8-14 ЈУНИ 2026
ПЕСНА 8 Јехова ни е заклон
Богот на вистината секогаш ја исполнува својата намера
Ти ме откупи, Јехова, Боже на вистината (ПС. 31:5)
ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА
Да си ја зајакнеме довербата дека Јехова ќе ги исполни сите свои ветувања и дека наскоро неговото Царство ќе им стави крај на сите лаги во кои Сатана сака луѓето да веруваат.
1. Според Псалм 31:2-5, зошто можеме да имаме доверба во Јехова?
ЖИВЕЕМЕ во свет со кој владее Сатана. Затоа, лагите, измамата и предавството се нешто вообичаено и не е лесно да знаеме во кого можеме да имаме доверба. Многу бизнисмени прават нечесни работи. На рекламите честопати лажно се прикажуваат производите само за да нѐ привлечат да ги купиме. А понекогаш дури и блиските пријатели не си ги исполнуваат ветувањата. Но, многу е утешно тоа што знаеме дека секогаш можеме да имаме доверба во Јехова. Тој е „[Бог] на вистината“. (Прочитај Псалм 31:2-5.) Вистината е нераздвоен дел од неговата личност — тој никогаш не лаже. Можеме да бидеме сигурни дека Јехова секогаш си стои на зборот.
2. Што ќе разгледаме во оваа статија?
2 Во оваа статија, прво ќе разгледаме неколку причини зошто можеме да имаме потполна доверба во Јехова. Потоа, ќе разгледаме како Богот на вистината ќе му стави крај на злобниот свет на Сатана и што прави Јехова веќе денес за да ја исполни својата намера. Оваа статија ќе ни помогне храбро да им ја кажуваме на другите вистината за Јехова.
ЗОШТО МОЖЕМЕ ДА ИМАМЕ ДОВЕРБА ВО БОГОТ НА ВИСТИНАТА
3. Зошто можеме да имаме потполна доверба во Јехова?
3 Можеме да имаме доверба во Јехова бидејќи тој е Творецот. Тој ги создал небото, Земјата и сите живи суштества (1. Мој. 1:1; Пс. 36:9; Отк. 4:11). Освен тоа, Јехова ги создал екосистемите кои овозможуваат да има живот на Земјата. Тој секогаш имал и ќе има потполна контрола над сѐ што создал. Бидејќи Јехова е бескрајно мудар и Семоќен Творец, можеме да имаме потполна доверба во водството што ни го дава во нашиот живот и можеме да бидеме сосема сигурни дека ќе ни обезбеди прекрасна иднина.
4. Од каде знаеме дека Јехова нѐ сака?
4 Можеме да имаме доверба во Јехова бидејќи нѐ сака. Тој ги создал луѓето бидејќи сакал и тие да му се радуваат на животот. Јехова кажал каква намера има со следниве зборови: „Да направиме човек според нашиот лик, сличен на нас“ (1. Мој. 1:26). Тој ни дал слободна волја. Освен тоа, ни ја дал Земјата како прекрасен дом (Пс. 115:16). Исто така, на нашите прародители им дал возбудлива задача да го претворат тој дом во рај (1. Мој. 1:28; 2:15). Јехова им ги дал на располагање сите богатства и природни ресурси од планетата. Сето ова покажува дека „неговата лојална љубов трае довека“ (Пс. 136:1, фус.).
5. а) Како Јехова си го одржал зборот и покрај обидите на Сатана да го уништи човештвото? б) Кои се некои ветувања што Бог ги исполнил? (Види ја рамката „Бог секогаш ја кажува вистината“.)
5 Можеме да имаме доверба во Јехова бидејќи тој секогаш си стои на зборот. Во врска со Земјата, во Библијата пишува: „Јехова... не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена“ (Иса. 45:18, 19). Кога Адам и Ева се побуниле, биле осудени на смрт. Затоа, можеби се чинело дека Сатана успеал да го спречи Јехова да ја исполни својата намера. Но, Јехова ги исполнува сите свои ветувања (Иса. 46:10, 11). Неговата намера да ја наполни Земјата со праведни луѓе, не била осуетена. Токму затоа, Јехова им дозволил на Адам и Ева да имаат деца. Освен тоа, го дал својот единороден Син како откупнина за да ги спаси потомците на Адам и да им даде прекрасна надеж да живеат засекогаш (Јован 3:16).
БОГОТ НА ВИСТИНАТА ЈА ИСПОЛНУВА СВОЈАТА НАМЕРА
6. Што прорекол Јехова дека ќе се случи по побуната во еденската градина?
6 Оној што ги навел Адам и Ева да се побунат против Бог е „празмијата, кој се вика Ѓавол и Сатана“a (Отк. 12:9; 1. Мој. 3:4, 5; Јован 8:44). Јехова објавил осуда против Сатана, имено дека во иднина ќе биде уништен (1. Мој. 3:15). Пред да се случи тоа, многумина ќе го следат Сатана и ќе постапуваат како него. Сепак, некои ќе му останат верни на Јехова.
7. Кој го следи лошиот пример на Сатана, и што ќе се случи со нив?
7 Оние што го следат лошиот пример на Сатана се бунтовните ангели и луѓето кои не му се послушни на Бог. Бидејќи му се противат на Јехова, тие стануваат дел од потомството на Сатана. Но, Бог одредил време кога ќе ги уништи Сатана и оние кои се на негова страна (Дан. 2:44; Рим. 16:20).
8. Што направил Исус во 1914 год.? (Види ги и сликите.)
8 Зошто можеме да бидеме сигурни дека ќе се исполни ветувањето на Јехова дека ќе ги уништи Сатана и сите што се на негова страна? Во 1914 год., Исус започнал војна против Сатана Ѓаволот и демоните и ги исфрлил на Земјата (Отк. 12:7-9). Иако војната се случила на небото, последиците од неа можеле да ги почувствуваат и луѓето на Земјата. Во Библијата пишува: „Тешко вам, земјо и море, зашто Ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, знаејќи дека има кратко време!“ (Отк. 12:12). Од 1914 год., вниманието на Сатана е насочено кон Земјата, па затоа условите за живот стануваат сѐ полоши. Но, Исус наскоро ќе „[тргне] во конечна победа“. Тогаш, тој ќе го врзе Сатана за илјада години и ќе ги уништи луѓето кои се на страната на Сатана (Отк. 6:2). Еднаш засекогаш, Исус ќе го очисти Јеховиното име од срамот што му е нанесен (Пс. 45:4-6). Сите ќе знаат дека Јехова е Богот на вистината! (Езек. 38:23).
Прва светска војна: U.S. National Archives photo; бомба: USAF photo; пандемија: blvdone/stock.adobe.com; немири: inhauscreative/E+ via Getty Images
Почнувајќи од 1914 год., условите во светот сѐ повеќе се влошуваат (види во пасус 8)
БОГОТ НА ВИСТИНАТА ГИ СОБИРА СИТЕ ШТО ЈА САКААТ ВИСТИНАТА
9. Што составува Јехова денес?
9 Јехова презема чекори за да „состави сѐ во Христос — она што е на небесата и она што е на земјата“ (Еф. 1:10). „Она што е на небесата“ се однесува на помазаниците, кои Јехова ги избрал за да владеат со Христос на небото. „Она што е на земјата“ се однесува на оние што ќе живеат засекогаш во рајот на Земјата. Сите овие Божји слуги даваат сѐ од себе за да ги разоткријат лагите на Сатана и да им помогнат на искрените да ја дознаат вистината.
10. Како Јехова ги ослободува луѓето од лагите на лажните религии? (Откровение 14:6, 7).
10 Јехова ги собира луѓето што ја сакаат вистината преку најголемото проповедничко дело во човечката историја. (Прочитај Откровение 14:6, 7.) Иако Јехова користи луѓе за да ја пренесе добрата вест, и ангелите им помагаат на оние што ја сакаат вистината да станат дел од Јеховината организација. Ова проповедничко дело ги разоткрива лагите на Големиот Вавилон, односно сите лажни религии кои Ѓаволот со векови ги користи за да шири невистини за Јехова (Отк. 18:2, 4). Наскоро, сите тие религии ќе бидат уништени, а сите што го сакаат Богот на вистината ќе му ја оддадат честа што тој ја заслужува (Отк. 17:16).
11. По што може да ги препознаеме вистинските слуги на Јехова?
