ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/08 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Поднаслови
  • Седмица од 14 јули
  • Седмица од 21 јули
  • Седмица од 28 јули
  • Седмица од 4 август
Нашата служба за Царството 2008
km 7/08 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 14 јули

Песна 126

10 мин.: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од јули.

15 мин.: Имаш ли „слобода на говорот“? Говор на темел на Стражарска кула од 15 мај 2006, страници 13-16. Нагласи колку е важно смело да проповедаме.

20 мин.: „Живеј со Јеховиниот ден во мислите.“a Истакни ги посебните обележја на оваа книга. Сврти внимание на распоредот за проучување и на упатствата што се наоѓаат на 3. страница од овој број на Нашата служба за Царството. Поттикни ги сите редовно да присуствуваат и слободно да коментираат. Накратко интервјуирај еден или двајца објавители кои се познати по тоа дека добро се подготвуваат за состаноците и прашај ги што ги поттикнува да го прават тоа.

Песна 147

Седмица од 21 јули

Песна 95

10 мин.: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Потсети ги присутните да си понесат Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од август за следниот Состанок за нашата служба и да се подготват за дискусија во врска со презентации што би одговарале за вашето подрачје.

15 мин.: Локални потреби.

20 мин.: „Подготовката — клуч за делотворни повторни посети“b Вклучи монолог од четири минути, во кој еден објавител се подготвува за своите повторни посети. Ги разгледува белешките и одлучува овој викенд да посети две лица. Потоа, за да се подготви за посетите се потсетува што разговарал претходно со секој од нив. Одлучува на едниот да му предложи да започнат библиска студија, и да му го поттикне интересот на другиот користејќи некој предлог од 5. пасус.

Песна 189

Седмица од 28 јули

Песна 6

10 мин.: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за јули. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во август, и нека биде прикажана една презентација.

15 мин.: Да го задржиме чувството на итност. Поттикнувачки говор на темел на Стражарска кула од 15 декември 2006, страници 18, 19, пасуси 17-21.

20 мин.: Подготвувај се за да ги нудиш новите списанија. Дискусија со присутните. Изнеси краток преглед на списанијата Разбудете се! од август и Стражарска кула од 1 август и прашај ги присутните кои статии би им биле најинтересни на луѓето од подрачјето и зошто. Замоли ги да спомнат некои мисли од статиите што планираат да ги нудат. Со кое прашање би можеле да започнеме разговор? Кој стих од статијата да го прочитаме? Прикажи како да се понудат овие списанија користејќи ги презентациите од Нашата служба за Царството или некоја презентација што ќе ја предложат присутните.

Песна 106

Седмица од 4 август

Песна 222

10 мин.: Локални известувања.

15 мин.: Дали вашите деца се подготвени за да сведочат на училиште? Говор и дискусија со присутните. Спомни некои од проблемите со кои се соочуваат младите христијани на училиште. Објасни како родителите и нивните деца можат да најдат корисни информации во нашите публикации (Индексот на публикации, книгата Младите прашуваат, брошурата Јеховините сведоци и образованието). Наведи некои примери. Замоли некои од присутните што пораснале во вистината да кажат како нивните родители ги подготвиле да ги совладаат тешкотиите и им помогнале да ги применат библиските начела на училиште. Можат да спомнат и како им користело списанието Разбудете се! околу школските задачи. Нека објаснат на кој начин проповедањето на училиште им служело како заштита.

20 мин.: „Ние го уриваме она што е цврсто утврдено.“c Замоли ги присутните да кажат како оној што проучувал со нив стрпливо им помагал да ги отфрлат лажните верски учења за кои цврсто се држеле.

Песна 83

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели