ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 97
  • Зошто треба да се извинам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто треба да се извинам?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто да се извиниш?
  • Како да се извиниш?
  • За среќен брак: Извинувај се
    Совети за семејствата
  • Дали навистина треба да се извиниш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Научи да кажеш извини
    Разбудете се! 2015
  • Зошто е толку тешко да се извиниш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 97
Еден ученик е искаран од наставникот пред другите ученици.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто треба да се извинам?

Што би направил во следниве ситуации?

  1. Наставникот те опоменува бидејќи лошо се однесуваш на час.

    Дали треба да му се извиниш дури и ако сметаш дека претерал?

  2. Една твоја другарка дознава дека си ја оговарала.

    Дали треба да ѝ се извиниш дури и ако сметаш дека она што си го кажала е вистина?

  3. Татко ти те вади од такт, и грубо му враќаш.

    Дали треба да му се извиниш дури и ако сметаш дека тој те испровоцирал?

Одговорот на овие три прашања е „да“. Но, зошто да се извиниш дури и ако сметаш дека не си само ти виновен?

  • Зошто да се извиниш?

  • Како да се извиниш?

  • Што велат некои млади

Зошто да се извиниш?

  • Извинувањето е знак на зрелост. Кога ја преземаш одговорноста за нешто што си кажал или си направил, покажуваш дека развиваш важни особини кои ќе ти бидат потребни подоцна во животот.

    „Понизноста и стрпливоста можат да ни помогнат да се извиниме и потоа внимателно да слушаме што сака другиот да ни каже“ (Рејчел).

  • Извинувањето ти помага да бидеш во добри односи со другите. Кога некој е спремен да се извини, покажува дека поважно му е да биде во мир со другите отколку да докаже дека е во право.

    „Дури и ако сметаш дека ти ништо не си згрешил, најважно треба да ти биде да зачуваш добри односи со другите. Не губиш ништо ако кажеш ’извини‘, но ќе си го зачуваш пријателството со некого“ (Миријам).

  • Извинувањето ти помага да се чувствуваш подобро. Кога ќе повредиш некого со своите зборови или постапки, може да те измачуваат чувства на вина. Но ако се извиниш, ќе го тргнеш тој товар од плеќите и ќе ти биде полесно.a

    „Понекогаш знаев да бидам груба со мајка ми и со татко ми. После тоа се чувствував лошо, но ми беше тешко да им се извинам. Сепак, кога ќе се извинев, се чувствував подобро бидејќи тоа придонесуваше да се зачува мирот во семејството“ (Ниа).

    Еден тинејџер носи огромен камен на плеќите.

    Кога ќе повредиш некого, може да те измачуваат чувства на вина. Но ако се извиниш, ќе го тргнеш тој товар од плеќите

Дали е лесно да се извиниш? Не баш. Дина, една девојка која повеќе пати морала да се извини затоа што била дрска со мајка ѝ, признава: „Не ми е лесно да се извинам. Чувствувам како да имам кнедла во грлото и не можам да кажам ништо“.

Како да се извиниш?

  • Ако е можно, извини се лице в лице. Така другиот ќе може да види дека искрено се каеш. Од друга страна, ако се извиниш преку порака, другиот можеби нема да ти верува. Дури и ако ставиш тажен емотикон, твоето извинување сепак може да изгледа неискрено.

    Предлог: Ако не си во можност да се извиниш лице в лице, можеш да го сториш тоа преку телефон или картичка. Но што и да избереш, внимателно размисли што ќе кажеш.

    Библиско начело: „Срцето на праведникот промислува што ќе одговори“ (Изреки 15:28).

  • Извини се што е можно побрзо. Ако долго време чекаш за да се извиниш, проблемот меѓу тебе и другото лице може сѐ повеќе да расте, и вашиот однос да станува сѐ понапнат.

    Предлог: Постави си за цел, на пример, да се извиниш уште истиот ден. Откако ќе решиш кога да се извиниш, држи се за таа одлука.

    Библиско начело: „Брзо реши го спорот“ (Матеј 5:25).

  • Искрено извини се. Всушност, не е извинување да кажеш: „Жал ми е што така се чувствуваш“. Една девојка по име Џанел вели: „Оној што си го повредил обично ќе те почитува повеќе ако види дека прифаќаш целосна одговорност за она што си го направил“.

    Предлог: Извини се без да поставуваш услови. Не кажувај нешто во стилот: „Јас ќе се извинам за мојата грешка ако и ти се извиниш за твојата“.

    Библиско начело: „Да се стремиме кон она што придонесува за мир“ (Римјаните 14:19).

Што велат некои млади

Валери.

„Ми треба понизност за да се извинам — особено кога сметам дека не сум само јас крива. Дури и тогаш, се трудам моите зборови да бидат позитивни. Целта ми е да го изгаснам огнот, а не да додадам масло на него“ (Валери).

Филип.

„Кога си спремен да се извиниш, покажуваш дека другите ти се поважни од себе. Можеби ти е непријатно да се извиниш, но тоа ти помага да бидеш подобар пријател и да имаш поцврсти пријателства“ (Филип).

Кендал.

„Понекогаш оној што сум го повредила може да реагира претерано. Но, тоа не значи дека јас сум во право. Подобро е да се обидам да сфатам како се чувствува. Ако некој е повреден од нешто што сум рекла или сум направила, треба да се извинам“ (Кендал).

Резиме: Зошто треба да се извинам?

  • Извинувањето е знак на зрелост.

  • Извинувањето ти помага да бидеш во добри односи со другите.

  • Извинувањето ти помага да се чувствуваш подобро.

Како да се извиниш:

  • Доколку е можно, извини се лице в лице.

  • Извини се што е можно побрзо.

  • Искрено извини се.

a Ако си изгубил или си оштетил нешто што му припаѓа на некој друг, освен што ќе се извиниш, добро би било да ја надоместиш штетата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели