Дали Јован Крстител бил вистинска личност?
Во евангелијата се спомнува еден човек познат како Јован Крстител, кој во Јудеја проповедал за Божјето Царство. Дали библиските записи за овој човек се точни? Размисли:
Библијата вели: „Во тие денови се појави Јован Крстител и проповедаше во Јудејската Пустина: ’Покајте се, зашто се приближи царството небесно!‘“ (Матеј 3:1, 2). Дали историчарите даваат поткрепа за ова? Да.
Јосиф Флавиј, историчар од првиот век, пишувал за еден човек по име „Јован, со прекар Крстител“ кој „ги потткнувал Евреите да живеат праведно“, да му бидат „оддадени на Бог“ и „да се крстат“ (Jewish Antiquities, книга XVIII).
Во Библијата пишува дека Јован го прекорил Ирод Антипа, тогашниот управител на Јудеја и Переја. Ирод се изјаснувал како Евреин кој го држи Законот. Зошто Јован го критикувал Ирод? Затоа што се оженил со Иродијада, жената на својот полубрат (Марко 6:18). Историчарите го потврдуваат и овој детаљ.
Јосиф Флавиј напишал дека Антипа „се заљубил во Иродијада“ и „бесрамно ѝ предложил брак“. Иродијада прифатила и го оставила својот маж за да се омажи за Антипа.
Во Библијата читаме: „Кај [Јован] доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од целиот јордански крај и тој ги крштаваше во реката Јордан“ (Матеј 3:5, 6).
Јосиф Флавиј го поткрепува и овој детаљ. Тој напишал дека „мноштва луѓе“ доаѓале кај Јован и дека биле „одушевени и восхитени од неговите проповеди“.
Очигледно, историчарот Јосиф Флавиј од првиот век го сметал Јован Крстител за вистинска личност, а можеме и ние.