ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/06 стр. 2
  • Распоред за состаноците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците
  • Нашата служба за Царството 2006
  • Поднаслови
  • Седмица од 10 јули
  • Седмица од 17 јули
  • Седмица од 24 јули
  • Седмица од 31 јули
  • Седмица од 7 август
Нашата служба за Царството 2006
km 7/06 стр. 2

Распоред за состаноците

Седмица од 10 јули

Песна 4

10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 јули и Разбудете се! од јули. Во една од презентациите нека биде прикажано како да се совлада приговорот: „Ние сме веќе христијани“. (Види во книгата Расправљање, 19. стр.)

15 мин: „Тие даваат пример за верност.“ Говор во кој треба да бидат вклучени неколку објавени искуства на специјални пионери, или интервјуа на некои специјални пионери што служат во вашето собрание. [Види во Индексот на публикации под наслов „Специјални пионери“ (на хрватски јазик).]

20 мин: Бидете цврсти, непоколебливи (1. Кор. 15:58). Интервјуирај двајца до тројца објавители или пионери кои верно служеле многу години. Како ја запознале вистината? Како се проповедало во времето кога тие започнале да проповедаат? Со кои предизвици се соочиле? Какви благослови доживеале затоа што останале цврсти за вистинското обожавање?

Песна 88 и заклучна молитва.

Седмица од 17 јули

Песна 99

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Накратко разгледај ја Стражарска кула од 15 август 2000 година, стр. 32. Нагласи зошто е корисно да продолжиме да ја читаме Библијата секој ден, дури и кога сме на одмор или, пак, кога се наоѓаме надвор од нашата секојдневна рутина.

15 мин: Љубовта и понизноста — важни особини за извршување на службата! Говор на темел на Стражарска кула од 15 август 2002, стр. 18-20, пас. 13-20.

20 мин: „Биди како нашиот ‚среќен Бог‘, Јехова.“a Замоли ги присутните да кажат што им помогнало да останат весели и позитивни кога проповедаат на своето подрачје.

Песна 189 и заклучна молитва.

Седмица од 24 јули

Песна 218

10 мин: Локални известувања. Прочитај ги сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 август и Разбудете се! од август. На крајот од секоја презентација, уште еднаш повтори ги воведните зборови што биле употребени во неа за да се побуди интересот на станарот.

15 мин: Како е организирано и водено собранието. Говор и дискусија со присутните на темел на 4. поглавје од Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.

20 мин: „Зголемувај го ценењето за Јеховините неспоредливи особини.“b Нека има еден приказ во кој ќе биде покажано како да користиме прашања за да му помогнеме на лицето со кое проучуваме да размислува за мислите од рамката за повторување на крајот од 1. поглавје од книгата Што учи Библијата.

Песна 12 и заклучна молитва.

Седмица од 31 јули

Песна 28

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за јули. Спомни која литература ќе се нуди во август.

15 мин: Локални потреби или „Тие даваат пример за верност“ (од седмицата од 10 јули).

20 мин: „Стекнувај добри навики, ќе добиеш многу благослови.“c Замоли ги присутните да кажат каков труд вложиле за да одржат добра духовна рутина и какви благослови добиле поради тоа.

Песна 130 и заклучна молитва

Седмица од 7 август

Песна 209

10 мин: Локални известувања. Накратко разгледај како можат предложените презентации во Нашата служба за Царството да се приспособат според вашето подрачје. (Види во Нашата служба за Царството од јануари 2005, стр. 8.)

15 мин: Состаноци што поттикнуваат кон љубов и кон извонредни дела. Говор на темел на Стражарска кула од 15 март 2002 година, стр. 24, 25. Нека има кратко интервју со еден објавител, во кое се истакнува каков труд вложува тој за редовно да биде присутен на состаноците и какви благослови има поради тоа.

20 мин: Биди вешт и приспособлив во службата. Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 декември 2005 година, стр. 28-30. Во делот од говорот кој се темели на пасусите 6-11, истакни на кој начин Павле бил внимателен, приспособлив и снаодлив во проповедањето и поучувањето. Потоа замоли ги присутните да коментираат за прашањата од пасусите 12-14, применувајќи ги локално. Вклучи еден приказ во кој ќе биде покажано како објавителите би можеле да го приспособат својот пристап во службата, земајќи ги предвид потребите, околностите и културното потекло на луѓето на вашето подрачје.

Песна 83 и заклучна молитва

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели