,Што можам да направам?‘
1 ,Што можам да направам?‘ Несомнено ова прашање било во мислите на членовите на малата група за проучување на Библијата што ја организирал Чарлс Тејз Расел во 1870-тите. Како што напредувале во нивното разбирање на Божјата волја, тие рани Библиски студенти мора да се прашувале што можат да направат за да им помогнат на другите да научат за Божјата намера. Сигурно им изгледало дека е огромна задача да го достигнат целиот свет со библиското спознание што го стекнувале.
2 За наша среќа, тие успешно се соочиле со тој предизвик. Како? Секој поединец го дал својот навидум незначителен дел и како резултат на тоа денес Јеховините сведоци се познати ширум светот — организација со речиси шест милиони објавители на Царството кои служат во приближно 90.000 собранија во 234 земји и морски острови! (Иса. 60:22).
3 Дај ја твојата целосна поддршка: Многу е важно секој од нас да има некаков удел во огромното дело кое Исус прорекол дека ќе се извршува во последните денови (Мар. 13:10). Сигурно дека ова дело не може да им се остави само на ограничен број старешини; ниту, пак, проповедничката активност паѓа само на грбот на пионерите. Всушност, секој предаден христијанин игра важна улога. Секој од нас може да учествува во некој облик на проповедничката активност (1. Тим. 1:12). Без разлика до колкава мера го правиме ова, имаме корист и ние и другите (1. Тим. 4:16).
4 Секој може да даде целосна поддршка на нашето христијанско братство и на други значајни начини. Можеме да ги поддржуваме собраниските состаноци со тоа што редовно ќе присуствуваме и воодушевено ќе учествуваме (Псал. 121:1, 8, 9). Можеме да го дадеме својот дел за да го зачуваме собранието морално чисто. Можеме да дадеме финансиска поддршка за светското дело, во зависност од нашите средства. Можеме да учествуваме во чистењето на Салата на Царството. Секој може да унапредува срдечен дух на љубов и единство во собранието со тоа што ќе им помага на новите, младите и постарите (Кол. 3:12, 14).
5 Затоа можеби ќе прашаш: ‚Што можам да направам?‘ Иако твоите поединечни напори можеби изгледаат мали, со тоа што ќе го правиш твојот дел, придонесуваш за едно силно, активно и здраво собрание. Така, сите ние имаме многу важен удел во оддавањето чест на Јеховиното име!