11 Луѓето кои ја сакаат вистината имаат најразлично потекло. Тие доаѓаат од сите народи и култури, имаат различна положба во општеството и различна економска состојба (Отк. 7:9, 10). Кога ќе ја чујат добрата вест, тие сфаќаат дека тоа е вистината и со задоволство му се придружуваат на Јеховиниот народ (Мар. 13:10). Денес, многу јасно се гледа кој му служи на Јехова на исправен начин. Пророкот Малахија прорекол: „Повторно ќе ја видите разликата меѓу праведникот и злиот, меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи“ (Мал. 3:18). Со нивното однесување и со проповедничкото дело, Јеховините слуги покажуваат дека му служат на Богот на вистината.
12. Како проповедничкото дело придонесува да се исполни Јеховината намера?
12 Со тоа што ја проповедаме добрата вест за Царството, ние сме ѝ послушни на заповедта на Исус, а во исто време исполнуваме пророштво (Мат. 24:14; 28:18-20). Како резултат на ова дело, луѓе од целиот свет стануваат Христови следбеници со можност да му служат на Богот на вистината засекогаш. Навистина е голема чест што имаме можност да учествуваме во исполнувањето на Јеховината намера!
БИДИ СИГУРЕН ДЕКА ЈЕХОВА ЌЕ ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА
13. Кој е посебна мета на Сатана, и зошто?
13 Сатана Ѓаволот е многу гневен бидејќи знае „дека има кратко време“ до уништувањето на неговиот свет (Отк. 12:12, 13). Негова посебна мета се помазаниците, односно оние кои Јехова ги избрал да владеат во Божјето Царство. Тие се оние „кои ги држат Божјите заповеди и на кои им е доверено да сведочат за Исус“ (Отк. 12:17; 14:12). Секој што ги поддржува нив и делото што го вршат, исто така е мета на Сатановите напади.
14. Што ќе се случи кога Сатана ќе го нападне Јеховиниот народ? (Види ја и сликата.)
14 По уништувањето на Големиот Вавилон, оние што се на страната на Сатана ќе се обидат да го уништат Јеховиниот народ. Со тој напад ќе започне војната Армагедон (Отк. 16:13, 14, 16). Исус и небесните војски ќе ги спасат Јеховините слуги и потполно ќе уништат сѐ што преостанало од светот на Сатана (Отк. 19:19-21). Повеќе нема да има злобни луѓе, измамници и лажливци (Отк. 21:8). Сите ќе знаат дека Јехова секогаш го прави она што е исправно и секогаш ја зборува вистината.
Во војната Армагедон, Исус и неговата небесна војска ќе ги уништат Божјите непријатели (види во пасус 14)
15. Зошто можеме да бидеме сигурни дека ќе се исполни она што го ветил Јехова? (Исаија 65:16, 17; види ја и сликата).
15 Денес светот е поделен повеќе од кога и да било порано. Но, со Јеховина помош, Божјиот народ останува обединет. Јехова ги прибира во своето семејство сите оние кои ја сакаат вистината. Ништо не може да го спречи Јехова да ги благослови своите слуги и делото што го вршат. (Прочитај Исаија 65:16, 17.) Можеме да бидеме сигурни дека ќе се исполни она што тој го ветил. Зошто? Бидејќи зборовите на апостол Павле запишани во Римјаните 8:38, 39 нѐ уверуваат: „Ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни ова што е сега, ни она што ќе дојде, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту кое и да е друго создание не може да нѐ одвои од Божјата љубов, која е во Христос Исус, нашиот Господар“.
Во новиот свет, повеќе нема да се сеќаваме на денешните проблеми (види во пасус 15)
16. Зошто имаш потполна доверба во Јехова?
16 Постојат многу причини поради кои можеме да имаме доверба во Јехова, Богот на вистината. Тој е нашиот Творец и многу нѐ сака. Освен тоа, Јехова собира сѐ повеќе луѓе од целиот свет за да му служат на исправен начин (Иса. 60:22; Зах. 8:23). Знаеме дека тој секогаш ја исполнува својата намера и дека наскоро ќе го отстрани Сатана за да го ослободи светот од неговите лаги. Исто како Давид, и ние се молиме: „Да е благословен Јехова Бог... кој е единствен што прави чудесни дела. И да е благословено неговото славно име довека, неговата слава нека ја исполни целата земја“ (Пс. 72:18, 19).
ПЕСНА 2 Јехова е името твое
a Библијата не кажува кое е личното име на овој злобен ангел. Во неа тој е наречен „Ѓавол“, што значи „Клеветник“ и „Сатана“, што значи „Противник“.