Распоред за состаноците за служба
Седмица што почнува од 12 септември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлогот од 8. страница одговара за вашето подрачје, употреби го за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 септември. Може да се користи и друга практична презентација. Презентацијата нека ја покаже еден младинец. После презентацијата, истакни некои добри аспекти од неа.
20 мин: „Користи го мудро своето време“a Замоли ги присутните да кажат како успеваат да одвојат време секој ден да ја читаат Библијата. Поттикни ги семејствата и поединците да го користат додатокот од Наша служба за Царството од мај 2005, за да ги планираат духовните активности.
15 мин: „Водење напредни библиски студии“b . Дискусија со присутните на темел на деловите 1 и 2 од додатокот. Може да се разгледа и Наша служба за Царството од август 2004, страница 1. Зошто е важно темелно да се подготвуваме секој пат кога водиме библиска студија? Што е вклучено во тоа? Замоли ги присутните да кажат како ги применуваат предлозите што се дадени во Наша служба за Царството. Заврши така што ќе кажеш нешто за обоената рамка во горниот дел на првата страна од додатокот.
Песна 110 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 19 септември
10 мин: Локални известувања. Разгледај ги главните мисли од писмото од Бетел на првата страница од ова издание на Наша служба за Царството.
20 мин: Што постигнавме минатата година? Надгледникот за служба ја анализира минатата службена година, при што се сосредоточува на добрите работи што се постигнати во службата. Дај соодветни пофалби. Спомни едно или две подрачја на кои треба да се обрне внимание во следната година. Зборувај за активноста на пионерите, пофалувајќи ги за нивната ревносна служба. Кажи ги добрите резултати што се постигнати во обидите да им се помогне на неактивните.
15 мин: „Изградувајте се еден со друг.“c Замоли ги присутните да кажат како им користела љубезната грижа што ја добиле од другите.
Песна 199 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 26 септември
10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за септември.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Објавување на добрата вест со списанија. Во текот на октомври, ќе ги нудиме Стражарска кула и Разбудете се! Во воведот зборувај за следните предлози од Наша служба за Царството од февруари 2005, страница 8, пасуси 3-6: 1) Нуди ги списанијата како комплет. 2) Одреди еден ден во седмицата за служба со списанија. 3) Постави си лична цел за тоа колку списанија ќе дадеш во месецот. 4) Искористи ја секоја погодна прилика да дадеш списанија. 5) Добро користи ги постарите списанија. Предлозите примени ги локално. Потоа покажи како да се презентира Стражарска кула од 1. октомври и Разбудете се! од 8. октомври користејќи ги предлозите од Наша служба за Царството од овој месец, страница 8 (ако предлогот одговара за вашето подрачје). Можат да се употребат и други практични презентации. Освен тоа, сврти го вниманието кон другите статии од списанието, кои можат да бидат интересни за луѓето во вашето подрачје и прикажи презентација во која се нуди една од овие статии. После секоја презентација, истакни неколку работи што биле добри во неа.
Песна 3 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 3 октомври
5 мин: Локални известувања.
20 мин: „Помогни им на другите да станат ‚послушни од срце‘“d Доколку дозволува времето, замоли ги присутните да коментираат за наведените стихови.
20 мин: Радувај го Јеховиното срце (Посл. 27:11). Интервјуирај двајца или тројца долгогодишни верни слуги на Јехова. Замоли ги да кажат една или две работи што им помогнале да му останат послушни на Јехова. Меѓу работите што можат да се кажат се: марливата лична библиска студија, редовното присуство на состаноците, дружењето со други верни лица, ревносното учество во службата на проповедање, искрената молитва и избегнувањето нездрава забава. Како била испитана нивната послушност и како успешно ги надминале тие испити? Како биле благословени за нивната послушност?
Песна 170 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.