ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb26 Мај стр. 6-7
  • 25-31 мај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 25-31 мај
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2026)
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2026)
mwb26 Мај стр. 6-7

25-31 МАЈ

ИСАИЈА 65 — 66

Песна 24 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Ние го сакаме нашиот духовен рај!

(10 мин.)

Во духовниот рај, Божјите слуги имаат изобилство духовна храна (Иса 65:13; cl 275, пас. 12, 14)

Нашиот духовен рај ни помага да се справиме со болката и неволјите во животот (Иса 65:14-17; w24.04 22, пас. 9-10)

Луѓето во светот немаат ништо што може да се спореди со мирот и безбедноста што ја имаат Божјите слуги (Иса 65:25; w24.04 23, пас. 13)


ДЕФИНИЦИЈА: Изразот „духовен рај“ се однесува на безбедната средина во која го обожаваме Јехова. Во него ние имаме близок однос со Јехова и живееме во мир со нашите браќа и сестри.

Слики: Браќа и сестри ги чувствуваат благословите од духовниот рај. 1. Тие радосно си разговараат во салата за состаноци. 2. Тие со задоволство соработуваат во одржувањето на надворешниот дел од салата за состаноци. 3. Во една затворска ќелија, еден постар брат храбри еден помлад брат. На ѕидот има залепено картички и писма од браќата и сестрите. 4. Еден брачен пар посетува една сестра која лежи во болница. Сопругата ја држи раката на сестрата, а сопругот држи кошница полна со овошје и картички.

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Иса 66:24 — Како овој стих ни помага да ги разбереме зборовите на Исус за геената кои се запишани во Марко 9:47, 48? (ijwbq статија 76, пас. 10)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

(4 мин.) Иса 65:17-25 (th лекција 10)

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Труди се на природен начин да му дадеш до знаење на лицето дека си Јеховин сведок. (lmd лекција 5: точка 3)

5. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Лицето сака да се расправа со тебе. (lmd лекција 4: точка 5)

6. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Користи некој трактат за да започнеш разговор. (lmd лекција 1: точка 4)

7. Објасни ги своите верувања

(3 мин.) Приказ. ijwbq статија 87 — Тема: Кој е антихристот? (th лекција 17)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 80

8. Дали нешто пропушташ?

(15 мин.) Дискусија.

Слики: Сцени од видеоклипот „Што си спремен да правиш ’поради добрата вест‘?“ 1. Брат Томохиро Нишимура работи во книговезницата во Бетел. 2. Сестра Хепинес Мабо работи на компјутер во преведувачка канцеларија. 3. Рајнер и Кезија Фернандо поздравуваат еден брат во еден објект на подружницата каде што тие служат како слуги за изградба. 4. Брат Џорџ Телан соработува со други браќа во Одделението за служба во Бетел. 5. Сестра Рамона Велш води библиски курс.

Дали размислуваш да започнеш со полновремена служба? Дали си загрижен дека, ако го сториш тоа, можеби ќе пропуштиш некои работи во животот? Дали некогаш си се запрашал: „Зошто да се откажам од некои работи за да правам повеќе во службата за Јехова кога сите Јеховини слуги ќе добијат вечен живот?“ Ако да, тогаш не заборавај дека „Јехова нема да им скрати никакво добро“ на оние што имаат доверба во него (Пс 84:11, 12). Всушност, само кога не му го даваме на Јехова нашето најдобро, тогаш пропуштаме многу прилики да бидеме среќни.

Јехова го благословува својот народ уште денес. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Што си спремен да правиш „поради добрата вест“? Потоа, прашај ги присутните:

  • Какви благослови добиле овие млади браќа и сестри поради тоа што одлучиле да прават повеќе за Јехова?

Што ако околностите не ти дозволуваат да започнеш со полновремена служба? Јехова ги благословува оние што му го даваат своето најдобро. Затоа, продолжи да му го даваш своето најдобро, знаејќи дека тој „[ќе ти излее] благослов додека не биде доста“ (Мл 3:10).

9. Собраниско проучување на Библијата

(30 мин.) lfb поглавја 88-89

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 55 и молитва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели