ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mrt статија 57
  • Како ни користи жртвата на Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ни користи жртвата на Исус
  • Разно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Библиски курс
  • Состаноци на Јеховините сведоци
  • Онлајн статии и видеоклипови
  • Како може да ти користат состаноците на Јеховините сведоци?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Особини кои нѐ поттикнуваат редовно да присуствуваме на состаноците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Стани повешт во службата — користи видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Кој е Исус?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Разно
mrt статија 57
Исус го носи столбот на кој требало да умре.

Како ни користи жртвата на Исус

Еднаш годишно, Јеховините сведоци и милиони нивни гости низ целиот свет се собираат за да ја одбележат Спомен-свеченоста по повод смртта на Исус, токму како што заповедал тој (Лука 22:19). Овој настан ни помага да сфатиме од колкаво значење е тоа што Исус го дал својот живот за луѓето. Исто така, ни помага да сфатиме и од какво значење може да биде неговата жртва за нас — и сега и во иднина (Јован 3:16).

Сеедно дали си присуствувал на Спомен-свеченоста оваа година или не, како може лично тебе да ти користи жртвената смрт на Исус? Исус кажал да правиме две важни работи:

  1. 1. Да учиме за Бог и за Исус. Во една прилика, кога му се молел на својот небесен Татко, Исус рекол: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3).

  2. 2. Да живееме во склад со она што го учиме. Исус нагласил дека треба да живееме во склад со неговите учења. На пример, познатата Проповед на гората ја завршил така што го пофалил секој што „ги слуша [неговите] зборови и ги извршува“ (Лука 6:46-48). И во една друга прилика кажал нешто слично: „Кога го знаете тоа, среќни сте ако го правите“ (Јован 13:17).

Дали би сакал да дознаеш нешто повеќе за Бог и за Исус? Дали би сакал некои практични совети за тоа како да живееш во склад со она што го учиш? Еве како би можел да најдеш информации.

Библиски курс

Нашиот бесплатен интерактивен курс им помогнал на мнозина подобро да ја запознаат Библијата и да почнат да живеат во склад со неа.

  • За да дознаеш нешто повеќе, посети ја страницата Библиски курс со некој Јеховин сведок.

  • За да дознаеш како изгледа еден библиски курс со Јеховините сведоци, гледај го видеоклипот Уживај во библискиот курс!

Состаноци на Јеховините сведоци

Јеховините сведоци одржуваат состаноци двапати седмично во своите сали. На состаноците разгледуваме теми од Библијата и се поучуваме како да ги применуваме нејзините учења во својот живот.

Овие состаноци се отворени за јавност; не мора да си Јеховин сведок за да присуствуваш на нив. Во зависност од локалните околности, може да ги следиш состаноците со физичко присуство или преку видеоконференција.

  • Гледај го видеоклипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? за да добиеш претстава како течат нашите состаноци.

  • За да дознаеш каде во твоја близина има состаноци, посети ја страницата Состаноци на Јеховините сведоци.

Онлајн статии и видеоклипови

Многу од статиите и видеоклиповите на оваа интернет-страница може да ти помогнат да дознаеш нешто повеќе за учењата на Исус и за тоа од колкава вредност е жртвата што ја дал.

На пример, за да дознаеш како е можно од смртта на еден човек да имаат корист милиони луѓе, прочитај ги статиите „Исус е нашиот Спасител — што значи тоа?“ и „Зошто Исус страдал и умрел?“ или гледај го видеоклипот Зошто умрел Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели