1-7 ЈУНИ
ЕРЕМИЈА 1 — 3
Песна 84 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
Еремија им ја проповеда Јеховината порака на осуда на оние кои обожавале лажни богови во Ерусалим
1. „Не плаши се... зашто ’јас сум со тебе‘“
(10 мин.)
[Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Вовед во Еремија.]
Исто како Еремија, некои што сакаат да проповедаат чувствуваат страв или мислат дека не се способни да го прават тоа (Ере 1:6)
Јехова ни помага и нѐ зајакнува да ја вршиме неговата волја (Ере 1:8, 9; w10 15/1 9, пас. 7-8)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Ере 2:28 — Што можеме да научиме од она што Јехова им го рекол на Јудејците што не му биле верни? (jr 43, пас. 3)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Ере 3:14-25 (th лекција 12)
4. Започнување разговори
(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Откако ќе започнеш разговор на некоја актуелна тема, покажи му на станарот нешто од Библијата што мислиш дека ќе го интересира. (lmd лекција 2: точка 5)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Понуди библиски курс. (lmd лекција 8: точка 3)
6. Водење библиски курсеви
(5 мин.) Разговор со интересент кој не напредува. (lmd лекција 12: точка 5)
Песна 76
7. Биди храбар како Еремија
(6 мин.) Дискусија.
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Учи од пријателите на Јехова — Еремија. Потоа, прашај ги присутните:
Како Еремија станал пријател на Јехова? (Ере 1:6-8).
На кого ти би сакал да му кажеш за Јехова?
Што можеш да му кажеш за да му помогнеш да стане пријател на Јехова?
8. „Бидете спремни за одбрана... но тоа правете го благо и со длабока почит“
(9 мин.) Дискусија.
Мора да бидеме храбри кога ја објавуваме добрата вест и кога ги браниме Јеховините морални мерила. Но, освен храброст, треба да покажуваме и други христијански особини.
Прочитај 1. Петрово 3:15. Потоа, прашај ги присутните:
Кои други особини е важно да ги покажуваме кога ги објаснуваме нашите верувања?
Зошто тие особини се важни?
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ „Мирот ќе биде дело на правдата“. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи од овој видеоклип за тоа како на тактичен начин да ги објасниш своите верувања за хомосексуалноста?
ЗАПОМНИ: Кога ги браниш Јеховините морални мерила, внимавај да не бидеш вовлечен во дискусии за политички прашања (Јвн 18:36).
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 90-91