ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/05 стр. 2
  • Распоред за состаноците за служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Распоред за состаноците за служба
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 8 август
  • Седмица што почнува од 15 август
  • Седмица што почнува од 22 август
  • Седмица што почнува од 29 август
  • Седмица што почнува од 5 септември
Нашата служба за Царството 2005
km 8/05 стр. 2

Распоред за состаноците за служба

ЗАБЕЛЕШКА: Еден или два месеца по Обласниот конгрес „Послушни на Бог“, треба да се одделат 15 до 20 минути од Состанокот за служба (можеби делот за локални потреби), за да се повторат некои мисли од конгресот, за кои објавителите сметаат дека се корисни за во службата на подрачјето. Тој дел од Состанокот за служба ќе ни овозможи да објасниме како го користиме она што сме го научиле на конгресот и како тоа ни помогнало да бидеме поделотворни во службата. (Види во Наша служба за Царството од април 2005 стр. 2.)

Седмица што почнува од 8 август

Песна 125

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Доколку се познати, кажи ги датумите на одржување на покраинскиот собир и Денот за специјален собир за 2006 службена година.

10 мин: „Дали користиш покани?“ Говор и дискусија со присутните. Замоли ги присутните да кажат некои добри резултати од тоа што ги користеле поканите. Вклучи една кратка презентација, во која еден објавител кани некое заинтересирано лице да дојде на состанок, со тоа што користи покана.

25 мин: „Сега е време да се проповеда!“a Претходно договори се со еден или двајца пионери да кажат какви преиначувања направиле за да можат да бидат пионери и за благословите што ги имале поради тоа.

Песна 197 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 август

Песна 11

10 мин: Локални известувања. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 август. Нека биде прикажано како еден старешина и еден болен објавител сведочат преку телефон.

15 мин: Дали се сеќаваш? Дискусија со присутните на темел на Стражарска кула од 15 април 2005, страница 30. Замоли ги присутните да коментираат за секое прашање. Истакни ја практичната вредност од материјалот. Поттикни ги сите внимателно да го читаат секое издание од Стражарска кула и Разбудете се!

20 мин: „Започнување библиски студии на врата и преку телефон.“b Вклучи една кратка презентација во која ќе биде прикажано како може да се започне библиска студија на ново место, користејќи само еден или два пасуса од брошурата Бара. Накратко раскажи една или две охрабрувачки искуства од започнување студии преку телефон.

Песна 30 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 август

Песна 161

10 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Проповедање на Царството —скапоцена задача.“c Кога ќе дискутирате за пасус 4, спомни ја посебната подготовка за оние што се многу ограничени, поради длабока старост или здравствени проблеми, да известат 15 минути од службата на проповедање. (Види во Наша служба за Царството од октомври 2002, стр. 8, пас. 6.)

Песна 204 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 август

Песна 45

10 мин: Локални известувања. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за август. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 септември и Разбудете се! од 8 септември. Во една од презентациите нека биде прикажано како се прави повторна посета кај лице на коешто редовно му се носат списанија.

15 мин: „Сведоштво без зборови.“d Замоли некои објавители, со кои претходно сте се договориле, да кажат како им помогнало доброто однесување на Божјиот народ, да станат слуги на Јехова.

20 мин: Користи ја Библијата кога сведочиш на нови места. Говор и дискусија со присутните. Повтори ги предлозите од Наша служба за Царството, од септември 2004 страница 4, пасус 2, за тоа како да го свртиме вниманието кон Божјата Реч кога сведочиме на нови места. Покажи како можат да се користат една или две од предложените презентации кога ќе се нуди литературата за септември. Доколку дозволува времето, може да се дискутира и за предлозите за презентирање на литературата, од додатокот во Наша служба за Царството од јануари 2005.

Песна 71 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 5 септември

Песна 98

10 мин: Локални известувања.

15 мин: „Водење напредни библиски студии—дел 12.“e Договори се претходно со еден или двајца објавители, да кажат што им помогнало да се подобрат во тоа да започнат и да водат библиски студии.

20 мин: Организирана помош за постарите. Говор кој треба да го одржи старешина, на темел на Стражарска кула од 15 август 1993, страници 28-29, со поднасловот „Организирањето може да биде од корист“.

Песна 164 и заклучна молитва.

[Фусноти]

a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели