ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 15/8 стр. 8
  • Победа на Сојузниот уставен суд

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Победа на Сојузниот уставен суд
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Поднаслови
  • Едногласна одлука за Јеховините сведоци
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 15/8 стр. 8

Победа на Сојузниот уставен суд

ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ во Германија извојуваа значајна победа на Сојузниот уставен суд во Карлсруе. Со тоа презедоа еден важен чекор во врска со своето признание.

Јеховините сведоци се активни во Германија повеќе од 100 години. Тие преживеаја свирепо прогонство од страна на две диктатури во 20 век — националсоцијалистите и комунистите. Од 1990 Сведоците бараат законско признание како јавно правно тело. По две поволни и една поништена судска одлука, Сведоците се жалеа до Сојузниот уставен суд, кој својата одлука ја соопшти на 19 декември 2000 година.

Едногласна одлука за Јеховините сведоци

Сите седум судии од судот донесоа одлука во корист на Сведоците. Судиите ја укинаа пресудата на Сојузниот управен суд донесена во 1997 година и му дадоа налог на тој суд да ја преиспита молбата на Сведоците.

Сојузниот уставен суд ја искористи таа можност да даде коментар за фундаменталниот однос меѓу државата и религиозните групи. Во основа, статусот на една религија „не се одредува според нејзините верувања, туку според нејзиното однесување“.

Исто така, судот забележа дека кога практикуваат „христијанска неутралност“, Сведоците „не го напаѓаат принципот на демократијата“ и „не сакаат да ја заменат демократијата со некаков друг облик на влада“. Според тоа, фактот што не учествуваат во политички избори не треба да се користи против Сведоците при нивното барање законско признание (Јован 18:36; Римјаните 13:1).

Судот понатаму забележа дека еден верник — сеедно дали е Сведок или е од некоја друга вера — понекогаш би можел да се најде во ситуација кога барањата на државата и барањата на неговата вера се судруваат. Ако поединецот ја следи својата совест со тоа што „повеќе ќе им биде послушен на начелата на верата отколку на законот“, државата би можела да го смета тоа за оправдано и во рамките на религиозната слобода (Дела 5:29).

Судската одлука доби голем публицитет на насловните страници. Речиси и немаше весник во Германија каде што не се појави извештај за случајот. Сите големи телевизиски и радиостаници емитуваа извештаи или интервјуа. Никогаш порано во Германија не му бил даден толку широк публицитет на името Јехова.

[Извор на слика на страница 8]

AP Photo/Daniel Maurer

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели