Распоред за состаноците
Седмица од 11 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Поттикни ги сите да ја гледаат видеокасетата Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? за да се подготват за дискусијата што ќе се одржи на Состанокот за нашата служба во седмицата од 25 септември. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 септември и Разбудете се! од септември. Во една од презентациите нека биде прикажано како да се совлада приговорот: „Имам своја религија“. (Види во брошурката Како да се започнат и продолжат библиски дискусии, 10. и 11. стр.)
20 мин: Извлечи корист од Состанокот за нашата служба и од Теократската школа за служба. Говор и дискусија со присутните на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, од поднасловот на 64. страница до 69. страница.
15 мин: Писмо од Бетелот. Говор и дискусија со присутните на темел на писмото што се наоѓа на првата страница од овој број од Нашата служба за Царството.
Песна 126 и заклучна молитва.
Седмица од 18 септември
5 мин: Локални известувања.
15 мин: Што постигнавме минатата година? Надгледникот за служба ја анализира минатата службена година, при што се концентрира на добрите работи што се постигнати во службата. Дај соодветна пофалба. Спомни едно до две подрачја на кои треба да се обрне внимание во следната година. Зборувај за активноста на пионерите, пофалувајќи ги за нивната ревносна служба. Кажи ги добрите резултати што се постигнати во обидот да им се помогне на неактивните.
25 мин: „Специјална кампања од 16 октомври до 12 ноември!“ Поттикнувачки говор од еден старешина. Откако ќе се прочита известувањето што е дадено во писмото до старешинството, испратено на 6 јуни 2006 година, на сите присутни треба да им се даде по еден примерок од трактатот Вест за Царството бр. 37. Потоа продолжи да ја обработуваш статијата со прашања и одговори. Кажи што е организирано во собранието за да се обработи целото подрачје со тој трактат. Поттикни ги сите објавители во потполност да учествуваат во оваа кампања. Прикажи една кратка презентација.
Песна 50 и заклучна молитва.
Седмица од 25 септември
10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за септември. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 октомври или Разбудете се! од октомври, и тоа во сведочење на улица.
25 мин: „Видеокасета што заслужува сериозно внимание.“a Додека дискутирате за 1. пасус, замоли ги присутните накратко да ги кажат личните впечатоци од видеокасетата Младите прашуваат — како можам да стекнам вистински пријатели? Потоа веднаш започнете со дискусија за секое прашање што се наоѓа во пасусите 2-7.
10 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да раскажат некои искуства што ги доживеале додека го нуделе специјалното издание на Разбудете се! или додека се труделе да започнат да ја проучуваат Библијата со луѓето при првата средба, користејќи ја книгата Што учи Библијата. Можат да бидат одглумени едно до две интересни искуства.
Песна 183 и заклучна молитва.
Седмица од 2 октомври
10 мин: Локални известувања. Разгледај ја рубриката Прашања.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Сведочење од куќа до куќа.“b Доколку дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
Песна 127 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.