ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/07 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Поднаслови
  • Седмица од 10 декември
  • Седмица од 17 декември
  • Седмица од 24 декември
  • Седмица од 31 декември
  • Седмица од 7 јануари
Нашата служба за Царството 2007
km 12/07 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 10 декември

Песна 46

10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 декември и Разбудете се! од декември.

20 мин: Теократска школа за служба за 2008 год. Говор на надгледникот на школата. Зборувај за некои мисли од додатокот во Нашата служба за Царството од октомври 2007 кои се особено важни за вашето собрание. Објасни каква улога има помошниот советник. Поттикни ги сите трудољубиво да ги исполнуваат своите задачи, да коментираат за избрани стихови од Библијата и да ги применуваат предлозите што ги добиваме секоја седмица од книгата Извлечи корист од Теократската школа за служба.

15 мин: „Теши ги оние што се со скршено срце.“a Раскажи едно или две кратки искуства од вашето собрание.

Песна 34

Седмица од 17 декември

Песна 28

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.

15 мин: „Мора да останеме ревносни во службата.“b Интервјуирај некој објавител кој е познат по својата ревност во службата. Постави му ги следниве прашања: ‚Што си морал да направиш за да останеш ревносен? Што ти помогнало да си ја зачуваш ревноста?‘

20 мин: „Нуди ги списанијата што сведочат за вистината.“c Замоли ги присутните да коментираат за статијата од Нашата служба за Царството од ноември 2006, страница 8. Поттикни ги да ги прочитаат Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од јануари, и замоли ги да ги донесат на состанокот што ќе се одржи следната седмица.

Песна 139

Седмица од 24 декември

Песна 212

10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во јануари и нека се прикаже една презентација.

15 мин: Подготвувај се да ги нудиш новите списанија. Дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од јануари. Откако ќе дадеш краток преглед на секое списание, прашај ги присутните кои статии би им биле најинтересни на луѓето од подрачјето, и зошто. Замоли ги да предложат како да се започне разговор за некоја статија од списанието што ќе го нудат. Со кои прашања би можеле да започнеме разговор? Кои стихови од статијата би можеле да ги прочитаме? Како би можеле да ги поврземе стиховите со статијата? За да прикажеш како да се понуди секое од списанијата, употреби ги предложените презентации од Нашата служба за Царството или некоја презентација што ќе ја предложат присутните.

20 мин: „Постави си цел да водиш библиска студија.“d Интервјуирај еден или двајца објавители кои неодамна почнале библиска студија со некого. Како започнале? Како напредува проучувањето?

Песна 21

Седмица од 31 декември

Песна 89

5 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за декември.

15 мин: Оддаденоста на Бог силно влијае врз нашиот живот. Охрабрувачки говор на темел на Стражарска кула од 1 март 1990, страници 30 и 31.

25 мин: Јехова ги љуби веселите дарители. Охрабрувачки говор од еден старешина на темел на Стражарска кула од 15 јануари 1992, страници 14-19. Истакни колку е вредна нашата литература и спомни како можеме да покажеме дека ја цениме. Вклучи еден приказ во кој еден објавител објаснува како се финансира нашето дело. (Види во рамката на 5. страница од Нашата служба за Царството од јануари 2006.)

Песна 202

Седмица од 7 јануари

Песна 159

5 мин: Локални известувања.

15 мин: Локални потреби.

25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2008 година.“e Оваа точка треба да ја одржи собранискиот секретар. Пред да го обработите додатокот, прочитај го писмото од 15 декември 2007 за времето и местото на одржување на конгресот. Кога ќе го разгледувате 4. пасус од додатокот, прочитај ја секоја точка од рамката на 4. страница, освен ако вашето собранието се наоѓа во градот каде што ќе се одржува конгресот, па затоа нема потреба од сместување. Заблагодари им се на сите за тоа што доволно рано се подготвуваат за конгресот.

Песна 99

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели