Распоред за седмицата од 27 април
СЕДМИЦА ОД 27 АПРИЛ
Песна 1 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 23, пас. 19-23, рамка на стр. 239 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Самоилова 26-31 (8 мин.)
Повторување во Теократската школа за служба (20 мин.)
Состанок за нашата служба:
Тема на месецот: Живејте мудро — „добро користете го времето што го имате“ (Еф. 5:15, 16, фус.)
7 мин.: „Покана за конгрес.“ Прашања и одговори. Кога ќе се разгледува 3. пасус, нека има краток приказ во кој ќе се види како да се понуди поканата.
10 мин.: „Потсетувања за конгресот.“ Дискусија што ќе ја води секретарот на собранието. Истакни како библиските начела што се наведени во додатокот можат да се применат за време на претстојниот регионален конгрес. Разгледај ги и главните мисли од писмото до сите собранија од 3 август 2013 год. Во него се изнесени некои мерки на претпазливост што треба да се преземат за време на христијанските состаноци и собири.
13 мин.: „Да ја користиме моќта на Божјата Реч во службата.“ Дискусија. На крајот нека има краток приказ во два дела. Во првиот, објавителот му ја нуди на станарот брошурата Добра вест и му цитира делови од 2. Тимотеј 3:16, 17 без да ја отвори Библијата. Во вториот дел ја има истата презентација, но овојпат чита директно од Библијата. Присутните нека коментираат зошто втората презентација е поделотворна.
Песна 124 и молитва