Распоред за состаноците
Седмица од 11 јуни
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 јуни и Разбудете се! од јуни.
15 мин: Целосно опремени како учители на Божјата реч. Говор на темел на Стражарска кула од 15 февруари 2002, страници 24-28. Некои објавители се колебаат да им понудат на заинтересираните лица да ја проучуваат Библијата, бидејќи сметаат дека не се доволно способни да водат библиска студија. Меѓутоа, Јехова нѐ оспособува како негови слуги преку неговата Реч, неговиот свет дух и преку неговата организација. Нашата цел не е само да им оставаме литература на луѓето, туку треба да се трудиме да ги поучуваме (Мат. 28:19, 20). Поттикни ги објавителите да си постават јасна цел да започнуваат библиски студии.
20 мин: Правете сѐ за Божја слава. Говор и дискусија со присутните на темел на 13. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
Песна 144 и заклучна молитва.
Седмица од 18 јуни
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
15 мин: Неформално сведочење — важна метода во проповедањето на добрата вест. Дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, страници 101, 102. Предложи некои практични начини како да се сведочи неформално. Замоли ги присутните да раскажат некои охрабрувачки искуства што ги доживеале кога сведочеле неформално.
20 мин: „Со задоволство се трошиме во службата за Јехова!“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
Песна 82 и заклучна молитва.
Седмица од 25 јуни
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од јули.
15 мин: „Продолжете да ‚донесувате многу плод‘.“b Кога ќе го обработувате 4. пасус, вклучи некои мисли од рамката „Како да ‚донесуваш плод со истрајност‘“ од Стражарска кула од 1 февруари 2003, 21. страница.
20 мин: „Можеш ли да влезеш низ една ‚голема врата за работа‘?“c Накратко интервјуирај еден до двајца општи пионери. Прашај ги какви промени направиле за да можат да служат како пионери. Какви благослови имале поради тоа?
Песна 138 и заклучна молитва.
Седмица од 2 јули
Оваа седмица нема состанок поради Обласниот конгрес за 2007 год.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.