БИБЛИСКИ ЛИК
Авдија — развивај страв од Бог
Авдија бил управител во домот на злобниот цар Ахав, владетел кој дозволил одвратните работи поврзани со обожавањето на Ваал да се рашират во Израел. Сепак, Авдија „уште од младоста“ развил исправен страв од Јехова (1. Цар. 18:1-13). Затоа, кога царицата Језавела наредила сите пророци на Јехова да бидат убиени, Авдија знаел дека мора да постапи храбро за да го спречи тоа. Било опасно да се сокрие само еден пророк, а Авдија сокрил 100 пророци и им носел храна додека во земјата владеел голем глад! Замисли колку било тешко да остане незабележан од стотиците лажни пророци кои им служеле на царот и царицата (1. Цар. 18:19).
Што можеме да научиме од овој богобојазлив слуга? Иако Авдија се плашел од Ахав, неговиот страв од Бог бил поголем. Тоа му влеало храброст да си го ризикува животот за да ги заштити своите браќа. И ние треба да развиваме исправен страв од Бог, особено ако во местото каде што живееме е забрането да го обожаваме Јехова. Таквиот страв ќе ни влее сила да им помагаме на нашите браќа и сестри кои се соочуваат со испити на верата.