Распоред за состаноците
Седмица од 12 јуни
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството.
20 мин: „Сочувството — дел од нашата служба.“a Колку што допушта времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
15 мин: Да имаме доверба во „верниот и разборит роб“. Говор и дискусија со присутните на темел на 3. поглавје од книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја.
Песна 47 и заклучна молитва.
Седмица од 19 јуни
10 мин: Локални известувања. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 јуни и Разбудете се! од јуни. Во една од презентациите нека биде прикажана понуда на списанијата при неформално сведочење.
20 мин: Зборот во право време колку е добар! Говор и дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 1 јануари 2006, страници 16-19. Во воведот искористи го материјалот од поднасловот „Добри плодови“ и спомни ги четирите добри плодови што произлегуваат кога ги пофалуваме другите. Потоа замоли ги присутните да одговорат на следниве прашања: Кој заслужува најголема пофалба? Зошто нашите соверници заслужуваат пофалба? Какви можности за давање пофалби имаме во собранието? Зошто е корисно да ги пофалуваме членовите на семејството, и како да го правиме тоа? Како ти си бил охрабрен и зајакнат кога некој те пофалил?
15 мин: „Покажи искрен интерес — со давање пофалби.“b Накратко треба да се прикаже како еден објавител внимателно го слуша станарот, искрено го пофалува и потоа чита еден стих од Библијата поврзан со она што го кажал станарот.
Песна 96 и заклучна молитва.
Седмица од 26 јуни
15 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Употреби ги предлозите од 4. страница, ако одговараат за вашето подрачје, или некоја друга презентација, за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 јули и Разбудете се! од јули. На крајот од секоја презентација објавителот нека постави интересно прашање на кое ќе одговори следниот пат со помош на книгата Што учи Библијата.
15 мин: „Кои информации треба да се изнесат на состаноците за служба на теренот?“ Говор на темел на Нашата служба за Царството од септември 2001, стр. 3. Разгледај го собранискиот седмичен распоред за состаноци за служба. Објасни како сите присутни можат да придонесат за продуктивна дискусија на овие состаноци. Охрабри го собранието да ги поддржува овие подготовки за служба.
15 мин: Објавување на добрата вест во јули. За која тема најмногу се интересираат луѓето на вашето подрачје? Накратко разговарај со еден до двајца објавители кои успешно ја користеле книгата Што учи Библијата и можеби започнале да проучуваат со некое лице. Потоа нека се прикаже понуда на литературата од куќа до куќа со помош на презентацијата што се покажала како најделотворна на вашето подрачје. (Види во Нашата служба за Царството од јануари 2005, стр. 8, пас. 5.)
Песна 208 и заклучна молитва.
Седмица од 3 јули
10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за јуни, доколку сѐ уште не го направиле тоа.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Како да ги постигнеш своите духовни цели.“c Замоли ги младите во собранието да кажат кои се нивните духовни цели и што прават за да ги постигнат. Со еден до двајца од нив договори се однапред.
Песна 30 и заклучна молитва
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.