Распоред за седмицата од 22 јули
СЕДМИЦА ОД 22 ЈУЛИ
Песна 22 и молитва
□ Собраниско проучување на Библијата:
jr погл. 12, пас. 8-13 (30 мин.)
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Дела 22-25 (10 мин.)
Бр. 1: Дела 22:17-30 (4 мин. или помалку)
Бр. 2: Во која смисла сме во светот, но не сме дел од него? (Јован 17:15, 16) (5 мин.)
Бр. 3: Дали е можно христијаните да бидат земени на небо во физичко тело? (rs-SB стр. 414, пас. 1-2) (5 мин.)
□ Состанок за служба:
10 мин.: Спремен ли си за новата учебна година? Дискусија. Замоли ги присутните да наведат некои од проблемите со кои ќе се соочат младите христијани на училиште. Објасни како можат родителите за време на Семејната вечер да го користат Индексот на теми во декемвриските броеви од нашите списанија, книгите Младите прашуваат, нашата интернет-страница и други публикации за да ги подготват своите деца за предизвиците со кои ќе се соочат во текот на учебната година (1. Пет. 3:15). Избери една или две теми и спомни некои корисни информации од нашите публикации. Замоли ги присутните да коментираат како сведочеле на училиште.
20 мин.: „Нови видови сведочење на јавни места.“ Прашања и одговори. Спомни доколку вашето собрание организира сведочење на јавни места со штандови или колички со плакати и литература и раскажи некои интересни искуства.
Песна 95 и молитва