Thai Liang Lim/E+ via Getty Images
БИДЕТЕ БУДНИ!
Глобална загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз младите
Во текот на 2025 год., владите ширум светот изразија загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз младите. Една држава забрани младите под 16 години да користат социјални мрежи, а и други држави размислуваат да воведат слични мерки.
Интересно е тоа што дури и некои тинејџери се свесни дека социјалните мрежи носат со себе одреден ризик. Според едно истражување во САД од страна на Центарот за истражување Пју, кое беше објавено во април 2025, „речиси половина од тинејџерите (48%) велат дека [социјалните мрежи] главно имаат негативно влијание врз младите на нивна возраст“.
Некои медицински експерти предупредуваат дека социјалните мрежи негативно влијаат врз менталното здравје на младите. Минатата година, д-р Вивек Мурти, тогашниот шеф на јавното здравство на САД, изјави: „Кризата со менталното здравје меѓу младите е во алармантна состојба, а социјалните мрежи се една од главните причини за тоа“.
Како можат родителите да ги заштитат своите деца од опасностите од социјалните мрежи? Библијата дава практични совети.
Што можат да направат родителите
Размисли за овие библиски начела.
„Паметниот внимава на своите чекори“ (Изреки 14:15).
Имајќи ги предвид можните ризици, не се чувствувај под притисок да му дозволиш на твоето дете да користи социјални мрежи. Пред да му дозволиш да користи социјални мрежи, биди сигурен дека твоето дете е доволно зрело да не поминува на нив повеќе време од дозволеното, да задржи добри пријателства и да не се изложува на неприкладни содржини.
За да дознаеш повеќе, прочитај ги статиите „Да ли моје дете треба да користи друштвене мреже?“ и „Помозите тинејџеру да паметно користи друштвене мреже“.
„Добро користете го времето што го имате“ (Ефешаните 5:16, фуснота).
Ако му дозволиш на твоето дете да користи социјални мрежи, постави правила за тоа како да ги користи и објасни му како тие правила ќе го заштитат. Забележувај дали има промени во неговото однесување што можеби покажуваат дека треба да му го ограничиш пристапот до социјалните мрежи.
Со помош на поучната анимација Немој да се заплеткаш во социјалните мрежи помогни му на твоето дете да разбере зошто е неопходно да постојат ограничувања.
Додатни предлози на темел на Библијата родителите можат да најдат во статијата „Врвен здравствен експерт предупредува за штетното влијание на социјалните мрежи врз младите — што вели Библијата?“
Дознај повеќе
Библијата вели дека живееме во „особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1-5). Но таа нуди практични совети кои може да ни помогнат да се справиме со нив. Во статијата „Проблемите со менталното здравје кај тинејџерите во голем пораст — што вели Библијата?“ можеш да најдеш список со повеќе од 20 статии, кои се темелат на Библијата, наменети за родители и нивните деца.