Распоред за седмицата од 26 мај
СЕДМИЦА ОД 26 МАЈ
Песна 60 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 7, пас. 18-22, рамка на стр. 75 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 2. Мојсеева 34-37 (10 мин.)
Бр. 1: 2. Мојсеева 34:1-16 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Зошто моралните ограничувања не престанале да важат кога биле укинати Десетте заповеди? (rs-SB стр. 338, пас. 1-2) (5 мин.)
Бр. 3: Душа — Што е душа (td 7А) (5 мин.)
Состанок за нашата служба:
10 мин.: Започни библиска студија првата сабота. Дискусија. Замоли ги присутните да раскажат како успеале да започнат библиска студија првата сабота од месецот. Нека има презентација на темел на предлогот на страница 4 за тоа како може да се започне студија во првата сабота од јуни. Поттикни ги сите да учествуваат.
10 мин.: Прогонството дава можност да се сведочи (Лука 21:12, 13). Дискусија на темел на Годишникот за 2013, страница 124, пасус 1 и страница 128, пасуси 1-2. Замоли ги присутните да кажат што научиле од овие искуства.
10 мин.: Прашања. Дискусија што треба да ја води старешина. Замоли ги возрасните објавители да кажат како им користело тоа што родителите ги поучувале за подлабоките библиски вистини.
Песна 88 и молитва