ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 26
  • Дали Бог ќе ми помогне ако му се молам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог ќе ми помогне ако му се молам?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата
  • Дали Јехова ги слуша нашите молитви?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Дали Бог ги слуша нашите молитви?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Дали Бог ги слуша моите молитви?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 26

Одговор на библиски прашања / Молитва / Дали Бог ќе ми помогне ако му се молам?

Што вели Библијата

Да, Бог им помага на оние кои искрено се молат за работи кои се во склад со неговата волја. Можеби никогаш досега не си се молел. Но, во Библијата се зборува за луѓе кои му се молеле на Бог за помош и чиј пример може да те поттикне и тебе да го правиш истото. Еве некои такви примери:

  • „Помогни ми, Јехова, Боже мој, спаси ме според милоста своја!“ (Псалм 109:26).

  • „А мене ме притиска неволја и мака. Боже, брзо помогни ми!“ (Псалм 70:5).

Се разбира, писателот на овие зборови имал силна вера во Бог. Сепак, Бог ги слуша сите кои му се молат со исправен став, како на пример луѓето што се „скршени во срцето“ и оние со „скршен дух“ (Псалм 34:18).

Немој да си мислиш дека Бог е премногу далеку од нас луѓето за да биде заинтересиран за нашите проблеми. Во Библијата пишува: „Јехова е високо, а сепак го гледа понизниот. А надмениот го познава само оддалеку“ (Псалм 138:6). Всушност, во една прилика, Исус им кажал на своите ученици: „А вам и секое влакно на главата ви е изброено“ (Матеј 10:30). Бог забележува детали во врска со тебе за кои дури и ти самиот не си свесен. Тогаш, колку повеќе ќе те слуша кога ќе му се молиш за помош во врска со нешто што те загрижува (1. Петрово 5:7).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели