Распоред за седмицата од 21 декември
СЕДМИЦА ОД 21 ДЕКЕМВРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 14, пас. 10-14, рамка на стр. 164, 165, Додаток на стр. 222, 223
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Исус Навин 9-11
Бр. 1: Исус Навин 9:1-15
Бр. 2: Од каде знаеме дека Армагедон е близу (lr погл. 47)
Бр. 3: Божјиот мирољубив нов свет — и ти можеш да живееш таму (lr погл. 48)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
15 мин.: Подготви се да ги нудиш Стражарска кула и Разбудете се! Нека има приказ во кој еден надгледник на група му кажува на еден млад објавител каква презентација си подготвил, му објаснува зошто ја избрал таа презентација и кое прашање и кој стих ќе ги користи. Младиот објавител објаснува дека има идеја за една презентација, но му треба помош да ја подобри. На темел на статијата што ја одбрал, подготвуваат прашање и ги избираат стиховите што ќе ги користи.
15 мин.: „Помагај им на интересентите со сета душа.“ Дискусија со прашања и одговори. Откако ќе го обработите 2. пасус, интервјуирај еден објавител кој ќе каже на кои практични начини се труди да покаже дека искрено се интересира за оние со кои проучува. Каков бил резултатот? Исто така, интервјуирај објавител врз кој позитивно влијаела искрената грижа што кон него ја покажал оној што ја водел библиската студија.