Распоред за седмицата од 26 октомври
СЕДМИЦА ОД 26 ОКТОМВРИ
Песна 15 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
ia погл. 1, пас. 1-13 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Летописи 12-15 (8 мин.)
Повторување во Теократската школа за служба (20 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: „Бидете вкоренети... и утврдувајте се во верата“ (Кол. 2:6, 7)
10 мин.: Што ќе нудиме во ноември. Дискусија. Поттикни ги присутните одушевено да ги нудат трактатите и книгата Што учи Библијата. Накратко разгледај соодветни мисли од статијата „Нови трактати со интересен изглед!“ во Нашата служба за Царството од април 2014. Нека има приказ што одговара за вашето подрачје.
20 мин.: „Дали Божјата Реч е делотворна во твојот живот?“ Говор. Нека има краток увод, а потоа нека биде пуштено драмското читање на Библијата со наслов „Не губи сила кога Јехова те опоменува!“, кое се наоѓа на нашата интернет-страница. Истакни како тоа што длабоко ќе размислуваме за Божјата Реч ќе ни помогне да сфатиме кои начела одговараат на нашата ситуација. На крајот, поттикни ги сите да ја користат рубриката „Драмско читање на Библијата“ на jw.org.
Песна 113 и молитва