства кои покажуваат колку ги охрабрила љубезната помош што им била дадена.

10 мин: Локални потреби.

12 мин: Разгледај го Годишникот за 2000. Дискусија со присутните и разгледување на врвните точки од „Вкупни збирови за 1999“ на страница 31. Дискутирај и за ‚Писмото од Водечкото тело‘, на страници 3—5. Некои нека коментираат за тоа како ќе постапуваат понатаму според даденото охрабрување.

Песна 195 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 3 април

Песна 72

10 мин: Локални известувања и искуства од службата на теренот. Употреби избрани неодамнешни искуства од локалното подрачје што ќе ги охрабрат и другите да учествуваат.

17 мин: „Ќе се проучува Даниеловото пророштво“. Прашања и одговори. Кратко коментирај за тоа какви користи ни претстојат од проучувањето на библиската книга Даниел. (Види поглавје 1, пасуси 15—17 во книгата Даниеловото пророштво.) Охрабри ги сите редовно да присуствуваат на Собраниската студија на книга.

18 мин: Треба ли да известам сериозен престап? Срдечен говор на еден старешина, упатен до младите. Во денешново општество се појавија многу проблеми кои имаат штетно влијание врз младите: опаѓање на моралните мерила, пораст на насилството, злоупотреба на дрога и непочитување на авторитетот. Некои тинејџери живеат двоен живот и го кријат своето лошо однесување. Тоа претставува вистинска закана за духовната благосостојба на целото собрание. Некои прават сериозни престапи и сакаат да го држат тоа во тајност. Ако дознаеш дека некој брат или сестра во собранието направил нешто што претставува сериозно прекршување на Божјиот закон, што треба да направиш? Разгледај го начелото што е изнесено во 3. Мојсеева 5:1. (Види и w 15.8.97, страници 27—30.) Осврни се на книгата Младите прашуваат, страници 68, 69, и објасни како треба да се постапи во таков случај.

Песна 62 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели