Распоред за седмицата од 9 август
СЕДМИЦА ОД 9 АВГУСТ
□ Собраниско проучување на Библијата:
cf погл. 8, пас. 18-22, рамка на стр. 86
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: 1. Царевите 21 — 22
Бр. 1: 1. Царевите 22:1-12
Бр. 2: Кога некој од желба за независност постапува како светот, под чие влијание потпаѓа? (rs-SB стр. 234, пас. 6-7)
Бр. 3: Што учиме за молитвата од примерот на Илија? (Јак. 5:18)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Дали еволуцијата е навистина научно точна? Дискусија со присутните на темел на книгата Резоновање, од 108. страница, 2. пасус до 113. страница, 3. пасус. Замоли ги присутните да раскажат искуства што ги имале кога со помош на овие информации сведочеле на училиште или во други прилики.
10 мин.: Кои се твоите духовни цели? Дискусија со присутните на темел на книгата Организирани, од 117. страница, 1. пасус до крајот на поглавјето. Замоли ги присутните да коментираат за тоа како нивните родители или другите им помогнале да си постават цели кои им помогнале да започнат со полновремена служба.
10 мин.: „Собири што им користат на Божјите слуги.“ Дискусија со прашања и одговори. Ако е познато, кажи го датумот кога ќе се одржи следниот покраински собир. Замоли ги присутните да кажат како им користел некој неодамнешен покраински собир.