Распоред за седмицата од 13 јануари
СЕДМИЦА ОД 13 ЈАНУАРИ
Песна 131 и молитва
Собраниско проучување на Библијата:
cl погл. 1, пас. 10-17 (30 мин.)
Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Мојсеева 6-10 (10 мин.)
Бр. 1: 1. Мојсеева 9:18 — 10:7 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Ако некој рече: ‚Сѐ додека веруваме во Исус, не е важно на која религија припаѓаме‘ (rs-SB стр. 330, пас. 3) (5 мин.)
Бр. 3: Армагедон — Не се коси со Божјата љубов (td 1Б) (5 мин.)
Состанок за служба:
10 мин.: Колку е важно во службата да се користи повторување. Дискусија на темел на книгата Школа за служба, страници 206-207. Нека има краток приказ во кој ќе се види практичната примена на една до две главни мисли од материјалот.
10 мин.: Браќа што добро ја извршуваат својата служба (1. Тим. 3:13). Интервјуирај двајца слуга-помошници. Какви задачи имаат во собранието и што прават за да ги извршат? Што ги поттикнало да служат како слуга-помошници? Зошто сакаат да служат во собранието и да им помагаат на старешините?
10 мин.: „Како пример нека ви послужат пророците — Михеј.“ Прашања и одговори.
Песна 35 и молитва