ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w26 Април стр. 20-25
  • Да учиме од „Богот на секоја утеха“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да учиме од „Богот на секоја утеха“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА УТЕХАТА
  • КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ТЕШИМЕ ДРУГИТЕ
  • КОГА ТЕБЕ ТИ Е ПОТРЕБНА УТЕХА
  • Охрабрување за оние што служат во Бетел
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Никогаш не сме сами
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • ,Теши ги сите што тагуваат‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Утеха за жртвите на злоупотреба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2026
w26 Април стр. 20-25

22-28 ЈУНИ 2026

ПЕСНА 90 Да се храбриме едни со други!

Да учиме од „Богот на секоја утеха“

Да ги тешиме другите со истата утеха со која Бог нѐ теши нас самите (2. КОР. 1:4)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да научиме како да ги тешиме другите така што ќе го следиме примерот на Јехова и на оние што се угледале на него.

1. Зошто треба да ги тешиме другите?

СЕКОГО од нас го погодуваат разни неволји, и затоа понекогаш ни се потребни утеха и охрабрување (1. Пет. 1:6). Многу сме благодарни кога некој ќе нѐ утеши. Затоа, кога ќе видиме дека некој страда, треба веднаш да преземеме нешто за да го утешиме (Мат. 7:12). Јехова, „Богот на секоја утеха“, ни покажува како „да ги тешиме оние што се во каква и да било неволја“ (2. Кор. 1:3, 4). Неговиот пример можеме да го следиме така што ќе се тешиме еден со друг (1. Сол. 4:18). Ние го правиме тоа, не затоа што мораме, туку затоа што ги сакаме нашите браќа и сестри. Во оваа статија ќе разгледаме: 1) што вели Библијата за утехата, 2) како можеме да ги тешиме другите и 3) што можеме да правиме кога нам ни е потребна утеха.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА ЗА УТЕХАТА

2. Според Библијата, какви различни значења може да има зборот кој е преведен со „утеха“?

2 Грчкиот збор кој во Библијата е преведен со „утеха“ може да има различно значење во зависност од контекстот. На пример, тоа може да значи да кажеме нешто што ќе придонесе другиот да се чувствува подобро или да го поттикнеме да направи нешто (Рим. 12:8). Дословното значење на овој збор укажува на некој што стои покрај друго лице за да го охрабри. Ова ни создава слика за некој што брзо доаѓа за да му помогне на својот пријател кој е во неволја. Без разлика на видот на помош што му ја пружа неговиот пријател, резултатот од вистинската утеха е ист — лицето што страда е охрабрено и зајакнато.

3. Што можеме да научиме од Варнава? (Види ја и сликата.)

3 Да разгледаме еден пример од Библијата. Еден христијанин по име Јосиф секогаш ги тешел другите и им помагал. Затоа, апостолите го нарекле Варнава, што значи „син на утехата“ (Дела 4:36). Тоа име толку добро го опишувало што во Библијата никогаш повторно не е спомнат по името Јосиф. Варнава честопати им помагал на браќата и сестрите кога тоа им било потребно. Савле бил еден од нив. Кратко откако станал христијанин, Савле отишол во Ерусалим бидејќи сакал да се сретне со тамошните христијани. Но, тие се плашеле од него бидејќи знаеле дека порано ги прогонувал христијаните. Сепак, Варнава имал доверба во Савле и му помогнал да се запознае со апостолите (Дела 9:26-28).

Варнава постапува љубезно со Савле така што го доведува во домот на еден од апостолите и му помага да се запознае со некои од нив. Апостолите гледаат сомничаво кон Савле додека тој им приоѓа.

Варнава бил љубезен со Савле и му помогнал да се запознае со апостолите (види во пасус 3)


КАКО МОЖЕМЕ ДА ГИ ТЕШИМЕ ДРУГИТЕ

4. Кој е еден од најдобрите начини да пружиме утеха? (Римјаните 1:11, 12).

4 Поминувај време со оние на кои им треба утеха. Јехова ги користи своите слуги за да им пружа утеха на другите. На пример, кога пророкот Илија бил потиштен, Јехова употребил еден ангел за да го охрабри (1. Цар. 19:4-7). Апостол Павле исто така бил свесен колку е корисно да ги посетува браќата, бидејќи така можел да ги охрабри. (Прочитај Римјаните 1:11, 12.) Кога ќе се договориш да се сретнеш со некого со цел да го утешиш, одвој си доволно време за тоа (1. Кор. 16:7). Но, ако не можеш да посетиш некого на кого му треба утеха, можеш да го охрабриш така што ќе му се јавиш по телефон или ќе му испратиш писмо, картичка или телефонска порака. Кога спремно им помагаме на нашите браќа и сестри, Јехова може да нѐ употреби за да ги утеши.

5. Какви тешкотии можеме да очекуваме?

5 Животот во овие последни денови ќе станува сѐ потежок. Затоа, можеби ќе ни биде сѐ потешко да се сретнеме со нашите браќа и сестри на кои им е потребна утеха. Можеме да учиме од примерот на Онисифор, кој бил од Ефес. Тој сакал да го утеши Павле, кој бил затворен во Рим. Затоа, Онисифор го барал за да го посети, иако така се ставил во опасност и самиот да биде затворен, па дури и убиен (2. Тим. 1:16-18). Исто како Онисифор, нашите браќа и сестри во Русија се тешат едни со други кога се прогонувани поради својата вера. Кога некој од нив оди на суд, другите браќа и сестри одат во судницата за да го охрабрат, иако и самите можат да бидат уапсени. Како би можел да се подготвиш за и ти да ги тешиш браќата и сестрите на сличен начин? Би можел да проучуваш како Божјите слуги во минатото и во наше време се тешеле едни со други и што им помогнало да останат радосни и покрај прогонството.

6. Како можеме да го следиме примерот на Јехова додека ги тешиме другите? (Види ја и сликата.)

6 Слушај ги. Кога пророкот Илија се плашел дека можеби ќе биде убиен, во молитва му кажал на Јехова како се чувствува. Иако веќе знаел во каква ситуација бил Илија и дека бил многу загрижен, нашиот грижлив Бог внимателно го слушал додека тој му зборувал. Јехова продолжил да го слуша Илија иако тој одново и одново ги кажувал истите работи (1. Цар. 19:9, 10, 14). Пророкот Авакум му кажал на Јехова како се чувствувал поради злото и страдањата што ги гледал. Јехова внимателно го слушал Авакум и не му се налутил кога тој зборувал на начин од кој би можело да се заклучи дека го доведува во прашање Божјиот авторитет (Авак. 1:2, 3). Денес, Јехова внимателно ги слуша нашите молитви иако веќе знае што ни е потребно. Можеме да го следиме примерот на Јехова така што внимателно и со почит ќе ги слушаме нашите браќа и сестри кога зборуваат. Биди „брз на слушање“ додека тие зборуваат, и немој да ги прекинуваш или да се навредуваш дури и ако се чини дека зборуваат непромислено или повторуваат исти работи (Јак. 1:19; Проп. 7:9).

Доцна навечер, една сестра стрпливо слуша додека друга сестра која е вознемирена ѝ кажува како се чувствува.

Следи го примерот на Јехова така што внимателно ќе ги слушаш браќата и сестрите додека зборуваат (види во пасус 6)


7. Што ќе ни помогне да разбереме што му е потребно на некое лице за да го утешиме?

7 Пробај да разбереш што им е потребно. Ние не можеме да ги читаме срцата како Јехова. Затоа, ако сакаме да дознаеме како можеме да утешиме некого, треба внимателно да го слушаме. Немој да си претпоставуваш дека знаеш што му треба на тоа лице само затоа што знаеш што би ти помогнало тебе доколку би бил во слична ситуација. Сите сме различни. Затоа, одвој доволно време за да слушаш внимателно додека тој зборува, биди љубезен и поставувај тактични прашања за да дознаеш како се чувствува (Изр. 20:5).

8. Како Исус им пружил утеха на Марта и Марија откако починал Лазар? (Види ги и сликите.)

8 Размисли како Исус ги утешил Марта и Марија откако починал нивниот брат Лазар. И двете жени претрпеле иста загуба. Сепак, Исус ги тешел на различни начини. Откако ја сослушал Марта, Исус разговарал со неа во врска со воскресението и ѝ помогнал да си ја зајакне верата во таа прекрасна надеж. Но, кога Марија дошла кај него плачејќи, во Библијата не пишува дека тој зборувал со неа за воскресението. Наместо тоа, Исус плачел со Марија и ја прашал каде го положиле телото на Лазар (Јован 11:20-35). Што учиме од овие два примера? Кога ги тешиме оние што страдаат, мора да разбереме кои се нивните потреби наместо да се обидуваме да ги тешиме сите на истиот начин.

Слики: Еден старешина посетува двајца вдовци во нивниот дом. 1. Старешината ја става својата рака на рамото од братот кој плаче. 2. Старешината му чита стих на еден постар брат додека заедно гледаат слики од фотоалбум.

За да можеш да ги тешиш другите, обиди се да разбереш што им е потребно (види во пасус 8)a


9. Како можеме да ја користиме Библијата за да ги тешиме другите? (Римјаните 15:4, 5).

9 Користи ја Библијата. Кога ја споделуваш со некого „утехата од Писмата“, можеш да му помогнеш да си ја зајакне надежта во ветувањата на Јехова. (Прочитај Римјаните 15:4, 5.) Таквата надеж ќе му пружи уште поголема утеха бидејќи ќе му помогне да има доверба дека Јехова го сака и дека ќе се грижи за него (Иса. 40:31). Како можеш да најдеш некој библиски стих за да охрабриш некого? Некои браќа и сестри си имаат список со стихови што ги користат за да ги тешат другите. Такви стихови можеш да најдеш во брошурата Библиски стихови за нашиот живот под темата „Утеха“. Моли го Јехова да ти помогне да ја користиш неговата Реч на најдобар можен начин за да ги храбриш другите. Неговиот свет дух може да ти помогне да се сетиш на соодветни стихови кога ќе ти бидат потребни (Јован 14:26).

10. Зошто мора да зборуваме љубезно кога се обидуваме да утешиме некого?

10 Зборувај љубезно. Понекогаш, можеби ќе треба да ги утешиме нашите пријатели така што ќе им помогнеме да го сменат начинот на кој гледаат на својот проблем. Ако е потребно да му помогнеш некому на таков начин, внимателно размисли пред да кажеш нешто за твоите зборови да не прободуваат како со меч, туку да лекуваат (Изр. 12:18). Јехова ни оставил совршен пример со начинот на кој зборувал со Илија. Илија мислел дека е единствениот што сѐ уште му служи на Јехова и дека не успеал добро да ја изврши задачата како Божји пророк. Јехова љубезно му помогнал да си го исправи размислувањето, без директно да му каже дека не е во право (1. Цар. 19:15-18). И ти можеш да им помогнеш на браќата ако си љубезен со нив и ако внимателно размислиш што ќе кажеш. Кога имаш некоја задача или коментираш на собраниски состанок, секогаш зборувај љубезно и позитивно додека се обидуваш да ги утешиш и зајакнеш браќата и сестрите.

11. Што им е честопати потребно на оние што страдаат поради нешто? (1. Јованово 3:18).

11 Пружи практична помош. На оние кои страдаат поради нешто, не им се доволни само утешни зборови. (Прочитај 1. Јованово 3:18.) Варнава оставил добар пример со тоа што продал дел од својот имот и им ги дал парите на апостолите за тие да можат да им помогнат на браќата и сестрите кои биле сиромашни (Дела 4:36, 37). Многу од нашите соверници денес го следат неговиот убав пример така што им пружаат практична помош на оние што имаат потреба. Габриела од Полска била многу потресена кога нејзиниот дом бил многу оштетен поради една поплава. Таа вели: „Јас и моите родители, кои живееја со мене, бевме многу исплашени и загрижени. Не знаев како ќе го поправиме нашиот дом. Но, браќата од собранијата во близина дојдоа и направија многу поправки само во еден ден. Ова искуство ми ја зајакна верата дека Јехова го користи својот народ за да ги теши оние кои страдаат“.

12. Како можеш да им помогнеш на соверниците кога остануваш верен додека доживуваш неволји?

12 Остани му верен на Јехова. Кога чул дека христијаните во Солун му останале верни на Јехова и покрај тоа што биле прогонувани, Павле бил утешен и зајакнат. Тој многу се трудел да им помогне, и затоа се охрабрил кога дознал дека сѐ уште му служат на Јехова (1. Сол. 3:5-8). Павле знаел дека, ако му остане верен на Јехова додека доживува неволји, и тој ќе може да ги поттикне браќата и сестрите да останат верни (Кол. 2:1, 2). Слично на тоа, браќата и сестрите се многу охрабрени кога гледаат дека Јехова ни помага да му останеме верни додека доживуваме неволји.

13. Што друго ни е потребно ако сакаме да ги тешиме другите?

13 Биди стрплив. Браќата и сестрите што се обесхрабрени можеби нема веднаш да се чувствуваат подобро откако сме се обиделе да ги утешиме. Но, Библијата нѐ поттикнува: „Тешете се меѓусебно“ (1. Сол. 5:11). Изразот „тешете се“ укажува на постојано дејство. Затоа, биди стрплив, и продолжи да ги тешиш оние што се обесхрабрени (1. Сол. 5:14). Се разбира, понекогаш на секого од нас му е потребна утеха. Што можеме да правиме тогаш?

КОГА ТЕБЕ ТИ Е ПОТРЕБНА УТЕХА

14-15. Што треба да правиме кога сме тажни или загрижени?

14 Моли му се на Јехова. Кога си тажен или загрижен, моли го Јехова да те утеши (Пс. 94:19). Биди конкретен во своите молитви и излеј му го срцето (Пс. 62:8). Точно е дека Јехова веќе знае како се чувствуваш уште пред да му се молиш. Но, со тоа што ќе му ги излееш своите најдлабоки чувства му покажуваш дека веруваш дека те сака и дека ги слуша твоите молитви. На оние што имаат вера во него и му се молат, Јехова секогаш ќе им помага, иако можеби не онака како што тие очекуваат (Мар. 11:24). Зборовите од Филипјаните 4:6, 7 нѐ поттикнуваат: „Изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум“.

15 Побарај помош од другите. Кажи му на некој зрел пријател или на некој старешина во кого имаш доверба како се чувствуваш. Браќата и сестрите можат да бидат извор на утеха, но тие можеби нема да знаат како се чувствуваш или што ти е потребно доколку не им кажеш (Изр. 14:10). Можеш да им кажеш дека сакаш да споделиш со нив нешто што те измачува. Исто така, можеш да ги замолиш да споделат со тебе некој библиски стих или статија кои многу ги утешиле.

16. Што можеби ќе се случи кога другите се обидуваат да те утешат, но што треба да имаш на ум?

16 Биди стрплив и простувај. Додека се обидуваат да те охрабрат, браќата и сестрите можеби ќе згрешат нешто. На пример, можеби ќе кажат или ќе направат нешто поради што ќе се чувствуваш уште полошо, а не подобро. Ако се случи тоа, биди стрплив со нив (1. Кор. 13:4, 7). Имај ги на ум зборовите од Јаков 3:2: „Ако некој не греши во зборови, тој е совршен човек“. Концентрирај се на добрите мотиви на браќата и сестрите. Исто како тебе, и тие понекогаш прават грешки иако сакаат да го прават она што е добро (Мат. 26:41).

17. Што треба да бидеме решени да правиме?

17 Бидејќи живееме во последните денови, на сите ни е потребна утеха. Тоа ќе ни биде потребно уште повеќе бидејќи животот во овој свет ќе станува сѐ потежок и нашите непријатели ќе стануваат сѐ погневни. Затоа, да бидеме решени да дадеме сѐ од себе за да се тешиме еден со друг.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што вели Библијата за утехата?

  • Како можеме да ги тешиме другите?

  • Што можеме да правиме кога нам ни е потребна утеха?

ПЕСНА 130 Спремно да простуваме

a ОПИС НА СЛИКАТА: Еден старешина сочувствително слуша еден брат чија сопруга неодамна починала. Подоцна, старешината посетува друг брат чија сопруга починала пред неколку години, и заедно се потсетуваат на убавите спомени со неа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели