ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/07 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2007
  • Поднаслови
  • Седмица од 8 октомври
  • Седмица од 15 октомври
  • Седмица од 22 октомври
  • Седмица од 29 октомври
  • Седмица од 5 ноември
Нашата служба за Царството 2007
km 10/07 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 8 октомври

Песна 56

10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 октомври и Разбудете се! од октомври. Во секоја презентација треба да се понудат двете списанија, иако се презентира само едното.

20 мин: Тесно соработувај со Јеховината организација. Говор и дискусија со присутните на темел на 17. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.

15 мин: „Во ноември ќе го нудиме специјалното издание на Разбудете се!“a Накратко разгледај ја содржината на Разбудете се! од ноември. Потоа продолжи со обработување на статијата со прашања и одговори. Кога ќе го обработувате 3. пасус, нека има една презентација во која ќе се нуди Разбудете се! од ноември со помош на предлогот од 8. страница или со некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје. При крајот на презентацијата треба да се постави темел за следната посета.

Песна 10

Седмица од 15 октомври

Песна 67

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.

20 мин: Дали вистината раѓа плод кај оние што ги поучуваш? Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 февруари 2005, страници 28-30. Накратко објасни како со помош на прашањата од книгата Што учи Библијата можеме да откриеме што има во срцето на оној со кого проучуваме. Разгледај неколку примери, како што се: 1. поглавје, 19. пасус; 2. поглавје, 4. пасус; 3. поглавје, 24. пасус; и 4. поглавје, 18. пасус. Поттикни ги објавителите добро да ја користат оваа книга.

15 мин: Се сеќаваш ли? Дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 август 2007, страница 19.

Песна 151

Седмица од 22 октомври

Песна 175

10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и писмото со благодарност за прилозите. Употреби ги предлозите од 8. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 ноември и Разбудете се! од ноември.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: Живејте како деца на светлината. Говор и интервјуа. Ние сме ја напуштиле темнината на овој свет и оставаме да нѐ води Јеховината светлина (Еф. 5:8, 9). Затоа животот ни е поубав и има вистинска смисла (1. Тим. 4:8). Освен тоа, оваа светлина ни дава и надеж (Рим. 15:4). Интервјуирај двајца или тројца објавители што успеале да надминат големи пречки за да го стекнат и да го задржат своето пријателство со Јехова. Со какви тешкотии се соочиле кога ја запознале вистината? Како успеале да ги надминат? Во кој поглед денес животот им е поубав? Што им помага и понатаму цврсто да се држат за вистината? На крајот поттикни ги сите да продолжат духовно да напредуваат и да покажуваат длабоко ценење за вистината што ни ја открил Јехова (2. Пет. 1:5-8).

Песна 23

Седмица од 29 октомври

Песна 124

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за октомври. Спомни кои публикации ќе ги нудиме во ноември и нека се прикаже една презентација.

15 мин: Постави си духовни цели за да го величаш твојот Творец. Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 јули 2004, страници 21-23. Замоли ги присутните да коментираат за духовните цели што си ги поставиле и за тоа што прават за да ги постигнат. Можеш однапред да се договориш со еден или двајца објавители да коментираат.

20 мин: „Дај им надеж на сиромашните.“b Кога ќе го обработувате 2. пасус, вклучи некои мисли од Разбудете се! од 8 декември 2003, страници 28, 29.

Песна 7

Седмица од 5 ноември

Песна 156

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Како да ги заштитиш своите деца со помош на Божјата мудрост. Говор на темел на Стражарска кула од 1 јануари 2005, страници 23-27.

20 мин: „Прилики за заемно охрабрување.“c Замоли ги присутните да кажат како ги охрабрил некој патувачки надгледник за време на неговата посета на собранието. Можеш однапред да се договориш со еден или двајца објавители да коментираат.

Песна 192

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели