Распоред за состаноците
Седмица од 10 септември
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 септември и Разбудете се! од септември. Во секоја презентација треба да се понудат двете списанија, иако се презентира само едното.
15 мин: Рубрика прашања. Дискусија со присутните што треба да ја води еден старешина. Колку што дозволува времето, прочитајте ги и дискутирајте за наведените стихови.
20 мин: „Следи го примерот на Исус.“a Замоли ги присутните да кажат како им користел добриот пример на другите.
Песна 130 и заклучна молитва.
Седмица од 17 септември
10 мин: Локални известувања.
15 мин: Што постигнавме минатата година? Надгледникот за служба треба да се осврне на активноста на собранието во минатата службена година, а посебно треба да ги истакне добрите резултати што се постигнати во службата на проповедање. Пофали го собранието и спомни едно или две подрачја на кои треба да се обрне внимание во новата службена година. Кажи нешто за активноста на пионерите, пофалувајќи ги за нивната ревносна служба. Спомни кои добри резултати се постигнати во обидите да им се помогне на неактивните.
20 мин: Обединето братство. Говор и дискусија со присутните на темел на 16. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
Песна 74 и заклучна молитва.
Седмица од 24 септември
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Користи го трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? за да започнуваш библиски студии во текот на октомври. Во октомври ќе ги нудиме списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога некој ќе покаже интерес, може да почнеме библиска студија со трактатот Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Ако има трактати на штандот за литература, редарите нека му поделат по еден примерок на секој присутен, а потоа накратко кажи што содржи трактатот. Објасни дека со станарот може да се обработи целиот трактат или само неколку пасуси уште при првата посета или кога повторно ќе го посетиме. Употреби ги предлозите од 4. страница или некоја друга презентација што одговара за вашето подрачје за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 октомври и Разбудете се! од октомври. Во една од презентациите, објавителот нека му го даде трактатот на станарот откако тој ќе одбие да ги земе списанијата. Во другата презентација, откако станарот ќе ги земе списанијата, објавителот нека му го даде трактатот, нека подискутираат за 5. страница, а потоа нека му го покаже купонот на 6. страница за нарачка на книгата Што учи Библијата и нека му рече дека ќе дојде повторно за да му ја донесе книгата.
Песна 222 и заклучна молитва.
Седмица од 1 октомври
10 мин: Локални известувања и избрани известувања од Нашата служба за Царството. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за септември.
15 мин: Писмо од Бетел. Говор и дискусија со присутните на темел на писмото што се наоѓа на првата страница од овој број на Нашата служба за Царството. Замоли ги присутните да раскажат некои искуства што ги имале додека делеле покани за Обласниот конгрес „Следи го Христос“!
20 мин: „Да правиме уште повеќе во службата.“b Некои браќа и сестри што учествуваат во службата во поголема мера нека објаснат како постојано бараат начини да прават уште повеќе во службата. Однапред договори се со еден или двајца објавители да коментираат.
Песна 102 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.