Распоред за состаноците
Седмица од 13 март
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Нашата служба за Царството. Ако предлозите од 4. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 15 март и Разбудете се! од март. На крајот од секоја презентација, објавителот треба да го покани станарот да дојде на Спомен-свеченоста, користејќи ја последната страница од списанието што го нуди.
15 мин: „Помогни им на другите да извлечат корист од откупнината.“a Во точката што следи по оваа ќе се разгледа како уште можеме да ги користиме страниците 206-208 од книгата Што учи Библијата кога ќе ги каниме луѓето на Спомен-свеченоста.
20 мин: Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог. Дискусија со прашања и одговори на темел на страниците 206-208 од книгата Што учи Библијата. Во уводот, кој треба да трае најмногу една минута, покажи како можеме да започнеме разговор на таа тема со станарот со тоа што ќе го прочитаме првиот пасус. Потоа замоли ги присутните да одговорат на следните прашања без да се читаат пасусите: (пас. 2) Кога ја вовел Исус Спомен-свеченоста со која требало да се одбележува неговата смрт? (пас. 3) Колку често треба да се одбележува Господаровата вечера? (пас. 4) Како Библијата го опишува одбележувањето на Спомен-свеченоста? (пас. 5) Од каде знаеме дека Исус не го претворил лебот во своето дословно тело, а виното во својата крв? (пас. 6) Што симболизира бесквасниот леб? (пас. 7) Што претставува црвеното вино? (пас. 8) Само кој треба да зема од лебот и од виното? (пас. 9) Кога се одржува Спомен-свеченоста секоја година, и зошто треба да присуствуваме? Ако има време, дискутирајте за клучните стихови. Поттикни ги сите да ги разгледаат овие информации со лицата со кои проучуваат и со другите што ги канат на Спомен-свеченоста. Тоа може да се направи така, што ќе ги прочитаме пасусите, ќе разговараме за главните мисли и ќе користиме едноставни прашања, како оние што се наведени во овој дел.
Песна 134 и заклучна молитва.
Седмица од 20 март
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните мисли од рамката „Потсетувања за Спомен-свеченоста“.
23 мин: Улогата што Бог му ја доделил на Христос. Говор на темел на книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја, страници 10-13. Кога ќе дискутирате за првите два пасуса од поднасловот „Каква улога има Христос“, во првите три или четири минути дај предлози и покажи неколку начини на кои може да се даде поканата за Спомен-свеченоста. Разгледај ги предлозите во Нашата служба за Царството од февруари 2006, 3. страница, 3. пасус.
12 мин: Зајакнати со Секојдневното испитување на Писмото. Говор и приказ на темел на предговорот во Секојдневно испитување на Писмото — 2006. Нека има приказ во кој сите во семејството заедно го разгледуваат денешниот стих и коментарот.
Песна 103 и заклучна молитва.
Седмица од 27 март
15 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата на проповедање за март. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за прилозите. Ако предлозите од 4. страница одговараат на вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се понудат Стражарска кула од 1 април и Разбудете се! од април. Исто така, покажи како да се користат печатените покани за да се поканат заинтересираните лица на Спомен-свеченоста.
10 мин: Дали Бог сѐ уште владее? Говор и приказ на темел на последната страница од Стражарска кула од 1 април 2006. Користи ја секоја прилика да ги поканиш луѓето да дојдат на специјалното предавање. Погрижи се да ги поканиш сите лица со кои ја проучуваш Библијата, како и членовите на нивните семејства кои можеби не присуствуваат на библиската студија. Оваа посебна покана треба да им ја дадеме на сите заинтересирани лица и другите што ги сретнуваме во службата на проповедање. Покажи како да ја користиме Стражарска кула од 1 април, кога ги каниме оние што станале неактивни или престанале да доаѓаат на состаноците.
20 мин: Локални искуства. Замоли ги присутните да раскажат некои искуства што ги доживеале во март, додека ја нуделе книгата Што учи Библијата. Особено истакни ги библиските студии што биле започнати. Можат да се одглумат едно или две интересни искуства.
Песна 170 и заклучна молитва
Седмица од 3 април
15 мин: Локални известувања. Накратко разгледајте ја статијата „Уживај во проучувањето на книгата Што навистина учи Библијата?“, која се наоѓа на 8. страница во Нашата служба за Царството од февруари 2006. Обрни внимание на распоредот за проучување на книгата Што учи Библијата. Исто така, покажи како да се користат печатените покани за да се поканат заинтересираните лица на Спомен-свеченоста.
10 мин: Локални потреби.
20 мин: „Поучувај ги кротките да одат по Божјиот пат.“b Осврни се на некои мисли од Стражарска кула од 1 јули 2004, 16. страница, 9. пасус.
Песна 93 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.