Распоред за состаноците
Седмица од 12 март
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 6. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 март и Разбудете се! од март.
15 мин: Кога некој од најблиските ќе го напушти Јехова. Говор на темел на Стражарска кула од 1 септември 2006, страници 17-21.
20 мин: „Правете го ова за мој спомен!“a Кога ќе го обработувате 3. пасус, вклучи некои мисли од Нашата служба за Царството од март 2006, 1. страница, 3. пасус, за тоа како да ја користиме книгата Што учи Библијата за да им објасниме на заинтересираните лица како се одбележува Спомен-свеченоста.
Песна 168 и заклучна молитва.
Седмица од 19 март
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Разгледај ги главните мисли од рамката „Потсетници за Спомен-свеченоста“ на 5. страница.
20 мин: Како да ја зголемиш службата. Говор и дискусија со присутните на темел на 10. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
15 мин: „Како ќе одговориш?“b Нека има една кратка презентација за тоа како би можела понекогаш да се користи оваа статија кога семејството заедно ја проучува Библијата.
Песна 216 и заклучна молитва.
Седмица од 26 март
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за март. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 6. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од април, заедно со специјалната покана за Спомен-свеченоста.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Што да правам со својот живот? Говор на темел на Разбудете се! од јули 2006, страници 23-25. Интервјуирај еден до двајца објавители кои започнале со полновремена служба откако завршиле средно училиште. Зошто ја избрале полновремената служба? Какви благослови доживеале?
Песна 148 и заклучна молитва.
Седмица од 2 април
10 мин: Локални известувања. Разгледај ја поканата што се наоѓа на последната страница од Стражарска кула од 1 април 2007, и поттикни ги објавителите да ги поканат оние што се заинтересирани да дојдат на специјалното јавно предавање што ќе се одржи на 15 април.
20 мин: Продолжи да им помагаш на оние што присуствувале на Спомен-свеченоста. Говорот треба да го одржи старешина. Извести колку вкупно биле присутни на Спомен-свеченоста во вашето собрание и кажи ја проценката за тоа колку заинтересирани лица биле присутни. Раскажи некои интересни искуства за некои што ја добиле специјалната покана и дошле на Спомен-свеченоста или, пак, за оние што по програмата побарале од редарите некој со нив да ја проучува Библијата. Дај предлози за тоа како и понатаму да им се помага во духовен поглед на оние што присуствувале. (Види km 3/06, стр. 1, пас. 5; km 2/05, стр. 4, пас. 9; km 2/04, стр. 5, пас. 16.) Охрабри ги објавителите колку што е можно побрзо да ги применат дадените предлози.
15 мин: Добро користи го Годишникот за 2007. Говор и дискусија со присутните. Разгледај ги главните мисли од „Писмото од Водечкото тело“. Спомни некои интересни податоци од светскиот извештај. Однапред договори се со некои објавители да кажат кои податоци од извештајот и кои искуства за нив се особено изградувачки и им ја зајакнуваат верата. Охрабри ги семејствата да го прочитаат целиот Годишник во текот на годината. Предложи начини на кои можеме да ја користиме оваа книга за да ги насочуваме интересентите кон Јеховината организација и да ги охрабриме да доаѓаат на состаноците.
Песна 179 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.