Распоред за состаноците
Седмица од 11 декември
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 декември и Разбудете се! од декември. Во една презентација прикажи како да се совлада приговорот „Не сум заинтересиран“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 8. стр.)
15 мин: Теократска школа за служба за 2007 година. Говор и интервјуа кои треба да ги води надгледникот на Школата. Зборувај за некои мисли од додатокот во Нашата служба за Царството од октомври 2006 година кои се особено важни за вашето собрание. Објасни дека надгледникот на Школата не кажува однапред на која метода работи ученикот. Во текот на 2007 година ќе ги прочитаме Хебрејските списи од Исаија, 24 поглавје, до крајот на Малахија. Затоа, во оваа година, браќата што ќе ги подготвуваат Избраните стихови од Библијата, како и другите што ќе коментираат, ќе имаат добра можност да ги користат нашите публикации кои даваат увид во овие пророчки книги. Интервјуирај двајца до тројца објавители меѓу кои би можело да има: еден нов ученик во Школата, млад ученик што добро напредува, и/или еден искусен ученик. Тие нека кажат како влијаела Школата врз нивната служба и врз нивната духовност. Поттикни ги сите трудољубиво да ги исполнуваат своите задачи, да учествуваат со коментари во задачата Избрани стихови и да ги применуваат предлозите што ги добиваме секоја седмица од книгата Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба.
20 мин: „Не оставај ја својата прва љубов.“a Колку што дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
Песна 193 и заклучна молитва.
Седмица од 18 декември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Разгледај ја рамката Рубрика прашања.
15 мин: „Посети ги сите што покажале некаков интерес.“b Замоли ги присутните да кажат како можеле да добијат адреса или телефонски број од заинтересираните лица што ги сретнале кога сведочеле неформално или на улица, и да раскажат некои интересни искуства што ги доживеале кога ги посетиле тие луѓе. Еден до два коментари може да се договорат однапред.
20 мин: „Спремниот дух носи благослови.“c Интервјуирај еден до двајца објавители кои се познати по својот спремен дух. Како покажуваат спремен дух? Кои промени требало да ги направат, и како успеале во тоа? Кои благослови ги имале поради тоа?
Песна 108 и заклучна молитва.
Седмица од 25 декември
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 8. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јануари и Разбудете се! од јануари. На крајот од секоја презентација нека се постави едно интересно прашање што поттикнува на размислување, а кое може да се одговори на следната посета со книгата Што учи Библијата.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Имаш ли свое подрачје?“d Замоли го надгледникот за служба накратко да каже колкаво е подрачјето на собранието, колку често се обработува и колку подрачја има на располагање за секој објавител.
Песна 219 и заклучна молитва.
Седмица од 1 јануари
Забелешка: Како што стои во распоредот, сите собранија треба на Состанокот за служба да го разгледаат додатокот за конгресот.
5 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за декември.
15 мин: Известување за напредокот во проповедањето. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од поднасловот на 83. страница до крајот на поглавјето.
25 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2007 година ‚Следи го Христос!‘“e Да го одржи собранискиот секретар. Пред да се разгледа додатокот, прочитај го писмото од 15 декември 2006 за времето и местото на одржувањето на конгресот. Поттикни ги сите колку што е можно поскоро да направат подготовки за него.
Песна 65 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.