Распоред за седмицата од 25 ноември
СЕДМИЦА ОД 25 НОЕМВРИ
Песна 122 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jl погл. 11-13 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Јаков 1-5 (10 мин.)
Бр. 1: Јаков 1:22 — 2:13 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Како љубовта го победува стравот? (1. Јов. 4:16-18) (5 мин.)
Бр. 3: Зошто не е доволно само да ја читаме Библијата? (rs-SB стр. 326, пас. 4 — стр. 327, пас. 1) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Идеи за нудење на списанијата во декември. Дискусија. Одвој од 30 секунди до една минута за да кажеш зошто списанијата може да бидат интересни за вашето подрачје. Потоа, користејќи ја темата од насловната од Стражарска кула, замоли ги присутните да дадат предлози за прашање со кое би можеле да побудиме интерес, а потоа и за стих што би можеле да го читаме. На ист начин дискутирајте и за темата од насловната од Разбудете се! и, ако дозволува времето, за некоја друга статија од овие две списанија. Нека има по една презентација за секое списание.
10 мин.: Како да одговориш? Говор на темел на книгата Школа за служба, страница 69, пасуси 1-5. Нека има приказ во кој, за време на библиска студија, еден објавител одговара на прашање од интересент што треба да донесе лична одлука. Интересентот прашува: „Што би сторил ти да си на мое место?“
10 мин.: „Рубрика која ни помага во службата.“ Прашања и одговори. Кога ќе го разгледувате пасус 3, нека има краток приказ на темел на некоја понова статија од рубриката „Разговор на библиски теми“.
Песна 45 и молитва