ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 178
  • Кој бил Јован Крстител?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој бил Јован Крстител?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Зошто Јован Крстител бил посебен?
  • Кои биле родителите на Јован Крстител?
  • Кој е одговорен за смртта на Јован Крстител?
  • Дали Јован Крстител и Исус биле соперници?
  • Јехова ја наградува истрајноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Јован ги испратил учениците кај Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Дали на Јован му недостига вера?
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали Јован Крстител бил вистинска личност?
    Разно
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 178
Јован Крстител крштава еден човек во река.

Кој бил Јован Крстител?

Што вели Библијата:

Јован Крстител бил Божји пророк (Лука 1:76). Се родил на крајот од првиот век пр. н.е., кратко пред да се роди Исус. Бог му дал задача да го подготви патот за Месијата, односно за Христос. Јован го правел тоа така што им ја проповедал Божјата порака на своите сонародници Евреите за да им помогне да му се вратат на Бог (Марко 1:1-4; Лука 1:13, 16, 17).

Пораката на Јован им помогнала на искрените луѓе да сфатат дека Исус од Назарет е ветениот Месија (Матеј 11:10). Јован ги поттикнувал оние што го слушале да се покаат за своите гревови и да се крстат во знак на покајание (Лука 3:3-6). Бидејќи крстил многу луѓе, Јован бил наречен Крстител. Најважното крштавање што го направил било крштавањето на Исусa (Марко 1:9).

Во оваа статија:

  • Зошто Јован Крстител бил посебен?

  • Кои биле родителите на Јован Крстител?

  • Кој е одговорен за смртта на Јован Крстител?

  • Дали Јован Крстител и Исус биле соперници?

  • Колку луѓе со името Јован се спомнуваат во Библијата?

Зошто Јован Крстител бил посебен?

Било проречено каква задача ќе извршува: Со тоа што проповедал, Јован го исполнил пророштвото за Јеховиниот гласник (Малахија 3:1; Матеј 3:1-3). За него било проречено дека ќе „подготви за Јехова спремен народ“, односно дека ќе им помага на своите сонародници да ја прифатат пораката што ја пренесувал Исус Христос, главниот застапник на Јехова (Лука 1:17).

Имал важна улога во Божјата намера: Исус рекол: „Не се појавил некој поголем од Јован Крстител, но помалиот во царството небесно е поголем од него“ (Матеј 11:11). Јован не бил само пророк туку и проречениот гласник. Затоа, ниту еден Божји слуга што живеел пред него не бил поголем од него. Од зборовите на Исус исто така се гледа дека Јован нема да биде во небесното Царство.b Овој верен пророк умрел пред Исус да го отвори патот за живот на небото (Евреите 10:19, 20). Но, Јован ќе живее на Земјата под власта на Божјето Царство и ќе има можност засекогаш да живее во рајот (Псалм 37:29; Лука 23:43).

Кои биле родителите на Јован Крстител?

Родителите на Јован биле Захарија и Елисавета. Захарија бил еврејски свештеник. Раѓањето на Јован било чудо бидејќи мајка му била неротка, односно не можела да има деца. Освен тоа, таа и Захарија биле „во поодминати години“ (Лука 1:5-7, 13).

Кој е одговорен за смртта на Јован Крстител?

Царот Ирод Антипа наредил да му се отсече главата на Јован. На тоа го наговорила жена му Иродијада. Таа го мразела Јован бидејќи му рекол на Ирод, кој тврдел дека е Евреин, дека неговиот брак со Иродијада не е во склад со еврејскиот закон (Матеј 14:1-12; Марко 6:16-19).

Дали Јован Крстител и Исус биле соперници?

Никаде во Библијата нема потврда дека тие биле соперници (Јован 3:25-30). Напротив, Јован отворено зборувал дека неговата задача е да го подготви патот за Месијата, а не да се натпреварува со него. Јован рекол: „Затоа и дојдов, да крштавам со вода за да му се покаже тој на Израел“. Потоа додал: „Тој е Божјиот Син“ (Јован 1:26-34). Јован многу се радувал кога чул колку голем успех имал Исус во својата служба.

a Исус не направил грев (1. Петрово 2:21, 22). Тој не се крстил затоа што требало да се покае, туку за да покаже дека е спремен да ја врши Божјата волја. Меѓу другото, во тоа било вклучено да го даде својот живот за нас (Евреите 10:7-10).

b Види ја статијата „Кој оди на небото?“

Колку луѓе со името Јован се спомнуваат во Библијата?

Во Библијата се спомнати пет лица кои го носеле името Јован.

  1. 1. Јован Крстител, синот на Захарија и Елисавета (Марко 1:4; Лука 1:57-60).

  2. 2. Таткото на апостол Петар (Јован 1:42).

  3. 3. Апостол Јован, „синот на Зеведеј“ (Матеј 10:2). Овој апостол ги напишал Евангелието по Јован; писмата Прво, Второ и Трето Јованово; како и Откровението.

  4. 4. Јован, наречен Марко, кој го напишал Евангелието по Марко (Дела 12:12).

  5. 5. Еден еврејски поглавар, кој веројатно бил роднина на главниот свештеник Ана (Дела 4:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели