Распоред за состаноците
Седмица од 11 август
10 мин.: Локални известувања. Замоли ги присутните да кажат кои статии од најновите списанија им биле најинтересни на луѓето од подрачјето. Замоли ги да спомнат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кое прашање би можеле да започнеме разговор? Кој стих од статијата да го прочитаме? Нека има прикази во кои ќе се види како да се употребат предложените презентации.
15 мин.: Врши ја Божјата волја — без да ти биде одвлечено вниманието. Говор на темел на книгата Појди по мене, страници 91-94, пасуси 12, 13.
20 мин.: „Дали добро го користиш ова списание?“a Интервјуирај еден објавител кој имал убаво искуство со некоја од новите рубрики од изданието на Стражарска кула што го нудиме во служба. Искуството може да се одглуми. Исто така, на темел на 2. пасус, прикажи како би можело да се започне библиска студија со помош на рубриката „Што учиме од Исус“, од Стражарска кула од 1 август.
Седмица од 18 август
10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Разгледај ја статијата „Нова програма за Покраинскиот собир“. Доколку се знае, кажи на кој датум ќе се одржи собирот. Потсети ги присутните да си понесат Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од септември за следниот Состанок за нашата служба и да се подготват за дискусија во врска со презентации што би одговарале за вашето подрачје.
20 мин.: Со нашето однесување и изглед го славиме Јехова. Говор што треба да го одржи еден старешина. Бидејќи Јехова е свет Бог, физичката чистота е многу важна за неговиот народ (2. Мој. 30:17-21; 40:30-32). Со нашиот примерен надворешен изглед, особено кога сме во служба, го радуваме Јехова и му носиме слава (1. Пет. 2:12). Од друга страна, пак, ако сме немарни во тој поглед, поради нас би можело ‚да се зборува погрдно за Божјата реч‘ (Тит 2:5). Раскажи некои искуства од вашето место или, пак, искуства објавени во нашите публикации, од кои се гледа како примерниот изглед на некои објавители им дал можност да сведочат.
15 мин.: Млади кои даваат силно сведоштво. Охрабрувачки говор за родителите и за нивните деца кои наскоро пак ќе се вратат на училиште. Потсети ги младите да ја искористат секоја прилика да сведочат. Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да раскажат некое искуство што го имале додека сведочеле на училиште.
Седмица од 25 август
15 мин.: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Разгледај ја статијата „Нова програма за Посебниот собир“. Доколку се знае, кажи на кој датум ќе се одржи собирот.
15 мин.: Локални потреби.
15 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од септември. Дискусија со присутните. Изнеси краток преглед на списанијата и прашај ги присутните кои статии би им биле најинтересни на луѓето од подрачјето. Со кое прашање и библиски стих би можеле да започнеме разговор? Прикажи како би можеле да се користат некои од предложените презентации од Нашата служба за Царството. Еден од старешините нека изнесе кратка презентација што ја подготвил на темел на некоја статија што би одговарала на вашето подрачје.
Седмица од 1 септември
10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за август.
20 мин.: Одвоени, но не и заборавени. Говор на темел на Стражарска кула од 15 април 2008, страници 25-28. Спомни некои објавители од собранието кои живеат во старечки домови. Ако нема такви, употреби ги начелата од статијата за да го поттикнеш собранието да го поддржува секој што е немоќен или, пак, од друга причина е ограничен да учествува во собраниските активности.
15 мин.: Во септември да започнуваме библиски студии уште при првиот разговор. Дискусија со присутните. Во текот на септември ќе ја нудиме книгата Што учи Библијата и ќе се трудиме уште при првиот разговор со станарот да разгледаме неколку пасуси. Спомни ги предлозите што се дадени во додатокот од Нашата служба за Царството од јануари 2006 и нека бидат изнесени една до две презентации во кои ќе биде прикажано како да се започне библиска студија уште при првиот разговор.
[Фуснота]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.