ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 166
  • Дали парите се корен на сето зло?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали парите се корен на сето зло?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата
  • Што вели Библијата за парите?
  • Зошто Библијата кажува дека не треба да имаме љубов кон парите?
  • Како ни користат библиските совети за парите?
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Како треба да гледаме на парите?
    Разбудете се! 2007
  • Како да задржиш урамнотежено гледиште за парите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 166
Еден човек посегнува со рацете по многу пари.

Дали парите се корен на сето зло?

Што вели Библијата

Не. Библијата не вели дека парите се зло ниту, пак, вели дека тие се причина за сите лоши работи. Луѓето знаат да кажат дека парите се корен на сето зло. Но ова, всушност, е нецелосна библиска изјава која наведува на погрешен заклучок. Во Библијата стои дека „љубовта кон парите е корен на секакви зла“ (1. Тимотеј 6:10).

  • Што вели Библијата за парите?

  • Зошто Библијата кажува дека не треба да имаме љубов кон парите?

  • Како ни користат библиските совети за парите?

  • Библиски стихови во врска со парите

Што вели Библијата за парите?

Библијата вели дека парите можат да ни користат, па дури и да ни служат како заштита (Проповедник 7:12). Се разбира, под услов мудро да ги трошиме. Освен тоа, Библијата зборува пофално за оние што великодушно им подаруваат нешто на другите, во што може да бидат вклучени и пари (Изреки 11:25).

Од друга страна, Библијата нѐ предупредува да внимаваме животот да не ни се врти околу парите. Во неа пишува: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате“ (Евреите 13:5). Поуката е дека треба да имаме исправен став кон парите и да не трчаме по материјални работи. Наместо тоа, треба да се трудиме да бидеме задоволни со оние работи што вистински ни се потребни, како на пример, храна, облека и покрив над главата (1. Тимотеј 6:8).

Зошто Библијата кажува дека не треба да имаме љубов кон парите?

Оние што се лакоми нема да добијат вечен живот (Ефешаните 5:5). Зошто? Како прво, лакомоста е еден вид идолопоклонство (Колошаните 3:5). Како второ, за да го добијат она што го сакаат, оние што се лакоми честопати ги кршат моралните вредности. Во Изреки 28:20 пишува дека „оној што брза да се збогати, не останува невин“. Таквите луѓе би можеле дури и да извршат кривични дела, како што се уцена, изнудување, измама, киднапирање или убиство.

Дури и ако љубовта кон парите не наведе некого да направи нешто лошо, сепак таа носи други штетни последици. Во Библијата пишува: „Оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу неразумни и штетни желби“ (1. Тимотеј 6:9).

Како ни користат библиските совети за парите?

Ако не ги погазиме моралните и духовните вредности со цел да стекнеме повеќе пари, ќе имаме поголема самопочит, а ќе ја имаме и Божјата наклоност и поддршка. На оние што искрено се трудат да го радуваат, Бог им го дава следново ветување: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“ (Евреите 13:5, 6). Тој исто така нѐ уверува дека верниот човек ќе добие многу благослови (Изреки 28:20).

Библиски стихови во врска со парите

Проповедник 7:12: „Парите се заштита.“

Значење: Кога мудро ги користиме, парите можат да ни користат бидејќи ни пружаат некаква заштита.

Лука 12:15: „Дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува.“

Значење: Парите не се најважното нешто во животот и не можат да ни донесат спасение.

1. Тимотеј 6:10: „Љубовта кон парите е корен на секакви зла и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки.“

Значење: Парите сами по себе не се проблем. Но луѓето кои ги сакаат парите, односно тие им се најважното нешто во животот, си предизвикуваат проблеми. На пример, кај некои љубовта кон парите довела до тоа да им се распадне семејството или, пак, да им се наруши здравјето затоа што работеле прекумерно.

Евреите 13:5: „Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате.“

Значење: Наместо да се трудиме да стекнеме богатство по секоја цена, мудро би било да бидеме задоволни со она што вистински ни е потребно.

Матеј 19:24: „Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку на богатиот да влезе во Божјето царство.“

Значење: Кратко пред да ги каже овие зборови, Исус поканил еден млад богат човек да стане негов следбеник. Човекот не ја прифатил поканата затоа што бил премногу приврзан за она што го поседувал. Затоа Исус го дал ова предупредување. Оној што на прво место во животот го става богатството, а не Бог, се доведува во опасност да го изгуби вечниот живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели